Деновиве полуларен е конфликтот помеѓу Time.mk и Латас (Сител, Вечер) за кој најдобро ќе дознаете читајќи тука. Латас вели дека делото на секој автор мора да се цени, почитува и дека никој друг не смее да профитира на туѓ грб, ако нема дозвола, одобрение од авоторот. Нема повеќе да се осврнувам на конкретниот спот, само сакам да ви ја раскажам мојата приказна.
Се започна на 15ти април, 2007та година кога прв пат беше објавен постот “Предлог: Нов дизајн на денарите“ (тука оригнал на Тепај Време). Овој пост стана ултра полуарен и за ден-два беше објавен на 4-5 портали (тогаш толку имаше :)), беше шеруван по форуми, МСН и т.н. Ова стана најпопуларниот пост на Тепај Време во неговата неколку годишна историја, иако многу други исто така беа превземани на разно-разни портали и сл. Нејсе, се беше супер, на многумина им се допадна и даваат предлози, бројот на банкноти се зголемуваше цело време.
Се додека Латас како уредник на Вечер не реши да го украде ова мое дело и да го објави на насловната страна на Вечер (издание кое излезе 2-3 дена откако беше објавен постот, слики подоле), и секако во статија внатре во весникот. Во статијата пишуваше „превземено од kajgana.com“ што е страшно и смешно во исто време, пошто кајгана имаше земено само дел од сликите и неколку пати јасно пиша чиви се, кој ги направил т.е. „превземено од tepajvreme.blog.com.mk“ (повеќе тука). Инаку, во тоа време блогот беше лиценциран под лиценцата на Creative Commons, како што е и сега овој, но тоа на Вечер ништо не сум значи, очигледно.
Стандардно како и секогаш, голотија и секс на насловна |
Подршка тогаш изразија многу, многу луѓе (Волан, Вуна, Развигор, Рибаро, dr. Max, Кајмак.от, Бунка, Dark Lord,Ferrari F1, Kimi, dzam, Alkoholic, виолетова, Психолог, дарко156, буцкало, исток, порноезија...) на кои секогаш ќе сум им благодарен. (жал ми е ако некои линкови не работат, некои блогови се затворени, за жал).
И покрај целата фрка што се случуваше на Блогерај, и покрај реакцијата на многу луѓе, и покрај мејловите до Вечер, од таму немаше ни извнинување, ни реакција ниакаква ни ништо. Во свој арогантен стил не игнорираа како и секогаш, и секако, си продолжија да крададат слики, статии, интервјува и што ли уште не од блогери, твитерџии, фејсбук корисници, форумџии и т.н.
Прашањето и поентата на приказната е: Со кој образ барате Вие авторско право на украдени статии? Дали сите статии се ваши? Дали вашите автори шетаат по светот да сликаат слики и да пишуваат стории, или интернетот врши работа? Дали вие бевте на европското ракометно првенство во Србија, или се служевте со фотографиите на Диме (од кајгана)? Дали ваш репортер беше присутен да ги слика педерите при сексот, слика што ја објавивте пред месец дена на насловна? Овие Латас ги сликаше?
Но сепак, знам дека и ова ќе помине како и се друго, на крај краева, такви се работите во државава, ништо повеќе не ме чуди кога Јован Јованов може да учествува во акција за заштита на авторско право.
No comments:
Post a Comment