November 11, 2012

Како да снимиш хорор филм

Не си гледал добар хорор филм повеќе од 5-6 години? Да, повеќето љубители на хорор филмови го делат ова мислење, со оглед на тоа дека сите хорори во последно време изгледаат како да ги правел ист режисер. Никаква креативност, никаква иновација, истите дијалози, истите сцени, истата група на главни и споредни ликови, ист крај, се е буквално исто.

Колку пати Ви се случило да седнете со дружтво или сами, решени да гледате (добар) хорор филм ама никако да најдете некој навистина добар што не е излезен пред 10-20 години, или не е корејски. Најчесто или филмот е преглуп и уште од самиот старт знаете што ќе се случи понатаму, или не е страшен воопшто.

Најглупиот филм за „промаја“
Па затоа решив да анализирам неколку просечни, типични хорор филмови, во неколку точки, па доколку повеќе од една точка се совпадне со филмот што го гледаш, гаси одма.


Главни ликови - Главни ликови секогаш има непарен број, најчесто 5. Тука се 2 пара, од кои што ако едиот пар се маж и жена, другиот се или дечко и девојка, или ќе се смуваат за време на филмот па ќе станат пар. И на крај има еден forever alone тип, што или е наркоман, или уметник и несватен од општеството, или препаметен и е заљубен во девојката што го мува рагбистот.

Еден од паровите е секогаш мешан, и 99% се работи за црнец и белкиња (не измислувам, мајке ми). Мора да има црнец во филмот за да бидат сите застапени, а и плус мора некој да умре прв.


И секако еден убиец, кој може да „работи“ сам или да има помошници, како и да е, сеогаш еден е главен во приказната. Убиецот е или препаметен или ретардиран (се извинувам за зборов, незнам како на др. начин да објаснам), ама мора да е ужасно грд (да беше Бред Пит убиец, ќе се збуневте за кој да навивате, нели?). Грд, гаден, никаков, небањат, пргав, прљав и прејак. Куршум не го бие, пила не го сече, оган не го гори. Човек а не е човек. Суштество кое станува откако ќе го згази тенк, издржува 10 години под вода, оди низ оган, а на крај ќе умре од убод со нож во нога.

Не умре и не умре...
Споредни ликови - Овде секогаш имаме уште еден самец кој изгледа пријателски, но е страшно сумљив, и тој секогаш работи на бензинска, а на таа бензинска стално има многу малку бензин и е многу прљаво вецето. Него никогаш неможеш да го најдеш додека не влезеш во бензинската и кога ќе речеш „овде нема никој“ ОП! ете го него, ќе се појави од негде. Овој лик секогаш на крај на неговата 5-6 минутна улога на почетокот на филмот, кажува некоја реченица која ги следи главните ликови.

Друг спореде лик е шерифот. Шериф има само 1 на милион луѓе и он е стално многу чуден и најверојатно работи со убиецот. Ако се случи некое чудо и он да не работи со убиецот, убира после 10 секунди од пристигнување на местото на злосторот.


Почеток - Секогаш филмот почнува со некое убиство и делумно откривање на убиецот. Он убива тотално небитна личност, која служи само за приказ на стилот на убивање на убиецот, и да се види во која насока ќе се движи филмот.

Вовед (експозиција) - Откако ќе го видиме името на филмот на страшен начин, следи сцена во која е прикажано мир, љубов, слобода, живот, природа, семејство, забава, млади... Се најубаво, се најдобро, сите се сакаат, сите возат џипови, сите со ајфони во рака пишуваат глупи смс-си. И така во одреден период паѓа договорот да одат негде „у три лепе“ каде нема ни вода ни струја ни бутур и кај што ќе си го држат цел ден. Секогаш одат со една кола, пошто многу нормално е да ги собере кога се што носат со себе е две вреќи за спиење и шише вотка. Што исто така е многу нормално да не се пакуваат, кога нема ни да се вратат од кај и да одат, бар по планот на режисерот и нашите очекувања.


Така они тргаат на пат, обавезно им снемува бензин и пунат на бензинска со една пумпа што делумно работи, пошто ако едно нешто знаеме за Америка е дека никаде нема бензински пумпи. Таа пумпа се наоѓа или во шума или во сред пустина, а они секогаш одат во викендица на некој познаник на нивен познаник.

