Бензинот поскаме нови 3 денари и сега има рекорна цела од 84/85 денари. Колку да не се изгубат твитовите во океанот, да го запамтиме овој момент на кој за 5 години ќе се сеќаваме како на време кога бензинот беше евтин. Неколку мои твитови од вчера.
- Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
- Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
- Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
- DHL купија нови 300 точаци од Вучко
- Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
- НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
- Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
- Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
- Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
- Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
- Омилен парфем? Безоловен 95ка
- Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
- Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
- Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
- Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
- Макпетрол е новиот Сваровски
- 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
- Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
- 1м2 = 1евро = 1/2л бензин
- Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
- Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат
Еве браво и тука
ReplyDelete