October 24, 2012

Петиција против петицијата за укинување на зонското паркирање!

Во држвава како по обичај на секој протест има по минимум 2 контра протести, и на крај не се знае ни кој пие ни кој плаќа, но битно нешто да се дешава. Се дигна прашина околу онлајн петиција (уште тука пола муабет оди во вода, со оглед на тоа што онлајн и петиција се два збора кои кога ќе ги споиш создаваат смешен поим кој никој не го сваќа сериозно, ама нејсе) за укинување на зонското паркирање во Скопје. 
Зона ФМ 104,4
Иако скоро никогаш не се сложувам со постапките на било која влада (или градски совет и сл.), но ова е една од најдобрите работи што му се имаат случено на Скопје, којзнае од кога. Конечно има паркинг место секаде каде ти е потребно, лесно се наоѓа, има ред во сообраќајот, сѐ работи по европски (и светски) стандарди, лесно е за користење и релативно ефтино. А зошто некој има нешто против ова, ќе видиме во следниот текст, изваден директно од петицијата:
Проектот за зонско паркирање излезе од суштината. Проектот требаше да овозможи во строгиот центар да има паркинг за краток престој заради работа, денес е надвор од прво предвиденото. Цената е превисока за нашиот стандард. Граѓаните имаат право на движење. Се појавија проблеми како што се неможност за посета на пријатели и роднини, бидејќи еден час може да не чини и 45 денари. Ова треба да престане или да се измени.
Собраните потписи ќе влијаат во Советот на Град Скопје. Сакаме по правен пат да оди активноста.
Проектот е баш таму каде што треба да биде: во целиот факинг центар, каде неможе човек да застане (освен на 5 мин за да земе цигари) а паркинг место немаше. Сега секогаш има. Ако твоите пријатели/роднини живеат во центар, прашај ги дали они имаат своите автомобили каде да ги паркираат а камо ли ти да им одиш на гости со твоја кола. Впрочем зарем мислиш дека има место во Центар за секој станар да има дополнително 3-4 места вишак во случај некој случајно да не сака да му дојде на гости или да не има слава/именден? 45 ден. е само во најстрогиот центар на градот, таму и да живееш нема каде да паркираш, а камо ли уште и гости! Тоа е нешто што се гледа пред некој некаде да се всели, и нешто што се случува во секоја метропола или поголем град. 

Велкам ту Скопје
Втората зона е 35 ден од саат, и е пак мање-више во Центар и важи истиот муабет. 

Последната Д зона постои само во неколку населби (Аеродром, Карпош, Дебар Маало...), поради пренаселеност и сообраќаен хаос, и е средство со кое успешно се среди тој хаос. Цената е 25 ден за цел ден. Но имаш и опција на бесплатен паркинг во близина во повеќето случаи, така да нема зошто бунење ни за ова. На крај краева 25 денари и не е скапо за едно паркирање кога ќе земеш во предвид дека за едно литро бензин плаќаш 3-4 пати повеќе.

„Граѓаните имаат право на движење“ - Да, токму така, сите имаме право на движење, но кога некоја бараба ќе отиде кај својот роднина кој живее кај Беко и ќе се заборави 7 саати, и никој друг неможе да ја остави колата на 10-15 мин да заврши работа, корисна работа е зонско паркирање за да му текне на фраерот дека не освоил нова територија, туку зафаќа паркинг место кое на друг можеби повеќе му треба.

Впрочем колку често одите вие 2000 и кусур потписници кај росднините? Секој св. Никола? Ама и летна и зимска? Знам јасно ми е...
Не ме еби у здрав мозок!
Ако не се сложувате со досега изнесеното, преглагам и почеста употреба на превозно средство точак или нозе за кои паркирањето е бесплатно, или пак такси и автобус за кои исто така нема да ви треба паркинг.

Всушност разбирам дека најголемата фрустрација произлегува од тоа што ние како народ мразиме кога ќе треба да почнеме да плаќаме за нешто што до вчера било бесплатно. Е па до вчера Скопје беше дупло помало, па сите решија тука да дојдат, заедно со својата кола и една за у гаража. Е па нема место „пеер“. Плати па клати, или во случајов паркирај.


No comments:

Post a Comment