По пат мора да се деси нешто безвезе, или гума да им се дупне, волк да ги нападне, некој да се изгуби на момент или слично, едноставно нема теоретски шанси да стигнат до колибата без никаков проблем.

Заплет - Кога ќе стигнат во колибата внатре е секогаш прекрасно иако никој не бил 15 години, околу неа има само шума и пустелија, други луѓе нема на минимум 15тина километри, продавница на 30тина, а шерифот е на 100 километри. Прво нешто следи туширање и шанса за жешка сцена (без ова нема). Ако филмот трае 80тина минути, 20 минути трае туширањето и сексот кој се случува пред или после туширањето со цел конечно некој да погледен во филмот пошто до сега само тешки клишеа се дешавале, и си гледал пола саат како некој вози кола во шума. Додека женската на црнецот се тушира, доаѓа убиецот и го коле црнецот, а он се дере ко свиња на колење, ама тушот е прегласен. За момент го гаси тушот пошто нешто ко демек слушнала ама каква коинциденција, баш тогаш црнецот се бори за живот со кеса на глава и неможе да викне. Пошто ништо не се дешава, цурата продолжува да се тушира.


После ова почнува забавата, ечи некоја глупа панк-рок педерска музика и сите се веќе пијани од пишето водка кое само што го отворија. Најпијана е секогаш една девојка (еве да речеме оваа на црнецот), и почнува да прави глупости. У меѓувреме никој не се грижи за црнецот, пошто он отишол по дрва (пред 4 и пол саати) и кај и да е ќе се врати. Додека него го нема, наркоманот пробува да ја смува цурата на црнецот, а другиот пар денса ко на матура. Тука секогаш се дешава страшен момент. Некој од групава гледа некој како поминува надвор и секогаш тоа е мачка.

Кулминација - Цурата на црнцетот (ќе ја викаме Блонди, пошто секогаш една мора да е плава (и глупа)) е веќе дрво пијана (од мирисот на вотката) и решава да оди да плива во езерото кое се наоѓа близу викендичката. Другите со мали напори пробуваат да ја сопрат, ама ипак она оди и понатаму. Додека она се соблака гола (уште една хот сцена за да се разбуди публиката што го гледа филмот) и се бања у грч ладна вода, а глуми лудило дека е на бахами, се појавува убиецот, ја дави и она умира вриштејќи. Ова го слушаат другите 3 члена на групата и дотрчуваат да видат што се случува. Гледаат како плута над водата, сваќаат дека е мртва и дека некој ја убил и трчаат назад во колибата. Таму внатре веќе влегол убиецот и ги чека. Они пробуваат да се јават на шерифот ама никој нема сигнал (пошто сите зборат за 0 денари на ВИП). Некако наоѓаат сигнал или фиксен и го контактираат шерифот. Сега доаѓа ситуација која ја опишав погоре, па да рипнеме малку. 


Перипетија - Додека се врткаат во колибата убиецот го фаќа наркоманот и го убива, парот бега накај колата ама ги забораваат клучевите. Додека се враќаат по клучевите, типот почнува да се тепа со убиецот и се ролаат по земја, а цурата неможе 15 мин да ја запали колата. Конечно ја пали и тргнува ама убиецот е сега над колата. Она се мава во дрво и почнува да бега пешки додека крв вири на сите страни. Врти-сучи пак се враќа во куќарката. Убиецот го снемува некое време. Мажот на цурата воскреснува и кривејќи и крварејќи ја пронаоѓа жена му. Се грлат и љубат. Сега наоѓаат фото албум од фамилијата на убиецот, дознаваат повеќе за неговото семејство, неговиот живот, го проучуваат психички, одат кај него дома.... Тука наоѓаат дел од црнецот и уште по неколку органи од други луѓе, и нивни лични предмети.


Расплет - На крај убиецот пак ги наоѓа, овие двајцава се појаки од било кога, се тепаат со убиецот, кој нокаутира еден по еден ама секогаш другиот пак оживува. На крај двајцата или најчесто еден од нив (жената) успева да го убие (yeah right) убиецот и целата крвава стига до автопатот на кој поминува некој човек кој и помага. Она е ОК, па следи сцена во која убиецот отвара едно око, пошто никогаш не се знае дали ќе добиеш буџет за ново продолжение.



No comments:

Post a Comment