November 16, 2012

Зошто ми стана тапа искачањето во дискотека


Едно време мислев само јас сум, или само на моето друштв му се дешава ова, но гледам сѐ повеќе луѓе се жалат на ноќниот живот во Скопје (за други градови незнам, но сум чул некои митови дека се збори некаде таму далеку на југот имало исто така некој ноќен живот, еднаш месечно). Тролање на страна, еве во стилот на (прејакиот) @MedoDimoski (читај и ова и ова) неколку причини зашто одењето во диско(тека) ми е тапа во последно време.


Константно ребрендирање без никаква вистинска промена


Локацијата си останува иста, ретко кога се гради нова дискотека или се реновира (целосно). Секоја година само името се мења, и шематската поставеност на коњопоите. Ништо друго. Евентуално некој тапет и нова врата во WC-то, ама тоа е веќе екстра реновивање. Внатре истите луѓе, секој ден едно исто и така со недели и месеци. Да, тоа може да биде забавно можеби на некого и цела сезона, но не 2,3,4... години.

Кул постер за разбивање монотонија
И тогаш си викаш, ајде ќе одам на друго место, малку промена. И што ќе видиш, таму истата ситуација, само што таму во петок има „Диџеј“ а во сабота е Бени. Па дури и вратарот што не те пушташе на едното место, сега тука стои и пак не те пушта (само парови!).

А најдобро од сѐ, се имињата на клубовите. Запази: Сити (место каде од сити - град има точно 0 луѓе), Гранд (како истоимената екстра популарна емисија на Пинк), Милениум (пошто ќе ти треба толку време за да стигнеш до неа, 69 (метри под земја), Ванила (сwaтко звучи), Процес (долг додека влезеш), и мојата омилена - Социјал (каде немора да си на социјално за да ти е убаво).


Стандардни тезгари


Купови, купови тезгароши настапуваат по овие дискотеки, можеш со лопата да ринеш и никогаш нема да стигнеш до дното. Кралот на тезгите е Бени. Него сите го сакаат пошто пред десетина години извади албум со 10тина песни кои испаднаа јаки хитови и од тогаш на стара слава тера ли тера, кај и да е ќе го стигне Дарко Панчев. 

Бени настапува секоја вечер, некогаш и по 2 пати во иста вечер, во иднина (веројатно) кога хологорам ќе биде нормална работа ќе можеме да го гледаме во сите дискотеки, клубови и барови во исто време и плус на плоштад за дочек на шахистите. Таков тезгар еднаш се раѓа. Не викам дека човекот не пее добро, или дека е лош човек (од кај да знам бре, не го познавам), нит дека тоа ЦД-то со негови песни (пошто новото е исто копија на некои стари песни) е лошо, тоа не е предмет на дискусија. Муабетот е кога последен пат си го чул да изненади со некоја песна на настап? Дали некогаш сменил репетоар? Па не, нормално. Ги има испеано сите можни песни што можат да се испеат во таков настап, човекот е ко плоча. Го приклучуваш во 1, г гасиш во 4. И така секоја вечер. Така и многу други пеач(к)и и групи, да не именувам безвезе, на повеќето и не им ни знам име.

Е на ова вреди да се оди! (via fail.mk)
Втори на тапет се „диџеите“. И сигурно приметуваш како цело време ги ставам во наводници. Тоа е така пошто кај нас скоро и да нема диџеите. Сите што имаат Dj пред псевдонимот се обични мп3 плеери. Го пали лаптопот, пушта плејлиста, крева раце на моменти, пипа плочата и врти басови-масови, високотонци, колку да не заспие на настапот и да има за што плата да земе... Да не креираат музика? Да не измислиле нешто ново? Не пеер (пошто „пријателе“ е на Игор Џамбазов). Кај овие мп3плеери, титулата крал ја држи Диџеј Шорти П ејкејеј Панчо, кој не само што е лош рапер, туку е и (навдно) диџеј (што е исто ко да кажеш дека мајка ти е готвачка, покрај дивата Адријана Алачки ејкејеј Мх, мх, мх...).


Или гужва или штама


Навистина ретко се случува во просторијата да има баш онолку луѓе колку што е дозволено, или колку што е потребно за да биде полно а на сите да им биде удобно. Најчесто дискотеката е полна, а некогаш е преполна. Толку полна што нема ни кислород, ни знаеш кај ти е левата нога, ни со кој си дошол, ни како ќе си одиш. Гужва ко на битпазар во 15h. Гужва ко во сити мол пред керфур.

Ете зашто некои имаат настапи цело време
Втора ситуација е внатре да е празно. И премнгу комоција не е убаво. А нема потапа од празна дискотека. Внатре жива душа нема, а надвор не пуштаат, демек гужва. Маркетингшки трикови од прв семестар - економски. 

Во вакви ситуација најбитна улога имаат, нормално редари/вратари, кои треба добро да ја регулираат ситуацијата и најбитно да кажат доста, кога стварно е доста.


Иживеана работа


За разлика од САД каде во клубови пуштаат само над 21 год., кај нас законски влагаат сите над 18 а реално влагаат сите што личат над 18 (или бар еден да е таков во друштво). Што значи ти до 20тина години веќе си ги прошол сите можни клубови, дискотеки, барови, си повратил во над 5 вециња, си мочал во лавабо, си бил во Деспина, Пролет, Мома, Мементо (оргазмично најдобри места во градов), си скршил чаша, си изгубил јакна, си пиел кока кола со дрога, си седел на цименто, си возел пијан накај дома, си слушал најбљувотина од музика и што ли уште не. И која е сврхата да одиш сега на истите тие места, каде нов ешалон на хормонални тинејџери го прават истото а тебе сега ужасно те нервира. Може не си стар, но за тука очигледно не си.


Слаба услуга, уште полоши муштерии


Едно заедничко веце на 100-200 луѓе. Нема гардероба. Нема келнери. Прљаво. Срчи насекаде. Често пати бар една од овие работи се присутни во некоја скопска дискотека. Згора на сѐ, тука се и разноразни луѓе кои или премногу се забавуваат, пијанчат, тепаат, глупираат и што ли уште не. Многу луѓе, многу табиети, сешто може да се случи. Прашањето е дали ќе ти смета доволно да си отидеш или се ќе ти биде ок.


Заклучок нема. Сами решавате што сакате да правите во животот, и каков вид на забава ви прилега. Ова се неколку работи што мене лично ми се одбивни и ме отргнуваат од денешниве дискотеки. За некое чудо, истите работи полесно се трпат кога си во кафана, а најдобро на приватна забава. Кога се ти е по ќеиф, кога си со тие што ти сакаш да бидеш, правиш ти што сакаш и кога сакаш. 

Фала што дочитавте, се извинувам за редовните печатни грешки и (за некого) тешкиот за читање скопски акцент и поздрав до сите клабери.


No comments:

Post a Comment