March 29, 2012

Данок за опасни крволочки домашни животни

[Кирилица] Владата подготвува закон со кој се планираат дополнителни давачки за сите газди на крволочни кучиња, на змии, на опасни влекачи и други егзотични животни. Проценките на државата се дека овие животни се опасни за безбедноста на луѓето.
Целта на овој закон е потенцијалниот сопственик да стане свесен дека ќе чува животно што може може да биде опасно за него и за околината.
     Ова е веста која беше топ вест насекаде вчера па и денес, за која многу се говореше, а сепак ништо не се кажа. Премногу (читај: сите) елементи на ова се нејасни, но сепак јас би почнал од почеток, а најмногу ќе се осврнам на според мене најбитниот дел, за опасноста на животните.


     На почеток мислам дека ова е само закон за пред луѓе, онака ко кога гости ќе ти дојдат дома ги вадиш најубавите чинии, така овој закон е само за замачкување на очите на европејците кои и делот за животните го оценуваат, па ете закон да се рече. Дека нешто многу пари ќе се влеваат во буџетот поради овој закон, баш неверувам, со оглед на тоа што чувањето животно во државава не е многу популарна ствар, особено не некое егзотично. Само не ми е јасно како со тоа што некој ќе плати данок ќе се освести дека животното му е опасно по средината, т.е. луѓето околу него? Зарем кога купуваш змија незнаеш дека има шанси да нападне некој, па мора да и платиш и на државата за да се освестиш и да си речеш „па што правам јас човече?“.


     Најбитното во овој закон е делот каде вели дека данотот е само за „опасните, крволочни“ животни. Секако после ова, ти доаѓа прашањето: „Кој е критериумот за опасност?“. Дали некој ветеринар или стручњак ќе оди да ги проверува животните дали се опасни или не и дали ќе може да одреди со 100% сигурност? Најверојатно овде станува збор за класичен стереотип. Како опасни ќе бидат означени сите оние раси кои “народно се познати“ (после стручно согледување на маалските баби, дедовци и драматизирачките теткици) како опасни, а тоа се сите оние кои „изгледаат страшно, опасно“ или конкретно како пример би ги навел: Пит-Бул, Ротфајлер, Доберман, Дога, Дого Аргентино, Стафорд, Бул териер, Кане Корсо и т.н. Со оглед на тоа што глупа е самата ставка, глупо е и јас сега да кажувам дека не се опасни, дека се зависи од индивидуата и многу други работи, кога секој нормален и бар малку учен и паметен човек го знае тоа. Само замислете, еве да речеме во САД да се воведе закон сите опасни раси на луѓе да плаќаат данок. Колку расистички звучи ова, нели? Зарем не е исто и ова со кучињата? Тоа е тоа пријатели, додека не се види како конкретно ќе изгледа законов неможеме нешто многу да дискутираме, едино да се шират шпекулации, и да се надеваме на коректен, добар закон.


3 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. prvo i osnovno ne da e glup zakonov so nema da napravat za taa ebana evropa da im zamachkaat ochi
    spored mene i mislinjeto na poveke luge so koi sum razgovaral toa ke bide amo na hartija i nikogas nema da se sproveduva sekoe chudo tri dena vi teknuva?:))
    e sea rasite sto gi nabroja pogore i sto tvrdis deka se opasni ne si vo pravo..
    znaci konkretno za kucinjata ke potenciram nema opasno rasa na kuce ne postoi SE DODEKA GAZDATA GO VOSPITUVA NORMALNO raboti so nego u go chuva so ljubov kako svoj milenik toa go tvrdam
    bidejki veruvaj tie se sustestva isti i kako chovekot so razbiranje kako ke gi vospitas takvi ke bidat toa ti garantiram od iskustvo so nekolku od ovie rasi so gi nabroja pogore nema opasno kuce veruvaj..

    ReplyDelete
    Replies
    1. Јас не реков дека некоја раса е опасна, всушност тоа беше и поентата на постот, дека НЕМА ОПАСНА РАСА има ОПАСНО КУЧЕ. Се е индивидуално. Можеби потрешно си сватил, исто мислиме. Поздрав

      Delete