December 6, 2012

Луѓе од маало

Ова е текст за сите оние препознатливи личности кои ги има во (скоро) секое маало. Ликови кои ги знаете и среќавате секој ден, и читајќи го текстов ќе ги препознаете.

1. Бабата - радио Милева

Ова е таа баба која често се шуња у маало наваму-натаму, која фрла ѓубре повеќе од потребно, која збира лисја и кога нема. Ова е таа баба која на секој му вика добро утро/ден а ни најмалку не го посакува тоа. Бабата е жена која знае буквално сѐ за секого во твоето маало. Нејзе можеш да ја сретнеш во 5 сабајле и во 3 навечер. Никој незнае кога спие, секогаш е близу прозорот од кој гледа кога си стигнал дома, кој те донел, со што си дошол, дали си пијан, што носиш на тебе, како си облечен, од која врата си влегол, кај си ги соблекол чевлите.... Ова се сѐ небитни информации за тебе, но за неа создаваат 4 часовен муабет утре со „колешката“. Да, токму така, секоја ваква баба има своја колешка која не е толку успешна во испитувањето на стварите кои се случуваат околу неа, но е одличен соговорник.

2. Педерот, пешкото


Една неизбежна личност која исто така ја има во секое маало. Ова е оној за кој од мал се чудите сите „што е таков“, зашто така се облака, зашто така оди, зашто се дружи само со девојчиња, зашто често пие кафе со бабата од горе и т.н. Ова е личност за која незнаете дали  е стварно педер или не, иако 99% од луѓето се сигурни во тоа. Тој скоро никогаш нема да каже, осим ако не е ____ (некој си).

3. Компјутерџијата

Ова е човекот кој се заебал еднаш во животот кога рекол „јас знам да го ресетирам компјутерот“. Од тој момент овој човек е официјална техничка подршка за цело маало. Секој пат кога ќе ти се расипе било што почнувајќи од компјутер, мобилен, принтер, скенер, телевизор, модем, рутер па се до телевизиска антена го викаш него. Иако човекот е ветеринар по професија, неговото хоби дизајнот/програмирањето го прават совршен кадар кој може да ги среди сите ваши проблеми. Сите ние имаме проблеми со техничката подршка на нашите мобилни, телефонски, интеренет и кабелски оператори, но затоа тука секогаш е компјутерџијата, пошто они додека дојдат - ееееххееееее.... Ова е човек кој има сериозен проблем, па затоа почнува да го снемува, гаси телефон, излага надвор само ноќе, комуницира со луѓе кои не се во негова близина и тоа строго онлајн, и прави сѐ само за да најде малку слободно време и да избегне гњавење.

4. Бизнисменот


Пред него сите се фини, а позади грб масовно хејтање и плукање, како и за секој друг успешен човек. Ова е човекот кој и без школо успеал да направи многу пари. Често овие луѓе се бават и со малку политика па можеш да ги видиш на некоја листа за советник или градоначалник. Ова е првиот човек кај кого ќе отидеш кога ти треба помош, иако си ти човекот кој го колне веќе 12 години, а ако он некогаш банкротира, падне, рикне (што би рекле нашите), ти ќе бидеш првиот што ќе го збори у маало.

5. Докторот


Поприлично слична ситуација како и со компјутерџијата, само што овој е у многу понезгодна ситуација. Покрај тоа што мора сите комшии да ги пушта преку ред у клиника, па мора и во 3 саат сабајле да оди да види зашто комшиката се закашлала, пошто знаеш, ипак свински грип владее наоколу...

6. Пијаницата


Неговото место, тронот што неможе никој да му го одземе е локалното гранапче, продавничката на комшијата. Гајбата пиво е неговиот вечен дом, скопското во рака веќе одамна е дел од него. Од рано сабајле до другото сабајле шемата е иста, и така така секој ден.

