Showing posts with label Твитер. Show all posts
Showing posts with label Твитер. Show all posts

January 4, 2013

Кликни да видиш како ја викале!



December 18, 2012

#ЛажешКурво!

Клик овде ако не сфаќате што е работата, а клик овде за повеќе.



November 30, 2012

Објави на македонски портали кои ме вадат од кожа

Во оваа колумна, авторот користи безобразен речник, па затоа ако имаш под 18 години допуши ја цигарата и оди до бемвето купи му на татко ти уште едно пиво.

Крадени објави - Факт е дека 97% од содржината на просечен македонски портал е преведено од некој странски портал, весник, списание, блог или форум. Во последно време често се зема дело на македонски автор на кој му текнало нешто и си го објавил на фејсбук или твитер, или пак (како мене) на својот блог.

Порано скоро никогаш не се даваа заслуги на авторот, се одеше на стандарден копи-пејст а авторот кој го ебе. Сега веќе почна малку од малку да се има култура кај уредниците и голем дел од нив прашуваат дали може да објават нешто, често ставаат линкови, спомнуваат кој е авотор на делото и сѐ по ред, како што треба (со исклучок на Сител, Вечер и компанија).


Зашто ме нервира крадење на нечиво дело на сајт? Размислете вака, седнуваш пред РС целиот среќен и радосен пошто ти текнало нешто „јако“. Го пишуваш, го правиш, диазјнираш, проверуваш, средуваш и конечно го објавуваш, после 2-3 саати работа. Станува супер популарно, лајкови фрчат, “браво“, “топ“ ова-она... Доаѓа некој резервен камерман од шител и стиска ctrl+c па crtl+v и во точно 2 секунди ја создава топ сторијата за денешниот бекстејџ. Фер?


November 1, 2012

Топ 10 тапа твитерџии #соГлупХаштаг

Фејсбук фејловите беа први на пердашење, а сега преминуваме на една покреативна, подобра и позабавна социјална мрежа каде (за жал) има исто толку глупости како на фејсбук.


10. Гуштери - Нови твитерџии кои слушнале дека на твитер е журката, но никако да го најдат правиот начин да се приклучат во неа. Првите неколку твита се од прилика вака:
- Ај да видам и ова што е...
- Еве и јас твитам...
- ЗАШТО НИКОЈ НЕ МЕ СЛЕДИИИИ??
- Колку е тапа твитеров, бек ту фејсбук!


June 13, 2012

Екслузивно интервју со @MedoDimoski

Блогот Ново Време започнува со серија на интервјуа со вашите омилени блогери и твитерџии. Првиот на листата е @MedoDimoski, автор на блогот Здраворазумен Хејтеризам, човек кој ги напиша едни од најдобрите блог постови оваа година, чии твитови се масовно ретвитани. Во продолжение прочитајте ги неговите размислувања за твитер, блогосферата и т.н.

Волверин од твоето маало
1. Од кога и зошто почна со блогирање и со твитер/фејсбук? Што беше прво? 

Почнав со блогот откако ја прошетав цела Америка само со мобилен телефон и кредитна картичка, се вратив тука и увидов дека за добар дел од македонските бизниси електронско плаќање е во доменот на научната фантастика. Исто така бидејќи во тоа Work&Travel искуство стекнуваш комплекс на виша вредност, мислиш си го фатил Господ за муда и почнува се да ти смета. 
Од хронолошка гледна точка, прво имав Фејсбук, фатив девојка, ми раскина девојката, отворив блог за хејтање и паралелно со тоа Твитер пошто кога сакаш да хејташ одиш на твитер, кога сакаш да гледаш хипстери одиш во Менада. 

2. Од каде името „Здраворазумен хејтеризам“? Од каде идејата за блог посветен претежно на хејтање ствари? 

