December 8, 2012

Ситуации во кои луѓето се занесуваат и претеруваат

Убеден сум дека постојат неколку специфични ситуации во кои одредени групи луѓе заборават каде се и што се, и се вдаваат во некој занес, ваљда под влијание на преголема доза адреналин, големи емоции и сл. Еве неколку од нив, кои ужасно ме нервираат (зарем мислеше дека на блогов ќе пишам нешто друго?)

Четврто место на европско во кошарка

Тука започна целото спортско лудило, иако не освоивме ни медал, цел плоштад беше пун со луѓе кои ги чекаа кошаркарите како да освоиле злато на интергалактичко натпреварување. Емоциите не наведоа да мислиме дека ќе одиме (И ЌЕ ОСВОИМЕ!) олимпијада, ама неколку 4то разредни джавички ни покажаа до каде можеме да одиме и многу убаво не спуштија на земја.

Како викавте „можеме и без црнецот“ а?
Така беше и со ракометарите кои после кошаркарите мораа да играат пошто десетици илјади луѓе 2 недели беа константно во Чаир (ама српскиот) во сред работно време, пошто ова беше побитно од работата. Они го освоија одличното 5то место, значи исто без медаљa, а беа пречекани како кошаркарите, во малку помал број, ама на дожд.

дење нема Езел
Во тие моменти бевме појаки од било кога, пуна душа ќе освојува солунско поле, прв пат имавме реални шанси да иаме преставници на олимписките игри и тоа во повеќе многу важни спортови. Но сепак ракометарите ги снајде истата судбина како и кошаркарите, и после и второто спуштање на земја, народот некако ко конечно да почна да се освестува.

Моментално нашите ракометарки играат според очекуваното, на истото место каде мажите беа 5ти во Европа. Овој пат нема публика, зошто, кажете вие.

Тоше и збудалените фанови

Тоше е чист пример за збудалување на луѓето. Сета таа будалаштина се појави после неговата смрт (за што искрено ми е жал). Најголем дел од луѓето реагираа нормално, за среќа, но има секакви луѓе, па сега после толку години ко да останаа само будалите да се појавуваат на виделина кога ќе се спомне Тоше. Пошто знам дека после текстов ќе има автоматски хејт во коментари, одам одма со конкретни примери:

Некој рекол „сликата кажува повеќе од 1000 зборови“,
ама јас не би ризикувал, па еве ви и слика и текст

Пред некое време се јавува една будалетинка во една емисија и вика „јас мислам дека треба некој да направи телевизија посветена само на Тоше и цел ден да се пуштаат само негови спотови и песни“. Што е најтрагично со ова се слагаат многу луѓе. Како може нормален човек ова да го каже или па да се сложи со ова? Кој будала ќе гледа цел ден ваква телевизија, и колку време ќе можете да издржите да гледате само ваква телевизија? Кој будала ќе отвори ваква телевизија, на која нема никоја будала да сака да се рекламира (пошто никој нема да ја гледа, и плус е не е во планот) и од каде ќе се финансира телевизијава, ако не од буџетот? Дали граѓанката слушнала за Youtube?

Други луѓе предлагаат Тоше да се прогласи за светец. Поима неам како иде оваа работа и дали воопшто е можно такво нешто, ама дали стварно некој мисли дека ова е нормално? За 500 години кога некое дете ќе влезе во црква, гледа слика од Тоше и ѝ вика на мајка му: Кој е светецов? - Тоше, сине. - Кој е тој мамо? - Ехх чедо мое, на времето пеел една многу популарна песна “На коси да ти спијам“ па после „Руски рулет“ и многу други убави песни.

Имам голема почит спрема овој човек, ама неможе вакви глупости да мисли некој дека се ОК. Како тоа што јас не мислам дека Тоше треба да биде светец, може да биде полошо од некој што го предлага тоа? Што сега, ќе се такмичиме кој повеќе го сака Тоше? И мене ужасно ме нервираат некои глупи текстови во жута штампа за тоа дали Тоше бил педер или не, и сите други гомнари кои пробуваат да заработат нешто на негов грб сега. Срамота! Но ова е недозволиво.

Идол и лудите тинејџерки

Бар еднаш годишно се случува некој избор на таленти, најчесто за пеење, или некое ретардирано реално шоу, каде луѓе се затворени во излација и ги снимаат како гнетат и се караат. Последно нешто ужасно глупо беше шоуто Идол каде се случуваше сѐ и сешто во последните неколку емисии. Главната битка помеѓу Кико и Виктор кои ја презедоа улогата на Едвард и Џејкоб од Твајлајт и создадоа стадо заљубени, бесни, а во исто време и гневни и лути тинејџерки кои ги пратеа на секаде. Тактиката е секаде иста, А1 успешно направи борбата да се води помеѓу овие двајца а тинејџерките да се кољат у публика и најбитно да трошат 45 ден. порака + ддв. за да не испадне нивниот фаворит.


се навлажнивте?
Лудоста немаше граници, од врискање, плачење, трескање по земја, ваљање по под, кубење коси. Да се запрашаш дали овие деца имаат родители што ќе им објаснат дека Виктор испаѓа и оди во Битола, а не на Марс. И плус, еве го веќе 2-3 години е испаднат, прашува некој кај е? Не. Пола од вас сеуште немаат поима кој е типот, а другата половина сега прв пат се сетиа на него.

После Митинг

Секогаш кога црвените или плавите ќе имаат некој голем митинг, луѓето од него се враќаат пуни со себе. Секогаш сите се убедени дека 100% ќе тепаат на следните избори. А како и да не се? Замислете да се соберете неколку десетици илјади луѓе, онбоени во иста боја, правејќи тоа што лидерот го збори на сцена. Јак говор кој додирнува до секој сопартиец, охрабрувачки до немајкаде особено кога доаѓа од човек со толку многу харизма која просто плени. Едноставно неможеш во тој момент да речеш “леле ќе изгубиме“, ти во тој момент не знаеш ни кај си, ни што си, ти си плавиот/црвениот човек кој ќе победи и крај! Небитно тоа што можеби тогаш се осеќаш како да си на коњ, од утре пак си само еден обичен плакато-лепач кој мрзне на -10 со ваљак во рака за...?

На меѓународен план

Некогаш не е потребно да се случи нешто за да луѓето се збудалат. Пред некое време луѓето и те како се збудалеа кога почна да се шити „вистината“ за букурешкиот договор, кој наводно траел 100 години, и пошто рокот му завршува во 2013, Грција ќе мора да ни ја врати Егејска Македонија. Дали некој нормален може да рече „да ова ќе се случи?“ Кој ќе ти даде туку-така територија бе чоек?

Еве слика да ви се испочни душичката
Луѓето бескрајно се збудалуваат, па дури има и такви кои мислат дека најпаметно е воено да се интервенира врз Грција за да се одземе територијата, ако не ја дадат сами. Да, убаво прочита „воена интервенција“. Значи човекот мисли дека најпаметно нешто во моментот што може некој да го направи е земја од 2 милиони народ да нападне земја со 11 милиони народ, која што плус е и членка на НАТО и Европска Унија. За муабетот “ама нас ќе ни помогнат Русите (или ставаш: Америте, Албанците, Србите...) неможам ништо да кажам, пошто уствари и нема што да се каже.

Како случајна подршна на овие глупости дојде и големата македонска победа во судот во Хаг каде добивме пресуда која има еквивалентно значење на тоалетна хартија и со неа може само да си го избришеме газот и ништо повеќе.

Во сообраќај

Многу е лесно да се распиздиш кога си позади волан. Некој кретен ти сече пат, ти се бута пред тебе и ти почнуваш да свириш, да го пцуеш, да викаш... Другите ти викат „доста бе прекини, што ти е проблемот?“ а ти си фраерот кој одговара со - „а бе ако му станам да го исчукам, вака-така, мајки-шајки...“ Чекај бе шефе, што ако и него му прекурчи па ти излезе и метак у чело? Вредеше ли за 3 секунди закаснување? Знам дека кога си во кола мислиш дека тоа е твоето царство кое никој неможе да го наруши, дека си сигурен, безбеден, со заклучени врати, удобно сместен позади воланот. Лесно забораваш како тоа твое мало царство може лесно да се сруши во секој миг и од лав да станеш глувче. Затоа, олабави малку, незнаеш какви сѐ будали има...

Ако имате предлози за пролжение, слободно пишете, и ако сте расположени, гласајте тука за Ново Време за блог на годината.


No comments:

Post a Comment