Showing posts with label Кромид. Show all posts
Showing posts with label Кромид. Show all posts

April 24, 2012

ЕКСЛУЗИВНО: Спотот на Елвир Мекиќ кој открива нови детали за убистовото

Според најновите сознанија, Елвир Мекиќ уште во еден од првите спотови открива детали за убиството. Сепак неможеме да ги откриеме деталите, може сами да видите дали нешто ќе приметите сами.


Што сака Елвир да наговести со песните: „5 минута“, „Армија“, „Тај ти не личи“, „Зошто е крај“, „Ако можеш прости ми“, „Опасно“, „Ич не ме боли“, „Се шекнувам и клекнувам на колена“, „Некаде после 2“ можеме само да претпоставуваме.


April 12, 2012

Скандалозно! Пронајдена црква во која не се случува ништо!

Ова не е Х!
     Откако беше откриено бар по едно чудо кое се случува во моментот во некоја црква или манастир ширум Македонија, владиците од црквата Х* велат дека во нивната мала црква не се случува ништо чудно. Впрочем тие детално пребарувале во просториите на црквава, но ништо, ама баш ништо (и со големи болдирани букви НИШТО) не се случува. Тие го повикаа Г.Г. С. кој веднаш дојде со Q7 заедно со колегата кој мораше да дојде со X5 пошто X6 беше на перење. Двајцата за 2 до 3 часа пристигнале во црквата, и велат дека не можат да поверуваат на своите очи кога гледаат дека не се случува чудо: “Ова е неверојатно. Зарем е можно ова да се случува.“ проговорија владиците чудејќи се на настанатата ситуација.
     Кога ги прашавме зашто мислат дека оваа црква е исфрлена од чудесијата тие подигајќи ги рамениците ни рекоа повторно дека не им се верува и дека немаат зборови со кои можат да ја опишат тагата и вчудоневиденоста која ја чуствуваат.
       Другите чуда во сите цркви ширум Македонија секојдневно се случуваат, а народот се повеќе полемизира на оваа тема.

*црквата сакаше да остане анонимна, со цел да се заштити од срамот кој би настанал.


March 20, 2012

ЕКСЛУЗИВНО! Иван Тричковски во Барселона!

Денеска топ сторија на македонските спортски и забавни портали е преминувањето на Иван Тричковски од Апоел во Барселона. Тричко е клучен играч од левата страна, кој може да игра и во нападот и во средината, и е играч баш каков што на Барса во моментот и е најмногу потребен. Информацијата доаѓа од веб порталот на Барселона каде е објавен неговиот трансфер: