- Грчкиот пасош на Антиќ, издаден од Папандреу, '96
- Дел од разговорот меѓу Нимиц и Бакојани, репродуциран на филмско платно, режисиран од Манчевски, музика на Џајковски
- Речник: Македонски-Гиш и обратно
- CV на сите вработени од фамилија до 2006та
- Нотите на Бетовен, изрезбани на дрво од повардарието
- Алманах од секој вработен во фамилија
- Скица на вагон, произведен во Варна, Бугарија
- Тестаментот на Цар Самоил, во автентична дигитална верзија, со електронски печат и потпис
- Календар за 15ти септември
- ДНК анализа на Кирил и Методиј
- Снимка од раѓањето на Пандев
- Снимка од ненаместен натпревар во прва МФЛ
- Рецензија на магистерската на Урко
- Код за дислајк копче на фејсбук
- Прв, оригинален документ од извод од матична книга на родени на Глигоров
- Скриншот од твит на Коста Солев Рацин
- Фотокопија од авторски текст на Секуловска
- Слика од #невеста во теретана
- Фотокопија од знамето во собата на Федерер
- Настапот на #Гулабица на Скопје Фест 2002
- Секс снимка на Северина, на кајче во Дојран
- Визит карта на Аристотел, додека работел како психијатар во Лариса
- Слика со 14 лајка од Груевски како титов пионер, на која не е тагнат Тито
- Конец од прслукот на Велиновска, шиен во Букурешт, носен на одмор во Кушадаси, '95
- Фотографија на која Миленко се сонча во Платамона, '76
- Примерок од уринокултура на Гоце Делчев, дадена 1902, во Радовиш
- Снимка од казино во Гевгелија, каде Џамбазов добива 2 милиона на покер
- Примерок на антички ајвар што го правела мајка му на таткото на Воин на Коњ, кој бил правен со грчки зејтин!
- Партиска книшка од ДУИ на Петровски од 1987!
June 1, 2012
Што е следно од Б.Ц.?
За да не се изгубат твитовите...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment