December 10, 2012

Туториал: Како до паметно чекирање!

Од кога 4square стана мега-хит кај корисниците на паметни телефони, фејсбук си воведе свој начин на чекирање (чекинување, тагнување, whatever) кој перфектно се вклопи во целата приказна. Немам одреден став дали е ова ОК или не, некад се чекирам, почесто не, а некогаш други ме чекираат (па и без прашање). Па така јас како самопрогласен експерт (како и сите други во Македонија) напишав еден мини-туторијал за чекирање, со неколку DO's (изводливи работи) и DON'Ts (неизводливи работи, глупи работи).


Зошто да се чекираш?


Има повеќе причини зошто би се чекирал. Па на пример:
  • За курчење - во главно ова е првата причина за чекирање, особено кога се работи за некое ептен кул, егзотично, далечно место. Сакаш да покажеш на фесјбук дека си шетнал негде, прво што правиш е бараш WiFi и одма чекин.
  • Онјалн дневник - Си правиш модерна верзија на дневник, па за да не запишуваш кај си бил и што си правел, ставаш на фесјбук и после скролаш по тајмлајн
  • Имаш склероза - Често забораваш кај си иако ти кажеле пред саат време? Имаме решение за вашиот проблем - фејбус чекин. Вака никогаш нема да можеш да заборавиш кај си бил и што си правел, пошто сликите на фејсбук ќе ја освежат твојата слаба меморија. А ако и они не помогнат, тука се твоите пријатели кој ќе ти пишат „пеерче едно, си отишол у катастар а не викаш...“
  • Немаш попаметна работа - Некогаш ти е толку досадно што нема што друго да правиш освен да си играш на телефонот. Ама лутите птици не се секогаш интересни, или пак веќе си ги свртел сите нивоа (честитам!). Правец одиш на фејсбук и пошто ништо паметно не ти текнува да пишеш на статус, а твитер е паднат и нема од кај да украдеш, земаш се чекираш во трговски или било каде. Па да не биде само тоа, си ставаш уметничка слика со инстаграм од плочките, небото, сендвичот, кока колата, цигарите, наочарите...
  • За да се оправдаш - За да не ти се лути девојката/дечкото кој/а мора да знае каде си и со кого, чекин и нема криење. Исто пали и ако си помал/а и мајка ти те прати по фејсбук што правиш (навистина кул начин на воспитување на своите деца). 
  • За да се најдете - Ова за мене е најбоља ствар пошто можеш да видиш кој сѐ е на тоа место со тебе (ако се работи за концерт или нешто слично) па може и да се најдеш со некој


Зошто да не се чекираш?


И покрај тоа што можеби најде причина зошто да се чекираш, провери да не е можеби попаметно да не го направиш тоа.
  • Параноја - Нели е малку глупо сите да знаат каде си, со кого си, што правиш? Размисли два пати пред да кликнеш чекин, види убаво кој сѐ ти е пријател, и кој се ќе ја дознае твојата локација. Можеби е паметно прво убаво да ја исчистиш листата на пријатели па да се чекираш, или воопшто да не го направиш тоа.
  • Пошто си глуп - Многу е просто, зошто би се чекирал на глупо место? (подоле ќе бидат објаснети глупите места за чекирање) Зошто би се чекирал негде ако знаеш дека после тоа може да имаш проблем некој пошто си лажел кај си бил и сл.?
Нормално дека погоре објаснетото не е ни блиску до нешто точно или добро-објаснето, но ни договорот за топлификација не е ко што треба а сите имате парно по дома. Затоа ако сепак реши да се чекираш, види како најдобро да го изведеш тоа.


Со кого да се чекираш?


Најдобро со некој што го знаеш, некој од кого не ти треба изречита согласност за секој чекин, а може и со некој релативно близок.

Најлошо е со некој што не го ни познаваш (лично) ама знаеш кој е пошто го имаш у френдс, и  ствараш непријатна ситуација ако не го ставиш него а ги ставиш сите други, а и да го ставиш може да нејќе он па никако не си. 


Добри места за чекирање!


  • Кафичи - Најпопуларни места со најмногу чекирања, само немора баш за секое кафе од ново да се чекираш, свативме дека си градска фаца
  • Кафани - Исто така честа локација за чекин, само што тука важи правилото дека се чекираш само во ресторани и (бар) релативно елитни кафани а во локалните биртии гасиш гео-локација целосно
  • Дискотеки - Тука се дешаваат најглупите чекирања, тука веќе промилите алкохол го направиле своето, па петок и сабота навечер е моментот кога на фејсбук ќе видиш најмногу матни глупи слики на метар квадратен
  • Трговски центар - Нешто као шоп-шопинг, сексот и градот муабети
  • Плажа - „Банкање <3“ и слика од морето
  • Дома, у дневна, у двор - Прајвет парти пеер (сакам да ти кажам „не си поканет“, некако со други зборови)
  • Стадион, сала - Тука мора и слика со македонско знаме кое го држиш позади тебе со раширени раце и да се гледа теренот
  • Хотел, апартман - Со слика од погледот или телевизорот, куферите...

Ептен лоши места за чекирање!


  • На нива - Нешто во стилот „си копаме“, иако е сосема кул во твоето опкружување, верувај некоја будала ќе направи МЕМЕ од твојата слика
  • Во црква - „Ако сликава добие 10 лајкови ќе запалам уште една свеќа“. Освен за велигден, пошто тогаш е кул.
  • Во болница - Зарем мислиш дека е паметно откако ќе те удри кола да собираш лајкови?
  • На погреб - Стварно нема дообјаснување на ова, само те молам и да направиш ваква глупост, немој, НЕМОЈ да прашуваш наоколу дали сака некој да го тагнеш на сликата!
  • Во швалерај - Ако си во моментот во комшии, баш и не е паметна идеја да постираш “...with Блажо at Блажо's mansion“
  • При грабеж - Пљачкаш банка и им викаш на колегите “ајде сега за на фејсбук една“

Толку беше од “туторијалот“, до следниот чекин - Поздрав!


No comments:

Post a Comment