Собим точак как да си метнех,
И в арапски ст’рни да си прелетнех!
На пустински места ја да си идам,
Да видам Египет, Дубаи да видам,
Да видам дали регулаторна и тамо
Бензин поскапува како и вамо.
Ако как овде бензинот е скап,
Ако ситуацијата и таму е кнап
На п’т далечни ја ќе се стегнам
И в други ст’рни ќе си побегнам,
К’де бензинот е много поефтин,
К’де ќе возам југо на плин.
Овде мрачна цена ме обвива
Проклета регулаторна само покачува
Акцизи, фискализација и даноци,
Со точак одиме на состаноци
Околу мржња и тепачки секојдневни,
А на бензинска цени, да ти се стемни.
Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам цениве да ги гледам!
Дајте ми точак ја да си седнам,
И кај нафтени дупки да си прелетнам:
На арапски места ја да си идам,
Да видам Тунис, Либија да видам.
Тамо нафтата е живо џабе,
Таму владата не те краде,
Таму имаш бензин, полн резервар,
Не ја гасиш колата, ни на тротоар.
Нафтени дупки колку сакаш
И да ти се истури бензин, да не ти е мака;
Дизел, Безоловен, милион стоваришта,
Сегде божева је хубавина.
Тамо во ладата, супер да ставам,
Со мерак да возам, џумбуш да правам.
No comments:
Post a Comment