Напоменувам дека во текстот има спојлери кои би ви го нарушиле задоволството ако сеуште не сте го гледале филмот, продолжете со читање на своја одговорност.
1. Катерина е манекенка, но не и глумица
Иако ова ѝ е прва улога, тоа не треба да биде оправдување за очајно лошиот перформанс во филмот. Не само што го уништува главниот лик (Ребека), туку нејзината лоша глума придонесува целиот филм да изгледа лошо на моменти. Во ваков прилично емотивен филм, нејзината неможност за глумење во дадена ситуација, во која се наоѓа нејзиниот лик, прави неколку сцени да изгледаат тотално бледо. Она изгледа ладна, нема никаква хемија помеѓу неа и Сашко (Коста), и сѐ е некако... онака. Да не се соблечеше гола во една сцена во филмот, никој немаше ни да се сеќава дека она глумела во истиот.
2. Фудбал сцени исти како во „Монтевидео, бог те видео“
Не може а сцените од фудбалските натпревари да не се поврзат и споредат со филмот Монтевидео, бог те видео. И сега ќе речете „па и двата филма се за фудбал, се случуваат во слично време, во слични околности, не може така да се споредува“ - е па може! Затоа постои критика според која ќе се оцени дали нешто е само слично, или идејата е крадена. Во овој филм мислам дека не е баш така црно-бело. Ова е некаде на граница помеѓу овие две работи, но не постои сомнеж за преголемата сличност и дека многу сцени се копи-пастирани.
А и дресовите им се исти... |
Сепак ситуацијата е покомплицирана (за разлика од секоја песна на Слаткар, ЈЈ, Врчак, ДНК и сл. каде оригиналот го наоѓаш на јутуб за 15 мин.) и не може со сигурност да се тврди дека се работи за така наречен „плагијат“, но вреди да се спомене.
3. Шпиц со точак како во „Животот е убав“
Уште една „спорна“ сцена, која што многу е слична на онаа од легендарниот филм на Роберто Бенини „Животот е убав“. Погледнете па пресудете сами дали идејата е од тука или не...
4. Смрди на владина реклама
...и тоа многу. Тотално непотребна сцена на крај, која можела да биде снимена и на друг начин, но очигледно морало да се види целосно меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
за разлика од некои други, јас оставам воден жиг кога ќе земам туѓа слика |
5. Немора да се фали само затоа што е македонски филм
Ова е всушност критика до тие што го гледале филмот, што на прашањето “како беше филмот?“ одговараат со „онака бе, супер“, и не сакаат да кажат што мислат дека не чини во филмот само затоа што е „наш“. Не е наш, на Дарко е. И треба да можеме да го сакаме или хејтаме како и секој друг филм.
замислете цел САД да го сакаше JB ко нашите охриѓанки |
Филмот не е лош, далеку од тоа. Но не е ни најдобар, како што го окарактеризираа повеќето (за кои најголемо филмско достигнување е Бурни времиња). Филмот има и многу испревртени факти и историски моменти кои се неточни или спорни (нема да навлагам во тоа, за да нема лавина реакции и дискусијата да отиде у три лепе...). Муабетот е и тоа дека филмот е очигледна провокација кон соседна Бугарија, а најзаебана работа е што покрај на Србите и на Бугарите никако не нашле како да им го „спопикаат“ и на Грците па задоволстовото да биде на ниво на оргазам.
Калимера Јорго. Идеја за нов филм можеби..? |
Трето полувреме е релативно добар филм, кој по првото гледање изгледа супер, но кога поубаво ќе се анализира, многу прљаштина излага на површина. Нека им е со среќа на оскарите, јас мислам дека не треба да земе оскар, ма да какви сѐ нѐ филмови земаа оскар, ништо чудно...
Prvata i poslednata tochka ti drzat voda i vo potpolnost se soglasuvam so niv, za ostanatite po red.
ReplyDelete2. Fudbal e fudbal i tuka nema shto mnogu da se izmisluva, ako e za toa MONTEVIDEO i negovite fudbalski sceni mnogu nalikuvaat na fudbalskite sceni na filmot BEGSTVO VO POBEDA. Bashka filmovite se locirani vo ist vremenski period i normalno e scenografijata i kostimografijata da bide ista ili slichna.
3. Shto znam, sekoj od nekade crpi inspiracija, taka da ne e isklucheno ama nemora da znachi.
4. Objektot - MEMORIJALEN CENTAR NA ZRTVITE NA HOLOKAUSTOT e graden so pari na evrejskata zaednica, vladata nema dadeno ni denar za toj objekt, taka da ova nema vrska. Inaku jas mislam deka Darko ako na nekogo se zablagodaruval so taa scena, toa e na EVREJSKAT ZAEDNICA, koja isto e kofinansier na filmov.
за нешто си во право, за нешто
ReplyDeleteсцената со точакот е сцена со точак, не потсетува директно на Животот е Убав ама се чувствува клише
За Катерина Ивановска не знам што да кажам и не знам зошто нејзе ја одбрале за улогата ама барем е убава, иако мое мислење е дека тоа беше споредна улога, па и не беше толку лоша.
Монтевидео не сум го гледал, ама верувам дека е можно сцените да се копирани, пошто нема
многу филмови со фудбал и не може секој режисер без целосно значи 100% да навлезе во тематиката и да извежба едно чудо сцени и ситуации да режира спортски сцени.
тоа за владината кампања е вистина, се чувствува но проблемот е што ние македонците како публика сме компромитирани, кога странец би го гледал филмот ќе види она што и ние го гледаме во странски филмови, добри ликови и негативци, а сцената со меморијалниот центар е најмалку ми делува ко владина кампања.
Колку историските факти се точни навистина не знам, во глобала делува автентично.
Филмот ќе беше за нијанса подобар со малку повеќе разработени ликови или барем маркетингот да беше насочен кон вистинските ликови Димитри и Шпиц.
Инаку секој може да го критикува филмот, пошто филмови не се прават за да ги гледаат други режисери туку другите луѓе така да имаат полно право да фалат и критикуваат.