Showing posts with label Религија. Show all posts
Showing posts with label Религија. Show all posts

November 5, 2012

8 луѓе што обожаваме да ги мразиме

Несомнено некои групи на луѓе некогаш безразлика на сѐ ги мразиме од дното на душата. Кога последен пат си видел фудбалски судија и си рекол: „е овој не е педер“ - НИКОГАШ! Истото важи и за многу други професии, карактеристики, групи на луѓе кои под дифолт ги мразиме. Еве некои од нив...

1. Сообраќаец - Нема теоретски шанси да не мразиш човек кој дреме на -20 додека паѓа снег, цели 5 саати само за да те казни за нешто. Немаш светло, жмигавци, појац, кацига, ланци, трокут, елече, штоп светло, возачка, сообраќајна, или пушиш цигара, можеби пијан си, збориш на телефон... листата е предолга, казните се многубројни и високи. А ако ништо од ова не си прекршил, тогаш сигурно (СИГУРНО!) си возел пребрзо.

Возевте над ограничувањето на брзината. Радар никад не лаже

Втора ситуација е кога ќе застане на раскрсница и изиграва семафор. Во овој моемент го мразиш пошто ги пушта сите други, само тебе не. И секогаш е така (факинг Марфи!). Во случај да дознаеш на крај дека треба некој делегат да помине па затоа не те пуштал, мржњата достигнува нови нивоа, над нормалното, што е проследено со пцости до владата и членови на одредени фамилии.


October 29, 2012

Како да препознаете дека вашето дете слуша турбо-фолк?

Благодарение на оф-нет дојдов до оваа колумна што е на рамниште на докторска дисретација и докторот отец треба да добие нобелова награда за откритие на векот, која ми го отвори погледот на светот. Ја прочитав минимум 3-4 пати и моментално сум 100% убеден дека сите мои пријатели, роднини, и секоја личност што некогаш во животот сум ја запознал, се наркомани. 

твојата фаца кога сфати дека и ти си наркоман а си немал поима до пред 15 мин!
Па така докторот отец ме инспирираше да напишам и јас на моево скромно, непрофитабилно (за разлика од МПЦ) блог4е еден текст апропо турбо фолкот, кој се базира на едно истражување кое го споведов пред 10 мин. гледајќи телевизија (значи на ист начин како и отецов за неговата колумна). Турбо фолкот е минимум 10 пати поопасен од било која дрога, пошто од него нема спас, неможеш да речеш „Не, благодарам!“ и да се спасиш. Тој те гони веќе 2-3 децении каде и да одиш, присутен е во секоја кафана, дискотека, кафиќ, свадба, крштевка, слава, именден па и на погреб (WTF?) Одиме со ред.


April 19, 2012

МТВ прави чуда со наши пари! Талкачите и Мастерот во Црниче во потрага по страв

Шетајќи по интеренет мрежата, налетав на една статија на primetime.mk за куќата на духови, која е прилично позната во Скопје, особено во Црниче, каде што се наоѓа, и околните населби. Приказната некому позната, некому не, кој сака може слободно да прочита на сајтот, но најинтерсниот дел се двете видеа од по 20тина минути од емисија која се емитувала на МТВ. Емисијата се вика „Талкачи“ и е нешто во стилот на Unsolved mysteries, само што овде не се решаваат мистериите и има два водители кои се полоши дури и од коментаторите на Канал 5. Емисијата се бави со натприродни работи, а поради недостигот на такви во светот, а камо ли во Македонија, тие и маестралната монтажа и техника на снимање допринесуваат за драматизирање на целата приказна. Поради тоа што “куќата на стравот“ ми е единствена гледата епизода, ќе ја дискутирам таа, а вие можете да ја погледете таа и сите други тука.


April 16, 2012

Боже прости му, не знае што збори... А, знаел ли до сега?

Тодор Петров, Курир: Ја обвинуваат Црквата дека со Божји чуда го враќа општеството како пред илјада лета. А, забораваат дека само добри верници се лојални државјани, другите сатанисти и анархисти. Се разбира, ниту дваесет и првиот е десеттиот век, но ниту после десет века не е неможно да биде тоа што денес е, како порано што било. Како и да е, кучињата си лајат, караванот си врви, а Божјите чуда како и порано, така и сега и пак ќе ги има...
Што се подразбира под добар верник? Според некоја логика ако добар верник е оној кој се придржува кон библијата, тогаш во државава добрите верници се 2% од населението. Нејсе, да речеме дека повеќето верници се добри верници, како тоа има врска со тоа да се биде лојален граѓанин? Дали господине знаете што значи зборот лојалност а што граѓанин на една држава? Како може некој да поврзува лојалност (или посветеност) кон верата со лојалност кон државата? И пред сѐ, како може во секуларна држава, лојален граѓанин да биде само добар верник?

Според целиот нормален свет, под лојален граѓанин се подразбира човек кој плаќа даноци на државата, кој ги почитува Уставот и законите. Зарем човек кој плаќа даноци не е лојален граѓанин на оваа држава ако не е и верник? Зарем не сте свесни дека и од тие негови пари всушност се градат цркви, манастири, Миленимски крст? Тој лојален граѓанин секојдневно плаќа данок на оваа држава, работи и живее во неа. За разлика од него МПЦ не плаќа данок на државата, па според тоа за лојалноста кон државата неможе ни да се дискутира.

П.С. Ве молам друг пат не ги употребувајте поимите „анархисти, атеисти, сатанисти“ и сл. поими, барем додека не прочитате што точно значат.


April 13, 2012

Сезонски работници



Велигденски филм

Велигден, најголемиот (или втор, никогаш незнам кој е побитен) христијански празник е на 2-3 дена од нас. Тоа е време кога се осврнуваме повеќе накај поблиските, накај семејството. Или како што самиот севишен Г.Г.С. кажа: “Господ Бог ни кажува да се свртиме повеќе кон духовното, намесно материјалното“, влегувајќи во новата мечка. Поради тоа што 99% од филмовите за Исус вѝ се гледани, јас ќе вѝ предложам еден друг филм, кој исто како и претходните, би требало да го погледнете. Во продолжение, во целост бесплатно, од Бил Маер неговиот последен филм Religulous.

Клик на сликата за да го гледате филмот.


April 12, 2012

Скандалозно! Пронајдена црква во која не се случува ништо!

Ова не е Х!
     Откако беше откриено бар по едно чудо кое се случува во моментот во некоја црква или манастир ширум Македонија, владиците од црквата Х* велат дека во нивната мала црква не се случува ништо чудно. Впрочем тие детално пребарувале во просториите на црквава, но ништо, ама баш ништо (и со големи болдирани букви НИШТО) не се случува. Тие го повикаа Г.Г. С. кој веднаш дојде со Q7 заедно со колегата кој мораше да дојде со X5 пошто X6 беше на перење. Двајцата за 2 до 3 часа пристигнале во црквата, и велат дека не можат да поверуваат на своите очи кога гледаат дека не се случува чудо: “Ова е неверојатно. Зарем е можно ова да се случува.“ проговорија владиците чудејќи се на настанатата ситуација.
     Кога ги прашавме зашто мислат дека оваа црква е исфрлена од чудесијата тие подигајќи ги рамениците ни рекоа повторно дека не им се верува и дека немаат зборови со кои можат да ја опишат тагата и вчудоневиденоста која ја чуствуваат.
       Другите чуда во сите цркви ширум Македонија секојдневно се случуваат, а народот се повеќе полемизира на оваа тема.

*црквата сакаше да остане анонимна, со цел да се заштити од срамот кој би настанал.