Фејсбук фејловите беа први на пердашење, а сега преминуваме на една покреативна, подобра и позабавна социјална мрежа каде (за жал) има исто толку глупости како на фејсбук.
10. Гуштери - Нови твитерџии кои слушнале дека на твитер е журката, но никако да го најдат правиот начин да се приклучат во неа. Првите неколку твита се од прилика вака:
- Ај да видам и ова што е...- Еве и јас твитам...- ЗАШТО НИКОЈ НЕ МЕ СЛЕДИИИИ??
9. Стара финта, нова будала - Веќе не е ни прашање дали некоја финта произлегла од твитер или не. Веројатно 99% од фан страните и оние линкови за лајкување, вицови на разни „портали“ и сл. шеги се дело на некој твитер. Повеќето на твитер знаат кој е авторот, но надвор “од овој свет“ секој е автор и сите се најсмешни пошто им текнало нешто толку смешно. Најтапа момент е кога тоа некој го враќа на твитер после месец дена (или повеќе) откако финтата веќе поминала.
8. Чет-рум - Верувале или не твитер не е = на фејсбук чат, и целиот муабет што го правите со некој друг оди во јавност. Проблемот не е вашата приватност колку што е замарањето на сите ваши следачи кои ги трпат овие муабети (додека не кликнат unfollow).
7. Линкани акаунти - Твитер почна да овозможува линкање со разно разни други социјални сајтови, меѓу кои и најпопуларните фејсбук, јутуб... Ова не е лоша, напротив, одлична работа кога се користи на правилен начин. Пример за неправилен начин е кога ти се поврзани јутуб-от и твитер, а ти не си ни некој што качува видеа туку само гледаш, па секој твој лајк на видео се постира на твитер. Така, 9 од последните 10 твои твитови се видеа што ти се допаднале, па колку и да се добри, нит изгледа убаво, нит некој ќе ги примети ко било што друго освен спам.
6. Градоначалници - Стана градоначалник на „гостилница Мома“. Топ! Секоја чест, баш се мислев кај треба да се упатам за да поразговараме за урбанистичкиот план, поточно се работи за ова пиво кое не е спомнато во него. Во ред е, може некој сака да знае кај си и што правиш, и често е и интересно и корисно, луѓе се наоѓаат низ град, па дружби ова-она... Но немора секој чек-ин да биде постиран и на твитер и стварно не ми е гајле кај сѐ стана градоначалник денеска.
Е ова е градоначалник |
4. Демначи, лопови - следи преку 1000 луѓе а не твитнал повеќе од 10 твита. Тие се духовите на твитер, сите знаат дека постојат а никој ги нема видено. Најчесто се тука за да украдат некоја финта за да ја постираат на фејсбук или на своето новородено порталче. А има и такви што пратат прекршување на член 16.
3. Следи ме, да те следам - Оние што колку и да си им бил интересен, ќе престанат да те следат ако и ти не ги следиш. Не го гледаат квалитетот на тајмлајнот, туку квантитетот на листата на следачи. Најчесто ова функционира така што масовно заследуваат 100тина твитерџии во исто време и во рок од 24 часа (трескам) кој не ги заследи назад, одма го бришат.
2. Безименковци и таинствени - Мења јузернејм, име и слика секоја недела, па затоа ретко кој ги памти. Тука спаѓаат и оние со заклучени акаунти пошто ги следи ЦИА, Интерпол и МВР и само клучот на твитовите стои помеѓу нив и Идризово.
1. Паднати од #Марс - Буквално. Никогаш незнаат што прават и како да се вклопат во твитер заедницата. Уствари не верувам ни дека никој не е баш вклопен, сите ги го тераат својот филм и тоа за чудо некое одлично функционира. Но овие имаат свои некои начини, методи, обиди за влијаење кои се состојат од периоди. Пр. недела дена останува во #третасмена пошто слушал дека таму е најјакото. Почнува да пишува што прави во моментот (седам, колуквиуми, учам, јадам, кењам...). Се уклучува во муабети (#Жерновски - пр. за грешен хаштаг), научува што е хаштаг (#денес #ме #згази #еден #наТочак) ама го употребува премногу...
Бројките немаат хиерархиско значење, а ако сакаш мореш да ме заследиш тука. Ако немаш твитер направи одма, за да знаеш што ќе биде интересно на фејсбук следната недела ;-)
Бројките немаат хиерархиско значење, а ако сакаш мореш да ме заследиш тука. Ако немаш твитер направи одма, за да знаеш што ќе биде интересно на фејсбук следната недела ;-)
No comments:
Post a Comment