November 8, 2012

Работи што никогаш нема да ги чуеш во Чаир

  • Ти се јаде? Незнам кај има фурна.
  • Штета што ми кажа после 19 часот, ќе треба да почекаме до утре за да купуме пиво.
  • Никаде нема тазе печени кикирики.
  • Слободно влези со патики внатре, и ние не се соблакаме.
  • Немам голф.
  • Не гласав за ВМРО.
  • Имам интеренет од Близу и е одличен.
  • Не, немам пиштол.
  • Не, немам калаш.
  • Не, немам кашикара.
  • Знам каде ми се децата.
  • Многу сакам кога врне, канализацијата веднаш ја собира водата.
  • Не сум се возел во 57ца.
  • Никогаш не сум јадел баклава.
  • Фала, иако е малку ладно, неможам сега да се напијам од твојата греана ракија.
  • Нема да одам на оган за Бадник.
  • Најубав дел од денот ми е кога возам низ Јаја Паша.
  • Баш би сакал да живеам во Бутел.
  • Бев сега да ја регистрирам колата.
  • Со комшијата многу убаво си живееме.
  • Мислев, ама не му купив веспа на син ми за тргање прваче.
  • Порано полошо беше, сега супер е.
  • Нема каде колата да ја однесам на перење.
  • Јас немам затемнети стакла на колата.
  • Кој е тој фудбалски клуб Балкан?
  • Што пука?
  • Од што беше тишина надвор, сум заспал и поминала Нова Година.
  • Имам мачка дома, нејќе маж ми пит-бул.
  • Незнам од кај да купам трава.
  • Викнете полиција!
  • Од кога постои единицата „Алфи“ се осеќам посигурно кога шетам низ маало.
  • Кај мене во одделение ни едно дете не носи нож во школо.
  • Во Борис е полесно од него во Моша.
  • Одамна немало тепачка.
  • Дуќанов го немаат опљачкано.
  • Што се тоа „борби на кучиња“?
  • Не фаќам 21 на кабловска.
  • Сакаш да одиме во Чаирчанка да си купиш нешто за матура?
  • Не сум купил мобилен од Ледиком.
  • Леле мртва темница, ги изгасија уличниве светла за да штедиме.
  • Утре ќе одам да платам радио дифузна такса.
  • Сите сметки за струја, вода и телефон ми се подмирени.
  • Кој е тој Владо Јаневски и што мислиш под „Чаирска романтика“?
  • Не, не е тој во затвор.
  • Штета што не се наоѓаат делови за голф веќе.
  • Си го најдов новчаникот на улица, што го изгубив вчера.
  • Види колку тениски игралишта имаме, а никој не мава рекет.
  • Многу сакам навечер така да си се шетам сама во паркот.
  • Еј види, оние таму во паркот не пушат трава.
  • Што се тоа хулигани?


No comments:

Post a Comment