- Ти се јаде? Незнам кај има фурна.
 - Штета што ми кажа после 19 часот, ќе треба да почекаме до утре за да купуме пиво.
 - Никаде нема тазе печени кикирики.
 - Слободно влези со патики внатре, и ние не се соблакаме.
 - Немам голф.
 
- Не гласав за ВМРО.
 - Имам интеренет од Близу и е одличен.
 - Не, немам пиштол.
 - Не, немам калаш.
 - Не, немам кашикара.
 
- Знам каде ми се децата.
 - Многу сакам кога врне, канализацијата веднаш ја собира водата.
 - Не сум се возел во 57ца.
 - Никогаш не сум јадел баклава.
 - Фала, иако е малку ладно, неможам сега да се напијам од твојата греана ракија.
 
- Нема да одам на оган за Бадник.
 - Најубав дел од денот ми е кога возам низ Јаја Паша.
 - Баш би сакал да живеам во Бутел.
 - Бев сега да ја регистрирам колата.
 - Со комшијата многу убаво си живееме.
 
- Мислев, ама не му купив веспа на син ми за тргање прваче.
 - Порано полошо беше, сега супер е.
 - Нема каде колата да ја однесам на перење.
 - Јас немам затемнети стакла на колата.
 - Кој е тој фудбалски клуб Балкан?
 - Што пука?
 - Од што беше тишина надвор, сум заспал и поминала Нова Година.
 
- Имам мачка дома, нејќе маж ми пит-бул.
 - Незнам од кај да купам трава.
 - Викнете полиција!
 - Од кога постои единицата „Алфи“ се осеќам посигурно кога шетам низ маало.
 - Кај мене во одделение ни едно дете не носи нож во школо.
 - Во Борис е полесно од него во Моша.
 
- Одамна немало тепачка.
 - Дуќанов го немаат опљачкано.
 - Што се тоа „борби на кучиња“?
 - Не фаќам 21 на кабловска.
 - Сакаш да одиме во Чаирчанка да си купиш нешто за матура?
 - Не сум купил мобилен од Ледиком.
 - Леле мртва темница, ги изгасија уличниве светла за да штедиме.
 - Утре ќе одам да платам радио дифузна такса.
 
- Сите сметки за струја, вода и телефон ми се подмирени.
 - Кој е тој Владо Јаневски и што мислиш под „Чаирска романтика“?
 - Не, не е тој во затвор.
 - Штета што не се наоѓаат делови за голф веќе.
 - Си го најдов новчаникот на улица, што го изгубив вчера.
 - Види колку тениски игралишта имаме, а никој не мава рекет.
 - Многу сакам навечер така да си се шетам сама во паркот.
 - Еј види, оние таму во паркот не пушат трава.
 - Што се тоа хулигани?
 
Продолжува: Работи што никогаш нема да ги чуеш во дискотека






No comments:
Post a Comment