Скоро и да нема некој на возраст од 18 до 25 години што не отиде во Америка летово. Наводно на работа со поголем акцент на „журкање“ шетање и упознавање на нови средини, овие млади луѓе преседоа 3-4 месеци преку големата бара (која благодарение на Сенди, сега е малку поголема). За тоа време дел од нив толку многу се американизираа, па состојбата по нивното враќање е малку чудна. Еве некои видови на американизирани Македонци кои ми одат на живци:
1. Животот трае од јуни до септември - Голем дел од овие луѓе после првото идење во Америка почнуваат да живеат само за догодина пак да отидат. Кога ќе се вратат во семптември тука влагаат во хибернација и се будат во јуни. На прашањето што работиш/учиш? ти кажува што работел во америка летово, а моментално „студира“ и е прва (4та година по ред), па така во моментов уствари си го држи.
Што е бе бате, во Македонија нема ли МекДоналдс? |
2. Почнува да слави амерички празници - Ова додуша не важи само за тие што биле во америка, ова го прави и секоја тинејџерка што видела интересна епизода од некоја серија со Валентајн, Тенксгивинг, Св. Петрик (знам дека е Ирски празник, не кењајте одма), Божиќ у декември, Ноќ на вештерките (кај нас познато ко петок навечер во локалната биртија) и т.н. Ме интересира само дали печат мисирка фамилијарно за тенксгивинг? Дали воопшто знаат што значи празникот и зашто се празнува? Па 80% од американците поима немаат зашто јадат мисирка тој ден па камо ли ти. Гледам деновиве сте испокасепеле тоа тиквите, се маскирале за по дома (поточно за слика на фејсбук), уште фали да одат од куќа во куќа да бараат чоколади и бомбони (предлагам трик ор тритинг во влашко маало).
3. Учествува во политичка кампања - Он поима нема кој му е градоначалник во неговото село, ама знае дека Обама е најбоље! Се испозалепил со Обама стикерс, вика дека мора он да победи, сите да гласаат за Обама (досега невидов некој за Ромни, не дека сум за СДСМ) и што ли уште не. Шефе, другарче, пријателе... ти пеер нема да гласаш, сваќаш? Ти можеш да си заокружуваш ливчиња кај нас колку сакаш, ама во Америка можеш само на фејсбук да гласаш.
4. Крои план како да остане - Главниот проблем на целата работа со Америка е тоа што мора да се врати дома. Он/а сега гледа како да остане за подолго, или најдобро засекогаш (ко Битолчанка во Скопје). Пошто има некој лимит на години со кој што може да се отиде (така сум чул) последната година некои решаваат да останат таму нелегално со надеж дека нема да ги фатат. Некои така остануваат и со години, па и вадат зелена карта, се мажат/женат, но не успеваат сите. Седи он така 3-4 години и веќе се претставува ко Американец, збори англиски (ко охриѓанец - српски), живее амерички живот, едноставно он веќе е Американец. Ама што правиме бе другарче кога LAPD ќе тропне на врата? У секунда ќе станеш Велешанец пак. И после што правиме?
5. Овде ништо нечини - Кога ќе се вратат овде автоматски ништо не чини веќе. Овде е мизерија, ние сме будали што овде живееме, овде нема работа, овде нема пари, овде нема иднина. Сите треба во Америка да одиме. Неможеш ни да речеш “леле види ама се раздува надвор“ одма ќе ти врати „што се раздувало бе, да видиш лани Сенди кога почна партали да прави низ цела Америка, е тоа е ветер...“. Овде џабе ќе учи факултет, таму да видиш какви факултети има еееехееееее.... Затоа да ги охрабриме сите што сакаат да одат негде, слободно да ги спакуваат куферите и да одат кај сакаат и да прават што сакаат а ние ќе се снајдеме и без нив.
Америка нема Скопско! (а Битола нема аеродром) |
П.С. Поради несериозниот пристап кон оваа сериозна тема би сакал од муабетот да ги исклучам сите (вистински) политички азиланти, избеглици и сл. случаи кои биле приморани некогаш да ја напуштат оваа земја, или немале друг излез. Текстот не се однесува на нив.
No comments:
Post a Comment