November 23, 2012

Кога суперхероите би биле Македонци

Iron Man - Железарец


Човек кој веќе 10тина години е технолошки вишок. Некогаш славниот и згоден милионер, сега запуштен и сиромав човек, кој е далеку од суперхеројство. Костумот му е во расипан со години, лета само кога се топи кокаин во фабриката во доцните часови.

Страшниот Hulk од Зелениково


Навидум обичен човек но кога ќе ја види сметката за струја се претвара во страшно чудовиште кое крши (во кафана), лумпува на секаде, се дере, тепа невини луѓе, пцуе и т.н. Меѓу народот се збори дека од кога почнал редовно да гледа вести, веќе долго време е претворен константно во Хулк. Големиот број на нервози го уништија овој човек, проблемите со името, црквата, јазикот, малата плата, штајк во здравството, кеса за 2 денари и што ли уште не.

Капетан Македонија


Воен херој од 2001. Некогаш вистински херој на Македонија, денеска заборавен од сите, разочаран од државата и народот. Секогаш споменуван за политички кампањи и самопромоција на политичките партии. Искористуван како верно гласачко тело.

Велешанецот Волверин


Благодарение на топилницата неговото тело од раѓање еволуирало за да трпи секаков вид на болка до екстремност. Така тој со децении е експеримент на многу власти и компании кои ја решаваат неговата судбина без негово знаење и согласност. 

Човекот Пајак


Некогашен сопственик на најпопуларната македонска телевизија, како и на многу успешни бизниси, компании и што ли уште не. Денес тој е оттурнат од општеството, прогласен за криминалец. Човекот кој ги држеше сите конци, на крај се најде заплеткан во својата пајажина.

Директорот Робин Худ


Некогаш овој човек решил дека постои премногу неправда во светот, па затоа почнал да краде од богатите и да дава на сиромашните. Тешкотијата на работата, беспарицата, како и фактот дека богатите лесно го фатиле па потоа и превоспитале, тој решил да им се придружи. Така набрзо станал директор и сега среќно живее, далеку од сиромашната раја.

Градоначалникот Бетмен


Кога увидел на тоа дека нема полесен начин за спасување на еден град/општина од кандидатура за градоначалник, тој веднаш пристапил кон тоа. Откако станал градоначалник почнал да игра Симс со својот град, поставувајќи згради и споменици на чудни локации, во големи количини.

Раперот Супермен


Уште како мал можело да се види дека има нешто невообичаено кај него. Често пати одел надвор и кога немало потреба, викал дека е он хип-хоп и дека е повеќе од рапер. Првите физички промени се приметени после првиот тон амино-киселини. Кога не е рапер, носи големи наочари, и така луѓето не го препознаваат кој е тој всушност. Неговото его е преголемо, името негово го има насекаде, и сите го обожаваат... од деца во градинка, па се до 7мо оддление, сите ги пеат неговите песни, и се присутни на неговите концерти. Негова најголема слабост е јутуб, каде луѓето дознаваат дека песните му се копирани од други обични смртници, па затоа често се бави со пријавување на акаунти, блокирање, бришење.


No comments:

Post a Comment