Работи што никогаш нема да ги чуеш во дискотека
Преходно:
Работи што никогаш нема да ги чуеш во Чаир
- Ах, не го знам овој на врата.
- Еј супер, нема гужва.
- Леле парови не пуштаат.
- Не, немам 18 години.
- Јас со мајка ми сум дојден.
- Не, не го познавам газдата на дискотекава.
- Незнам ни еден менаџер внатре.
- Кај се пали светло?
- Едно нес, нематено.
- Џус од брусница, ќе ве молам.
- А салатичка нешто за со узото?
- Ова не е мојата песна.
- Уф, ама е тивко.
- Уф, ама е комотно.
- Ајде да не ги соблакаме јакните, можеби ќе сметаат на сепарето.
- Не бе уживај не ми објаснувај кај сте, ќе ве најдам.
- Леле те згазив? Извини.
- Сакам само да позборуваме на гео-политички теми.
- Што ќе ми е твојот број?
- Мислам дека доволно пиевме.
- Премногу испив, ќе ја оставам колата и ќе одам со такси дома.
- Премногу испив, неможам сега да те мувам.
- Мислам дека е непристојно да мочам во лавабото, ќе почекам во редот за во тоалет.
- Леле ама ти се грди штикливе!
- А бе не тагнувај на фејсбук.
- Имам идеја, ајде да не се сликаме цела вечер.
- Многу ми е пријано на штикливе.
- Секако дека имам ситно да ти вратам кусур.
- Еј од кога не сме се виделе. Немој да ми се јавуваш за да пиеме кафе.
- Вбитола поубое.
- Диџејот вечерва пушта одлична музика од ист жанр.
- Еј Бени пее нова песна.
- Еј Дени пее нова песна.
- Многу беше фин тој на врата, одма не пушти.
- Решив вечерва да не се шминкам ич.
- Еј види ја таа што збори со дечко ти ама е добро облечена и фина.
- Сама ќе одам во WC.
- На караокево вечерва, сите испеаа навистина многу убаво.
- Вечерва сме искочени само машки, ајде да играме на оваа песна, сакате?
- Веќе 10тина години дискотекава има исто име и ист газда.
- Многу е поубаво да одиш на концерт во дискотека, него во концертна сала.
- Да, да продолжни да раскажуваш, се те слушам.
- Ти текнува тогаш кога не бевме пијани, и...
- Леле келнеров досаден на секои 2 минути доаѓа.
- Ау што убаво чисто во WC-во.
- Ќе одам да мочам, не ми држи врата, ОК е.
- Сакаш да помуабетиме наместо да се тепаме, мислам дека сме и двајцата многу пијани, нели?
- Ми ставија повеќе во чашата од што требаше.
- Дечко, ти со камерата, од кадевечер, нас три не нѐ сликај.
No comments:
Post a Comment