March 1, 2012

Пет контрааргументи дека мечот со Луксембург (можеби) беше наместен

Ме испровоцира текстов на Златко К. од МКД.мк кој навел 5 факти за тоа дека вчерашниот најсрамен меч во историјата на македонскиот фудбал не бил наместен. Неможев да останам рамнодушен на текстот и решив да му објаснам некои работи нему, а и да го кажам мојот став на оваа тема. 
Пред се да го објасниме зборот факт.
ФАКТ (лат. factum) дело, појава, настан што се случил навистина, што не може да се побие.
Значи факт е нешто што не може да се побие, така да овие неговите не се факти, туку причини/мислења/аргументи поради кои тој смета дека мечот не бил наместен. Еве  пример:
  • Факт е дека земјата е тркалезна.
  • Црквата мислела дека земјата е рамна. Но тоа не го побива фактот дека таа сепак е тркалезна. 
А сега да пробам јас да ги побијам “фактите“ на З.К.:
1. Се нема родено маж што ќе излезе пред фудбалер од рангот на Пандев (дневната заработка му е 16 илјади евра) и ќе му рече „мечот е наместен, мора да заврши два во еден“.
Кога 10 играчи се платени, не се потребен Пандев за да заврши по договореното. Пандев не е Господ на фудбалот, Пандев е само добар играч и во македонската фудбалска репрезентација нема никакво посебно значење. Македонскиот фудбал не е на татко му на Пандев па да мора за се него да го прашуваат, или да мора он да кажува како ќе биде. Впрочем зашто Пандев би бил исклучен од местењето? Или пак зашто Пандев би бил вклучен во местењето? Како и да е, тој и да сака да победиме, неможе ништо да направи сам, па маж или жена која ќе му каже нешто „страшно“ не се потребни. 
2. Не постои обложувачница во светот која лесно ќе прифати „милионска“ уплата на пресврт на дуелот Луксембург- Македонија, а притоа да не ја информира УЕФА дека мечот е сомнителен. Последен пример – кипарскиот-куп дуел Арис – Етникос беше одложен поради тоа што некој уплатил 200.000 евра на победана гостите на коефициент три. УЕФА била алармирана, а мечот одложен.
 Кој има да уплати милиони? Сите знаеме дека коефициентот за 1 у 2 или 2 у 1 е 30. Тоа значи ако уплатиш 100 ден. ќе добиеш 3000 ден. Така да треба да уплатиш само 1000 евра за да дојдеш до одлична сума од 30.000 евра со кои можеш да си купиш кола, стан и многу други работи. Местењето и кладењето во Македонија имаат долга традиција и веќе се увежбани сите тие работи. Не се мести саде една утакмица, туку секоја, па побогу цела лига ни е наместена, со се куп заедно. Пред да почне лигата знаеме кои ќе бидат први три екипи, и дека една ќе земе во лига, една ќе победи на купот.
Обложувалници постојат многу. Неретно сме слушале како самите фудбалери си ги уплаќаат утакмиците во Бугарија, против себе. Не постои човек што може да ни ги замачка очите до толку. 
3. Ако мечот е наместен, никој нема да чека пресвртот да дојде во 92. минута за да прими или да даде гол, тоа ќе биде направено многу порано и многу понеспретно (сетете се на мечот Победа-Пјуник како прилепчани бегаа од топката за да примат гол).
 Ако мечот е наместен, баш напротив, тој ќе биде решен во последните секунди. Колку пати Јувентус победил во 97’ минута? Колку пати Манчестер Јунајтед победил во судиско продолжение и натпреварот завршил одма после тоа? Колку пати Базел одиграл 1-2 или 2-1? Колку пати Базел дал или примил гол во последна минута? Обложувањето во живо е огромен бизнис, и тука се вртат големи пари од кои и те како профитираат обложувалниците! Гол во последната минута, за противникот кој 99% ќе прими гол е златна кокошка за секоја обложувалница.
4. Никогаш не може тајната да остане тајна, зашто има 19 фудбалери и пет тренери во цела експедиција, а секогаш ќе се најде некој што ќе се „излае“
Лаењето се гледа и слуша на сите страни. Снимени позиви, СМС пораки, ливчиња, шпекулации, дојави. Само поради очигледноста дека овој меч беше наместен. Повторувам: цела лига ни е наместена. Зарем има човек кој се сомнева во тоа? Зарем треба некој да каже дека е наместена утакмицата за да му поверуваме? Само лаик може да поверува на регуларност кај нас. А местењето не е само кај нас. Се случува секаде во светот. Царевите во месетење беа, се и ќе бидат Италијаните. Колку време беше „тајна“ нивното местење? Десетици години ништо неможеше да се докаже, додека конечно не пукна и (демек) се казнија местачите. А колку случаи има за кои нема докази и за кои не ни знаеме дека биле наместени неможе ни да се претпостави.
5. За мечот да заврши со пресврт, мора да биде запознаен и противничкиот тим, што значи дека и Луксембург би бил замешан во евентуална местенка „два во еден“.
Зашто да мора да бидат сите запознаени? Зар Јуве им кажуваше и на противниците дека мора да победат? Зар Базел кажуваа дека ќе им ја пуштат на крај? Која глупост човече. Како прво Луксембург имаат аматерски фудбалски тим. Тие не се професионалци. Реално гледано тие не знаат да играат фудбал. После натпреварот тие изјавија: „Ги победивме гигантите во фудбалот, Македонија“. Ако ние за нив сме гиганти, што повеќе да се каже? Второ, со таков тим е многу лесно да наместиш. Прелесно можеш да дадеш гол, а после седи му кај него во шеснаесетник со се одбрана, подавај му ја топката, греши глупаво и невозможно е да не примиш гол.

За крај. Дали утакмицата била или не била местена баш и не е битно. Најбитно е дека е срам и дека промени во ФФМ мора да има. Таму е проблемот, таму треба ремонт.


1 comment:

  1. vistinata e deka nema timovi sto ne mestat utakmici......ima samo timovi protiv koi e dokazano deka namestile i timovi koi seuste ne gi "fatile"(ne sakaat da gi fatat) kako mestat utakmica!

    ReplyDelete