Несомнено некои групи на луѓе некогаш безразлика на сѐ ги мразиме од дното на душата. Кога последен пат си видел фудбалски судија и си рекол: „е овој не е педер“ - НИКОГАШ! Истото важи и за многу други професии, карактеристики, групи на луѓе кои под дифолт ги мразиме. Еве некои од нив...
1. Сообраќаец - Нема теоретски шанси да не мразиш човек кој дреме на -20 додека паѓа снег, цели 5 саати само за да те казни за нешто. Немаш светло, жмигавци, појац, кацига, ланци, трокут, елече, штоп светло, возачка, сообраќајна, или пушиш цигара, можеби пијан си, збориш на телефон... листата е предолга, казните се многубројни и високи. А ако ништо од ова не си прекршил, тогаш сигурно (СИГУРНО!) си возел пребрзо.
Возевте над ограничувањето на брзината. Радар никад не лаже |
Втора ситуација е кога ќе застане на раскрсница и изиграва семафор. Во овој моемент го мразиш пошто ги пушта сите други, само тебе не. И секогаш е така (факинг Марфи!). Во случај да дознаеш на крај дека треба некој делегат да помине па затоа не те пуштал, мржњата достигнува нови нивоа, над нормалното, што е проследено со пцости до владата и членови на одредени фамилии.
Но дали омразата се појаува само кога тебе ќе те сопрат или само тебе не те пуштаат на семафор? За жал, не. Секогаш кога ќе ги видиш како стопираат, одма почнуваат муабетите за отерување се по список, а сите знаеме дека кога поголема група на луѓе хејта иста работа, меѓу нив се јавува некоја хемија и сплотеност па почнуваат да си помагаат едни на други со блиндирање и сл. знаци за предупредување од џандари.
2. Судија (спортски) - Нема фудбалски, кошаркарски или ракометен натпревар а судијата да не биде исвиркан (или во поекстремни случаи - натепан) од навивачите/гледачите на тој натпревар. Под дифолт судијата е педер, може да е и најстрејт човек на светот, он по свирката е педер над педерите. Ниедна одлука не е правилна. Кога суди против твојот тим разбирливо е да се буниш, ама за чудо некое се буниме и кога одлуката е во наша корист. Ако е фаул зашто не жолт, ако жолт зашто не црвен, ако црвен зашто не и пенал, ако и црвен и пенал зашто не и уште еден црвен. Нема крај!
Е овој не беше педер |
Никогаш луѓето не се задоволни со судењето. А со оглед на грешките, особено последниве 2-3 кола во сите светски лиги (баш некако се погоди) секој протест против судиска одлука е на место и веќе е време во 21 век да има што повеќе технологија на секој натпревар.
3. Вработен во кол центар - Колку помалку контакт имаш со некој, толку е полесно да си се испразниш и да бидеш појак од што си. Па така вработените во кол-центрите (или познати од приказните на нашиот народ како „таа глупачата“ и „тој идиотот“) се најчести цели за нашите пцости и најефикасен начин за лечење фрустрации на луѓето. Се што немаат г'с да им го кажат на вработените во продажните центри, или некои на повисока функција во фирмата, без грам задршка го кажуваат во кол-центрите (или како што вика народот „кога неможеш на магарето, удри на самарот“).
Зашто ми е спор интернетот??? |
Сигурно се спремаат психофизички пред да се јават, ја гледа сметката 3-4 пати, ја анализира, гледа дека е голема, пола од стварите не знае што се - а ги нарачал (или можда не, небитно), зема гледа вести, чита црна хроника, пишува на youtube "macedonia is not greek" и ги гледа првите неколку видеа, и на крај го зема телефонот, ги врти бројките и започнува револуција со дечкото/девојката која е на другата страна објаснувајќи и ги сите детали и негови проблеми, од сметката за телефон, преку малата плата што не ја земал 6 месеци па се до проблемот со името (кое не го даваме!).
Да не ме сфатите погрешно, не е секогаш крив човекот што се јавува, најчесто се јауваме поради некој проблем а наидува на 2 можни ситуации: 1ва - учтива особа која мора да лаже пошто шефот така вика, 2ра неучтива бараба која нема дрзок шеф. Шансите некој од кол-центар да ти помогне се помали од шансите Саша Матиќ да ти каже колку е саат.
4. Јеховини сведоци и др. секташи - Е овие нема кој не ги мрзи, најглупо нешто што може да ти се деси. Досадни ко крлеж, буквално нема спас кога ќе ти се закачат. Најчесто спасот е „оди си или ќе ти го пуштам пекинезерот!“ (пошто питбул е за пи4ки).