Оригиналниот наслов на блогот е Common Sense Hate, најверојатно тоа е најсоодветниот македонски превод за екстремно големата фрустрација што ми ја предизвикува недостатокот на здрав разум кај просечниот човек. Хејтањето е само една форма да бидеш критично настроен кон општествените појави. Еден начин е да ги поздравуваш позитивните појави, меѓутоа тоа е хомо емо геј, па затоа поставувањето на пример/поента во мојот случај е преку хејтање на негативните појави. 


June 4, 2012

Twitter VS Facebook | Сликовито објаснето


*Ова се однесува на повеќето статуси и твитови, но не значи дека е секогаш така. Почит за сите креативци кои ги користат овие серивиси.


June 1, 2012

Што е следно од Б.Ц.?

За да не се изгубат твитовите...
  • Грчкиот пасош на Антиќ, издаден од Папандреу, '96
  • Дел од разговорот меѓу Нимиц и Бакојани, репродуциран на филмско платно, режисиран од Манчевски, музика на Џајковски
  • Речник: Македонски-Гиш и обратно
  • CV на сите вработени од фамилија до 2006та
  • Нотите на Бетовен, изрезбани на дрво од повардарието


May 6, 2012

#влијателен твитерџија

Ова епско битие познато како “влијателен твитерџија“ постои на твитер веќе подолго време, но во последно време зема голем замав, со новиот бран на тазе твитерџии. Постојат многу легенди за влијателниот, некои зборат дека е ваков, некои дека е онаков, но да видиме всушност што тој прави...


П.С. Како единствен услов и општо познато правило на твитер е секој кој има над 1000 да е влијателен, што е прилично смешно, со оглед на бројот на ботови, те следам - следи ме глупости и сл. Влијателен е секој оној што влијае т.е. има утицај во секојдневното твитање, оној кој го тера муабетот на некоја страна, оној кој може да покрене некоја расправа, оној кој заедницата го почитува, цени и т.н. Неможе да постои точна граница на бројот на следачи и воопшто бројот на следачи неможе да биде показател на влијателноста на еден твитерџија.


April 30, 2012

ВМРО new wave музичка компилација 2012


Како се вика ВМРОвскиот дел од колата? БРАНик
Како се вика ВМРОвска змија? коБРАН
Како се вика ВМРОвец имун на Новиот Бран? БРАНко.
Како се вика славниот ВМРОвец, имун на новиот бран? БРАНислав
Што прави директор со даска? Чека БРАН да сурфа
Што прави ВМРОвец на терен? БРАНи
Што прават 30.000 ВМРОвци на градски? Бранови
Зашто ВМРОвецот не оди на плажа? Слушнал ќе има бранови


March 22, 2012

Мк Win на месецот - #МедоЗаМис - @MedoDimoski

Честитки за едно многу успешно тролање на @MedoDimoski. Доколку сакате да ја дознаете целата приказна, почитајте го постот [Ретардација на денот] Мис Македонија Фејсбук. Гласањето продолжи, лепотиците се намножија, но ќе остане запаметено тоа дека Твитер заедницата реши да го прикаже идиотизмот на овој избор и го подржи Медо, кој пред дисфалификувањето беше на 15то место, засенувајќи 375 девојки кои молеа за лајк. Сетоа ова се случи за само неколку часа, со што се докажува моќта на социјалните мрежи, особено твитер каде целото гласање одеше на хаштагот #МедоЗаМис. За крај да се овековечи моментот со една фотографија.



February 28, 2012

Осмели се, запали кола!

Бензинот поскаме нови 3 денари и сега има рекорна цела од 84/85 денари. Колку да не се изгубат твитовите во океанот, да го запамтиме овој момент на кој за 5 години ќе се сеќаваме како на време кога бензинот беше евтин. Неколку мои твитови од вчера.
  • Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
  • Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
  • Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
  • DHL купија нови 300 точаци од Вучко
  • Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
  • НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
  • Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
  • Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
  • Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
  • Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
  • Омилен парфем? Безоловен 95ка
  • Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
  • Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
  • Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
  • Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
  • Макпетрол е новиот Сваровски
  • 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
  • Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
  • 1м2 = 1евро = 1/2л бензин
  • Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
  • Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат