June 13, 2012

Екслузивно интервју со @MedoDimoski

Блогот Ново Време започнува со серија на интервјуа со вашите омилени блогери и твитерџии. Првиот на листата е @MedoDimoski, автор на блогот Здраворазумен Хејтеризам, човек кој ги напиша едни од најдобрите блог постови оваа година, чии твитови се масовно ретвитани. Во продолжение прочитајте ги неговите размислувања за твитер, блогосферата и т.н.

Волверин од твоето маало
1. Од кога и зошто почна со блогирање и со твитер/фејсбук? Што беше прво? 

Почнав со блогот откако ја прошетав цела Америка само со мобилен телефон и кредитна картичка, се вратив тука и увидов дека за добар дел од македонските бизниси електронско плаќање е во доменот на научната фантастика. Исто така бидејќи во тоа Work&Travel искуство стекнуваш комплекс на виша вредност, мислиш си го фатил Господ за муда и почнува се да ти смета. 
Од хронолошка гледна точка, прво имав Фејсбук, фатив девојка, ми раскина девојката, отворив блог за хејтање и паралелно со тоа Твитер пошто кога сакаш да хејташ одиш на твитер, кога сакаш да гледаш хипстери одиш во Менада. 

2. Од каде името „Здраворазумен хејтеризам“? Од каде идејата за блог посветен претежно на хејтање ствари? 

Оригиналниот наслов на блогот е Common Sense Hate, најверојатно тоа е најсоодветниот македонски превод за екстремно големата фрустрација што ми ја предизвикува недостатокот на здрав разум кај просечниот човек. Хејтањето е само една форма да бидеш критично настроен кон општествените појави. Еден начин е да ги поздравуваш позитивните појави, меѓутоа тоа е хомо емо геј, па затоа поставувањето на пример/поента во мојот случај е преку хејтање на негативните појави. 


3. Кој ти е омилена статија на твојот блог (до сега) и зошто? 

Сите статии кои се со некоја научна основа (статистички пристап кон секојдневните појави) ми се при срце бидејќи не само што се хејта одредена појава, туку и се дава рационално објаснување зашто се случува таа појава и не се базираат на субјективни заклучоци (маичкава ти стои убер геј). 
Меѓутоа статистички гледано најпопуларни се оние во кои обработувам врски/секс/цицки или пак кога хејтам некои строго македонски феномени. 

4. Која статија, според статистиката, е најпопуларна, и зошто мислиш дека баш таа е најпопуларна? 

Дефинитивно статијата за истрипаните македонски спотови од чиста причина што ми ја објавија на Он.Нет.

5. Твојата кандидатура за Мис на Македонија помина феноменално, во споредба со другите 400 девојки кои буквално ги засени. Кои се твоите планови на ова поле? Следен избор за мис/тер? 

Па искрено се надевам дека следниот пат кога некој организатор ќе направи нешто вакво смешно, ќе има доблест и малку здрав разум да ја направи најдобрата можна заебанција на своја сметка. Бекстејџ имаа шанса да си дигнат рејтинг кај популација што никогаш во живот не пали телевизор, меѓутоа не ми дадоа ни една маичка или барем секси календар од Чуприна.
Ова секако беше еден супер искуство, бидејќи почна како обична заебанција и прерасна во тролање во кое се вклучија преку 200 мои пријатели/познаници 

6. Твит кој ти останал во сеќавање?

Многу ги има, за ова прашање најверојатно треба да се контактира @i999y. Тоа што е Марко Цепенков за приказните, тоа е @i999y за твитовите.
Ама сепак мил ми е овој.


7. Блог пост (од туѓ блог) кој ти останал во сеќавање? (може и повеќе) 

Сите што ми се во листа за следење, редовно си ги читам. Секако имаш некои што почесто ги посетуваш ама тоа ти е како жена – не може само една да ти ги задоволи сите потреби. 

8. Омилена тема за тролање? 

Ретардирани одлуки на владата, никад нема да ми здосади, никад нема да престанат да ги донесуваат, без разлика кој е на власт. 

9. Омилена смена на твитер? 


10. Што би им препорачал на новите блогери? Како до подобар пост? Како до повеќе посети? 

Пристапот многу зависи од темата која ќе се обработува во блогот. Меѓутоа вметнување на линкови од извор е нешто на кое треба најмногу да се обрнува внимание. Ако нешто цитираш, тврдиш или парафразираш вметни линк до изворот, дозволи читателот критично да пристапи кон напишаното. 

11. Од каде црпиш инспирација за твоите постови? 

Од недостаток на секс во секојдневниот живот. И секако поради тоа што мојата потрага по одговори не застанала со Господ/Карма/Судбина. Исто така сум голема цепидлака 

12. Омилена песна на Били Ѕвер? 

“Јас сум опасен на кондиција, 

Ќе те средам право у вилица, 

Ти си нежна како цвет од камилица“

-од евергринот Носам Кондом Спот 

13. Во кој споменик од Скопје 2014 најмногу се пронаоѓаш себе си и зошто? 

Дефинитивно Прометеј, пошто носам ватра на човештвото, ама општеството не ме прифаќа пошто сум гол. 

14. Што очекуваш од Европсково, прогнози, твој фаворит? 

Ич не сум по спортот, гледам само ради друштво и пиво со надеж дека подоцна во вечерта ќе има цицки. Иначе си ги сакам Њемците. 

15. Нешто што не те прашав (пошто не сум новинар, и прв пат правам интервју) а сакаше да кажеш? 

Ни јас не сум Калиопи, првпат давам интервју! Поштуем покана, особено на вака блог кој стана супер популарен три пати побрзо од мојот (порано меревме курци, сега мериме посети), па најдобро да оставиме читателите ако навистина немаат што попаметно да прават во животот да постават прашање во коментарите.

Тоа беше интервјуто, сега ви преостанува да го следите на твитер, да го посетите неговиот блог и доколку ви се допадна ова интервју, да предложете следен твитерџија/блогер за испрашување.


No comments:

Post a Comment