December 13, 2012

Поезија за повеќе награди!

За скоро година дена на блогов постирав секакви глупости, МЕМиња, клипови, колумни, заебанции, тролања и т.н. Но никогаш не сум постирал поезија, што испадна дека е од кардинално значење за да добиеш награда за сајт (и блог) на годината, па затоа почнувајќи од денес на блогов ќе читате само поезија по еднаш месечно (не секој месец). Пошто никогаш не сум сакал поезија нит знам како се пишува, јас ќе терам во стандарден стил ко песна за прво одделение, или песна на новопечен македонски рапер.

Такмичење


Се такмичиш и ти, се такмичи и он
џабе ви е и на двајцата, се гледа и во сон.
Сајтови на секаде, во категории номинирани,
Неписмените и лоповите, како и секогаш фаворизирани.
Кликаме сите, кликаш и ти,
сајтот ти е тапа, за тебе нема награди.
Манифестации смешни, гласачи грешни,
а се прават фешти за награди смешни.
Џабе го правиш тоа глупо меме,
награда ќе земе синапово семе.
Џабе го пишуваш тој ебан пост,
награда ќе земе човекот прост.
Џабе ти се сите 250.000 посети,
кога немаш постови, самоубиствени, поетски.
Има и комисија, има и жири,
зашто ли тогаш гласавме? за ние да бидеме криви?
Има ли избор во Македонија, што однапред не е решен,
има ли избор во државава, што не испаднал смешен?
Дали овде најдобар се бира,
или зема награда само некој што дебитира?
Кога поезијата го победи и Здраворазумен Хејтеризам,
сфаќаш дека манифестацијата е тотален идиотизам.
Медаљите ви се бедни, наградите веќе не се вредни,
целата ствар изгуби смисла, ова е крајот на мојата мисла...

На крај сакам да кажам респект и честитки за блогот Креативен вомиториум кој зема награда за блог на годината, спрема кој лично немам ништо, но ова чудово наречено сајт на годината испадна една голема бљувотина, и потфрли не само во изборот на блог на годината туку и за скоро секоја друга категорија. 


No comments:

Post a Comment