April 3, 2012

Како напредуваа Македонските рап текстови

'90 - Чиста Околина - Нешто блиску до реума
...се качувам ја горе за да гледам луѓеа слушам само ѕвонци, гледам доле сега беда, и незнам дал се луѓе или овци, и збори сега почесто на глас, секој кој ќе стигне да те чуе, или биди мирен како овца, често кој ќе стигне да те дуе, и сите овци сакат стално в трло мир да биде, полни да се мора стомаците на сите, тревопасни луѓе, се шират како чума, не е чума велат, но не е ни реума...
САФ - Скопска ситуација '98
Скопска ситуација бурлески, до вчера комунисти сега слават празник верски. Ќе речеш не сери, ама провери (провери!), сѐ се смени од времето на титовите пионери. Екс социјалисти, капиталци на мисија, со ѓаволот во коалиција, зборам вистина, луѓе газат преку живи луѓе до позиција....
2000 - Клан Исток - Пријател
Ти земи ми сѐ еве ти срце и душа, на музиката почнав да отварам душа, ти ме прашуваш како а се знаеме од мали, добро ќе ти речам, а знаеш што ми фали. И првите бељи со кого ги правев и првите идоли со кого ги славев, ама живото е коцка, остана до коска, човек број 1 во душата моја...
2008 - Green Out - Фрекфренции
...Зашто не е лесно да си таму доле, едно е да бидеш среќен, друго е да бидеш задоволен. Солзи море, се само солзи море, продолжи, додека имаш срце има некој што ќе ти го скрши. Запамти,  не си сам на асфалтот пред зграда, секад има битки меѓу блокот и полиција....
За чудо дечково не е надвор

2008 - Тони Зен - Ми каса ес су каса
Пичка прва класа ја собрав од маса (ми каса ес су каса), право до кај мене од кревет на маса (ми каса ес су каса), пичка прва класа од посебна раса (ми каса ес су каса), пие само вино бело на маса (ми каса ес су каса). 
2009 - Слаткар - Топ
Ти си топ кога те гледам, ти си топ за да ти влезам, ти си топ за да те ебам, ти си ТОП ТОООО ТОООП.
2010 - Били Ѕвер - Носам кондом
Бејбе, бејбе, опасно е кога си до мене, мене, не те гледам брза си ко ветер, ветер, а би те направил лом, со мене носам кондом.
2011 - Денис Х и Иван Јованов - Полн Погодок
Мислев вечерва ќе биде, досадно за нигде, дали треба негде да се кидне, вртам кај другар ми а он право лигле, гушнат со девојка му гледаат филмче. На сите пички им се јавив, што ли да се прави, на фејсбук среќа една ми се стави...

Искористени се неколку песни колку да се покаже „развојот“ т.е. (д)еволуцијата на македонскиот рап. Сигурно има и многу други примери, но нека останат за друг пат. Поентата е: Дали сега ви е јасен хејтот и дали уште мислите дека нема причина за плукање?


No comments:

Post a Comment