5. Анкетари - Нивото на замарање е сличен ко со секташите, како и начинот на спасување од нив. Единствено различно е целта и тоа што овие може и по телефон да ти се јават. Во тој случај му предаваш телефон на најстариот член во куќата што е тука моментално и оставаш “он/а да им објасни убаво за кој ќе гласа“.
6. Некој направил печатна грешка, има грешно или различно мислење од мнозинството - Ко на пример на некој не му се свиѓа „Трето полувреме“ а неморално е да се плука по нешто МАКЕДОНСКО и мора издајниците да се бесат на плоштад! Не е битно дали можеби таа личност е во право, под дифолт ако повеќето не мислат така - ти не си во право (пример чудото)
Сличен случај е и кога некој ќе напише статус, твит, коментар, мислење на форум или било каде, и во тој текст ќе има печатна грешка. Одма релевантноста на текстот паѓа за 80%, авторот мора да се беси на плоштад заедно со издајниците и сл. мерки за заштита.
7. Чистачи на шофершајбни - Масовна појава во Скопје (и најверојатно никаде на друго место). Ми текнува пред 10тина години прашуваа прво дали може да ти ја избришат шофершајбната, ама пошто повеќето одговараа со „НЕ!“, ваљда им текна дека најпросто е да им залепиш сунѓер со сапуница, да го свртиш 2-3 пати за да направи добра смеса со калта и прашината, па за да можеш да видиш нешто, да мора да го чекаш да ти го зачисти стаклото, пошто тоа бришач не го брише. Овој „луксуз“ ќе те кошта од 5 до 10тина ден или една цигара, освен ако си нато војник, тогаш треба да дадеш лименка кола-кола.
Решение за овој проблем очигледно никој неможе да најде, па затоа сам секој решава што ќе прави во дадената ситуација. Најчето тоа изгледа грдо и се молиш само да се запали зелено за да не мораш да влезеш во конфликт со дете од 8 години (па се до 20 и нешто години) кое ти оди на живци пошто ти чисти шофершајбна а ти колата само што си ја земал од перење. А и да не си ја земал од перење, еве да речеме дека си Миленко и се враќаш од оф-роуд трка од внатрешноста на Македонија, дали навистина бришење на едно стакло ќе ги реши сите твои хигиенски проблеми кои ги имаш моментално со колата? Ти неможеш да најдеш бравата за да ставиш клучот, ама шофершајбната чиста ко суза.
Чистењето се случува само кога мора (како што наведов погоре), додека никогаш во животот не сум видел некој што самоволно викнал човек да му ја исчисти шофершајбната.
8. Глуп човек на квиз, незналица на натпревар за пеење - Во отсутство на сите горенаведени најчесто хејтани групи, просечниот човек бара некој што ќе го мрази, пошто глупо е да се расправа по дома (може и да ја изгуби таа битка), па најлесно да се хејта некој што не го познаваш (и не ти враќа). Па така палиш ТВ и наоѓаш квиз каде некој не знае најпроста работа (пр. која била првата песна на Ерзана) и почнуваш со хејтање кое ти прави да се чуствуваш преубаво за себе (што си така убав и патемен). Па следи муабетот: “Датибам простиот, ја знам тоа, ти не знаеш а на квиз си се пријавил!“ „Кој те роди, мамутибам, иди врати се во селото, неписмен еден, ништо да не се знаело...“ и многу други изрази во сличен контекст, кои најчесто завршуваат со “јас да бев“, а ти до сега се имаш пријавено на квиз точно 0 пати, имаш освоено 0 награди и 0 денари, пошто тоа за тебе е глупости (потајно во себе знаеш дека си дрво, како и секој македонски фудбалски репрезентативец).
- И ти лошо пееш „ама барем не се пријавуваш да се срамиш“
- Ти супер пееш „ама не се пријави пошто е глупо“
Па затоа доаѓаме до ситуација на масовно мразење на сите што исфалшувале, згрешиле текст, имаат трема и т.н. Впрочем и само затоа секоја телевизија која ги снима овие шоу-а прави посебен дел, кој трае 2/3 од целата емисија, каде ги пуштаат сите тие што незнаат да пеат за да можат луѓето слободно да си хејтаат на раат. Само затоа и гледаше Идол, нели? Признај! Сигурно првите 5-6 емисии не ги гледаше за да видиш кој убаво испеал, туку за да начекаш некој „КЕЕЕНН ЛИИИИИ“ момент и да ти се исполни душичката.
И пак боље испеа од пола мк естрада |
No comments:
Post a Comment