October 29, 2012

Како да препознаете дека вашето дете слуша турбо-фолк?

Благодарение на оф-нет дојдов до оваа колумна што е на рамниште на докторска дисретација и докторот отец треба да добие нобелова награда за откритие на векот, која ми го отвори погледот на светот. Ја прочитав минимум 3-4 пати и моментално сум 100% убеден дека сите мои пријатели, роднини, и секоја личност што некогаш во животот сум ја запознал, се наркомани. 

твојата фаца кога сфати дека и ти си наркоман а си немал поима до пред 15 мин!
Па така докторот отец ме инспирираше да напишам и јас на моево скромно, непрофитабилно (за разлика од МПЦ) блог4е еден текст апропо турбо фолкот, кој се базира на едно истражување кое го споведов пред 10 мин. гледајќи телевизија (значи на ист начин како и отецов за неговата колумна). Турбо фолкот е минимум 10 пати поопасен од било која дрога, пошто од него нема спас, неможеш да речеш „Не, благодарам!“ и да се спасиш. Тој те гони веќе 2-3 децении каде и да одиш, присутен е во секоја кафана, дискотека, кафиќ, свадба, крштевка, слава, именден па и на погреб (WTF?) Одиме со ред.

Постојат јасни и скриени симптоми кои укажуваат на слушањето на турбо-фолк. 

Скриени симптоми се:

1) Тајност - Слуша Цеца, ама на слушалици!
2) Менување на кафаните - Оди во кафани каде има певаљка
3) Промена на облеката и општиот изглед - Почнува да носи тренерки за во кафана, во комбинација со златен ланец врз нив.
4) Зголемена изолација - Става морска пена на фасадата, за комшиите да не му слушаат музика без пари
5) Промена на интересот или активностите - Оди на џогинг со плех музика
6) Попуштање во школувањето - Не ги знае симфониите на Бах, ја знае на памет цела дискографија на Аца Лукас
7) Промена на однесувањето кон домашните - Ја пее по дома „Ово је моја куча, живео сам ту!“
8) Седење навечер доцна или цел ноќ - “Ночас че, кафана да плаче...“
9) Носење на шишенце со капки за очи за отсранување на црвенилото на очите. - Ради „дим од цигарете“
10) Откажување од спорт или други занимања. - Веќе ни Реал не ја чека кец у кец
11) Тетовира крст на грб - А не е ни крстен


Јавни или сигурни симптоми се:

1) Длабока депресија проследена со спиење по неколку часа - Познато како “Мамулак“
2) Избегавање на контакти со членови од фамилијата кои не одат во кафана
3) Зголемено отсувство (бегање) од училиште - Пошто Гавазова има промоција на спот во Холидеј Ин
4) Досада додека е дома - Нема мезе за со ракијата
5) Зголемени таинствени телефонирања - Што е јасен показател дека прашува во која кафана пее Гулабица
6) Почнува да пуши - „Као никотин, ти још течеш моих венама“
7) Проблеми со пари - Нема ситно да и залепи на певаљката
8) Екстремно губење или добивање на килажа - Десетка со кромид
9) Дружење со нови и постари деца - пр. група Биоритам
10) Истерување од школо - со песната „Иди док си млад!“
11) Насилнички и кавгаџијски однос - Пошто некој му ја квари песната во кафана
12) Одење на настап на Џеј, Аца Лукас - и други што прават „white sensation“ журки
13) Однесување на изгубеност, дезорентираност - Неможе да дојде дома од кафана
14) Насилнички физички однос кон помалите - Пошто некој ја нарачаш „боље бити пијан, него стар“
15) Промена на темата при муабет - Цело време ти вика „стај ми лајк на новата песна на драгана миркович“
16) Поминување долго време на улица или некое место - кафана
17) Долги периоди на одење в нужник - Особено ако пиел пиво
18) Изгорени алишта со дупки - Ако се пушело во кафаната
19) Става неонки под колата, 5 вуфери, вози со спуштени стакла во јануари и ечи Цеца од внатре
20) Ти се јавува дома во 5 саат сабајле за да ти каже „а бе пеееер не сум пијан датибам, не сум пијан види го, не сум пијанјкдјлхсаиудгсаѕл...“
21) Тетовира крст на рака и носи рамбовки XS
22) Ти го кажува неговиот план за осамостојување на Македонија и окупирање нови територии
23) Ти кажува дека не му е лошо додека повраќа
24) Пинк Мјузик му е на прва
25) Стоја му е на десктоп

Кога овие знаци или симптоми се присутни, тогаш со сигурност детето слуша турбо-фолк. Ова се сигнали кои укажуваат на фактот дека детето не само што почнало, туку слуша турбо-фолк подолго време. Повеќето од симптомите внимателно се кријат за да не интервенират родителите. Но интервенцијата е тоа што треба веднаш да се направи.


No comments:

Post a Comment