7. Будалата


Човекот кој незнаеш дали е стварно будала или се прави будала. Човекот кој ти врти сумљиви муабети во ниедно време, муабети кои ти прават да се осеќаш непријатно и на кои немаш одговор. Сите приказни кои почнале од бабата па преку стотина луѓе, сигурно стигнале до неговото уво, а он е единствениот кој ќе ти ги каже лично, во стил „а бе зашто си почнал да се дрогираш?“. Ти тука нема што да одговориш, он веќе ти кажува дека цело маало те мисли за наркоман, дискусијата е завршена одамна, сега луѓето се прашуваат зашто, за да ти најдат лек.

8. Коцкарот, кладилничарот


Цел ден дреме у локалната кладилница. Од спорт не знае ни С ама сите можни типови и комбинации на кладење ги знае. Покрај спорт редовен и на трки со коњи, кучиња, мачиња, диносауруси, борби со кучиња, петли... Што и да е, само да се фати некоја пара. Стандард една го заебува и тоа пошто е местена, ама не така ко него што му кажале.

9. Муабетџијата


Човекот познат како „удав“, оној од кого бегаш кога ќе го видиш пошто ти отишол цел ден. Сите се прашуваат што ли прави човеков цел ден, ко да чека да се раздени и се шлае по маало за да се среќава со луѓе и да си прави муабет. А цело време ко баш тебе да те бара и стално кога си најзафатен има 3-4 прашања за твоите дома, приказна за војната во Ирак, мислење за конфликтот во појасот Газа и објаснување за поскапување на парното и горивото. Информации без кои нема да те пуштат на првиот час по математика, на кој веќе од сабајле касниш.

10. Спортистот


Секогаш кога играте фудбал во маало има еден што се издигнува од другите. Одма се гледа кој го бива а кој не. Е во некои маала некои стварно ги бива, и со додатен тренинг стануваат ѕвезди ко денешниве фудбалери. Ако е добар спортистот (не мора да е фудбалер) цело време го гледаш негде од тренинг, оди од теретана во сала на баскет, па на тенис па на фудбал. Цел ден му е преокупиран со спортски активности, тренерка му е стална униформа. Така се тера супер додека не ја открие моќта на алкохолот, цигарите, травата (за голф терени) и сл.

11. Џандарот


Сите вицови што ги имаш чуено за џандари во животот твој го опишуваат овој лик од глава до пети. Секој негов збор што го изговара веќе е кажан во некој виц. Овој лик ужасно те нервира пошто стално глуми авторитет во маало, ама очајно ти треба кога ќе ти репнат казна за појас. Јебига, живот...

12. Насилникот


Будала кој фрустрацијата од бедниот живот ја исфрла врз најблиските. Тоа на нашки се вика “кога неможеш по магарето, удри по самарот“. Секаде има вакви будалетини кои неможејќи да проспираат никако, вечното заебавање и малтретирање на секаков план, на работа во партија и каде ли уште не, го трансформираат во насилство врз жената, децата или првите комшии. Според последните анализи, многу често во последно време улогата на насилник во македонските семејства ја има преземено жената, па (ваљда) честитам!?

13. Инаетот


Што и да сакате да направите ти и твоето соседство нема шанси да се случи ради оваа будала. Поради тоа што многу работи мора да функционираат на база на целосна согласност на сите луѓе, секогаш има една будала која нејќе пошироки тераси, нова фасада, отички интернет, светла, дрва, улица, паркинг, парк... Што и да е, и златна клупа за него/неа само да треба да се изгради, за инат нема да даде согласт. Вечната борба за тоа кој колку има, зашто има, како има, како дошол до тоа, кого украл, кого заебал и зашто он да нема тоа што ти имаш, кај овој човек никогаш не згаснува. 

14. Наркоманчето


Го знаеш уште од мал сумљив е, ко да бил предодреден да се боцка уште во 5то одд. Некогашниот топ фраер пошто киднал од 4ти час за да пуши џоинт, сега е пропалицата маалска која спие по подруми со шприцот во рака (дали јас тоа цитирав песна од Врчак?)

Темата е преширока, и нема шанси да се опфатат сите лица, така да еве за сега само неколку, па можеби во иднина ќе има и втор дел. 

Во меѓувреме, ако имате време и ако сакате, би ве замолил да гласате за блогов за блог на годината, каде има натпревар за најдобар блог, и баш Ново Време е номиниран. Фала!


No comments:

Post a Comment