November 30, 2012

Објави на македонски портали кои ме вадат од кожа

Во оваа колумна, авторот користи безобразен речник, па затоа ако имаш под 18 години допуши ја цигарата и оди до бемвето купи му на татко ти уште едно пиво.

Крадени објави - Факт е дека 97% од содржината на просечен македонски портал е преведено од некој странски портал, весник, списание, блог или форум. Во последно време често се зема дело на македонски автор на кој му текнало нешто и си го објавил на фејсбук или твитер, или пак (како мене) на својот блог.

Порано скоро никогаш не се даваа заслуги на авторот, се одеше на стандарден копи-пејст а авторот кој го ебе. Сега веќе почна малку од малку да се има култура кај уредниците и голем дел од нив прашуваат дали може да објават нешто, често ставаат линкови, спомнуваат кој е авотор на делото и сѐ по ред, како што треба (со исклучок на Сител, Вечер и компанија).


Зашто ме нервира крадење на нечиво дело на сајт? Размислете вака, седнуваш пред РС целиот среќен и радосен пошто ти текнало нешто „јако“. Го пишуваш, го правиш, диазјнираш, проверуваш, средуваш и конечно го објавуваш, после 2-3 саати работа. Станува супер популарно, лајкови фрчат, “браво“, “топ“ ова-она... Доаѓа некој резервен камерман од шител и стиска ctrl+c па crtl+v и во точно 2 секунди ја создава топ сторијата за денешниот бекстејџ. Фер?

Твитер - Се ежам кога ќе видам на некој портал или тв емисија „што мисли твитер за...“, или „најдобри твитови од твитер“. Прво и основно ме интересира: кој е тој твитер? Го знае некој? Дајте да го следам и јас чим е стално толку интересен.

После тоа ме интересира, како успева тој дотичен твитер да смисли толку содржина за да попуни цел македонски медиумски простор. Па пичка му материна дај username ставете, да се знае кој е човекот, па малку само фали за од шупаци да испаднете херои и да ве почитува цела твитосфера.



Погледнете ова, погледнете она - Од кога почнаа со тие глупави фејсбук апликации кои сами објавуваат што читаш во моментот, не сум раат. Ултра досадна работа, која додека стигнеш до видетото или текстот треба да одобриш 10 апликации од кои 9 ти ги собираат сите информации, авотматски праќаат покани на сите твоти пријатели (меѓу кои и тетка ти која само што доби нотификација „Внук ти само кликна на - ПОГЛЕДНИ што прави Северина на јахтата“), автоматски постираат на твојот ѕид, а после тоа треба да лајкнеш статијата, фан страната, да лајкнеш дека е ден или ноќ, дека немаш плата земено 3 месеци, дека спортска пак не фати, дека сакаш да видиш кој ти го гледа ѕидот, дека сакаш дислајк копче, и на крај... хмм... што сакав да видам? Поима неам... а и не е ни битно, пошто што и да си сакал да видиш сигурно не е тоа што мислиш.



Х ги покажа гакичките, оваа на плажа, онаа на јахта - Искрено, ме боли    от! Планина ретардирани постови за привлекување внимание на очајни луѓе, и мрзливи воајери. За жал, секогаш овие се најчитани текстови.

Трачеви, жута штампа - Уште една ретардирана тема на објава... Раскази за неиживеани луѓе кои ја полнат празнината во својот живот читајќи за туѓите. Кој го интересира дали ЈК се скарала со Севе, дали Севе ќе се мужи или раскинала со дечко и, дали Стоја е дебела...? Аман, што ви е?
Да сакав да читам тоалетна хартија, ќе отворев вакво нешто
Х работи според твојот хороскопски знак - Многу лесно е да се таргетира цел народ, особено со хороскопот. Небитно дали веруваш или во хороскоп или не. Сакал - нејќел ти си нешто во било кој хороскоп. И така ти стануваш дел од една група луѓе кои навидум се „слични на тебе“ или ти на нив, и сите вие 600,000,000 луѓе (просечно луѓе во еден хороскопски знак) ги сакате истите филмови, секс пози, парфеми, јадења и што ли уште не.


Шпекулации за фудбалски трансфери - Богатинов во Реал Мадрид? - Ова е најчесто наслов на една просечна објава на македонски спортски портал, каде после кликот се појавува текст од 10тина реченици, кој нема никаква поента, смисла ниту цел зашто е напишан. Читаш буквално измишљотини и глупости кои немаат врска со насловот ниту реалноста. А во последната реченица секогаш се открива од каде произлегла идеја за овој текст, во случајов на пр. ќе откријат дека Богатинов пред 2 месеци кликнал лајк на фан пенџот на Реал и ставил профајл слика во нивен дрес, купен од Бит Пазар.

Скокотни ме да се насмеам - Ова се оние текстови во кои не само што нема хумор во нив, туку и да има, веќе е убиен на неколку пати низ текстот. Пр. сакат да се заебаваат со некоја македонска пејачка. Прво на почеток го големи болдирани букви пишуваат дека е заебанција, дека не е точно, дека е шега, да не се сфати сериозно... И која е поентата сега јас да го читам текстот? Демек да се правам на луд? После тоа, финтите се онакви стари маалски, од типот „ај кажи капа, блогов ти е тапа“ и сл. педерски досетки.

Потоа има моменти кои се смешни само ако си бил таму или ако ги познаваш луѓето за кои станува збор. Они во недостаток на материјал, објавуваат се и сешто, а ти читаш и гледаш во монитор со фаца...



No comments:

Post a Comment