April 16, 2012

Боже прости му, не знае што збори... А, знаел ли до сега?

Тодор Петров, Курир: Ја обвинуваат Црквата дека со Божји чуда го враќа општеството како пред илјада лета. А, забораваат дека само добри верници се лојални државјани, другите сатанисти и анархисти. Се разбира, ниту дваесет и првиот е десеттиот век, но ниту после десет века не е неможно да биде тоа што денес е, како порано што било. Како и да е, кучињата си лајат, караванот си врви, а Божјите чуда како и порано, така и сега и пак ќе ги има...
Што се подразбира под добар верник? Според некоја логика ако добар верник е оној кој се придржува кон библијата, тогаш во државава добрите верници се 2% од населението. Нејсе, да речеме дека повеќето верници се добри верници, како тоа има врска со тоа да се биде лојален граѓанин? Дали господине знаете што значи зборот лојалност а што граѓанин на една држава? Како може некој да поврзува лојалност (или посветеност) кон верата со лојалност кон државата? И пред сѐ, како може во секуларна држава, лојален граѓанин да биде само добар верник?

Според целиот нормален свет, под лојален граѓанин се подразбира човек кој плаќа даноци на државата, кој ги почитува Уставот и законите. Зарем човек кој плаќа даноци не е лојален граѓанин на оваа држава ако не е и верник? Зарем не сте свесни дека и од тие негови пари всушност се градат цркви, манастири, Миленимски крст? Тој лојален граѓанин секојдневно плаќа данок на оваа држава, работи и живее во неа. За разлика од него МПЦ не плаќа данок на државата, па според тоа за лојалноста кон државата неможе ни да се дискутира.

П.С. Ве молам друг пат не ги употребувајте поимите „анархисти, атеисти, сатанисти“ и сл. поими, барем додека не прочитате што точно значат.


No comments:

Post a Comment