April 19, 2012

МТВ прави чуда со наши пари! Талкачите и Мастерот во Црниче во потрага по страв

Шетајќи по интеренет мрежата, налетав на една статија на primetime.mk за куќата на духови, која е прилично позната во Скопје, особено во Црниче, каде што се наоѓа, и околните населби. Приказната некому позната, некому не, кој сака може слободно да прочита на сајтот, но најинтерсниот дел се двете видеа од по 20тина минути од емисија која се емитувала на МТВ. Емисијата се вика „Талкачи“ и е нешто во стилот на Unsolved mysteries, само што овде не се решаваат мистериите и има два водители кои се полоши дури и од коментаторите на Канал 5. Емисијата се бави со натприродни работи, а поради недостигот на такви во светот, а камо ли во Македонија, тие и маестралната монтажа и техника на снимање допринесуваат за драматизирање на целата приказна. Поради тоа што “куќата на стравот“ ми е единствена гледата епизода, ќе ја дискутирам таа, а вие можете да ја погледете таа и сите други тука.
Емисијата почнува, вози талкачот Иле кон куќата во црниче во количе на МТВ, бензинец со полн резервар од парите од радиодифузна такса, со единствена желба со талкачката Кате да најдат духови во куќата на стравот, како што ја викаат. Тука сега они ја почнуваат приказната, прашуваат рандом жител кој е исто потресен како и нив што некој умрел во куќата.


Потоа они влагаат во дворот на куќата и Кате неверојатно изјавува: „Сепак тука не би можел секој да влезе заради оној страв кој што го имаат луѓето. Но сепак ние сме авантуристи со Иле, не се плашиме од ништо, нели...“

бестрашната авантуристка Кате
Иле ја продолжува приказната и они заклучуваат дека најдобро е да не влезат во една соба поради тоа што за ЧУДО некое има огромна дупка, ама не се знае зошто. Можеби затоа што куќата нема пола кров и е напуштена повеќе од 20 години? Хм, талкачи? Невермајн. Идеме даље.

Е тука додека Кате си збори за куќата, од никаде ВРАТАТА СЕ ЗАТВОРИ САМА!!! Прав тест за нашите талкачи авантурсти.

Моментот кога вратата сама се затвори

Иле гледа горе, Кате го тегне за рака

Снимак од вратата

Иле вика дека е наежен, бестрашната Кате се тресе и сака да си оди
пошто слуша “плач“ и гласови

Како вистински бестрашни авантуристи си одат
После дополнителни информации за целата приказна, како гром од ведро небо се појавува, кој друг ако не:

Мастер, Магистер и Егзорцист
Е тука веќе гомната почнаа насекаде да пливаат. Мастеров глуми лудило, осеќа вибрации, тела, духови, изгубени души, портали, патишта, емоции... нема крај. За сѐ има одговор. Неможам да го цитирам или коментирам, само пофалби за шалот.

Е сега почнува вториот дел. Нормално, пошто мастерот зема дневница за своите моќи, па ќе брка духови по Црниче ако треба и месец дена. Овој пат се снима навечер, мастерот повторно се појавува од некаде неприметливо, со 600 апарати за трагање по духови. Гоустбастерс можат да му позавидат. Инаку мастерот има милион асистенти и следбеници. Него ни Исус не му е рамен. Една од асистентките дели некои медаљони за да бидат заштитени, и нормално бестрашните Иле и Кате, први ги ставија со оглед на тоа што се посрани у гаѓи уште од првата емисија. Влагаат внатре, сите демек ќутат, инфраред камери, вибрации, а бе лудило... Кате шепка... Незнам како да ви го објаснам овој дел. Многу потсеќа на легендарното “Тони, неможам повеќе...“






Мастеров после сите ствари што ги направи, на неверојатен начин ги откри имињата на духовите, и не просветли сите со неговите мастерски способности на разоткривање на непознати духови без употреба на гугл, имотен лист, чаршиски муабет и сл. Строго на база на вибрации и инфра ред камера.

На крај на емисијата кажуваат како целата опрема на мастерот му рикнала мање-више во период од 4 минути. Дали мастерот се сетил да наполни батериите претходната вечер, сеуште е непознато.

Благодарност до МТВ за крајно поучната и културно-научна емисија, која за разлика од другите беше базирана само на факти и вистини, и секако на магистерот Мастер Константин што ја жртвуваше опремата за наша едукација. 


No comments:

Post a Comment