Честитки за едно многу успешно тролање на @MedoDimoski. Доколку сакате да ја дознаете целата приказна, почитајте го постот [Ретардација на денот] Мис Македонија Фејсбук. Гласањето продолжи, лепотиците се намножија, но ќе остане запаметено тоа дека Твитер заедницата реши да го прикаже идиотизмот на овој избор и го подржи Медо, кој пред дисфалификувањето беше на 15то место, засенувајќи 375 девојки кои молеа за лајк. Сетоа ова се случи за само неколку часа, со што се докажува моќта на социјалните мрежи, особено твитер каде целото гласање одеше на хаштагот #МедоЗаМис. За крај да се овековечи моментот со една фотографија.
No comments:
Post a Comment