Showing posts with label Чаир. Show all posts
Showing posts with label Чаир. Show all posts

November 8, 2012

Работи што никогаш нема да ги чуеш во Чаир

  • Ти се јаде? Незнам кај има фурна.
  • Штета што ми кажа после 19 часот, ќе треба да почекаме до утре за да купуме пиво.
  • Никаде нема тазе печени кикирики.
  • Слободно влези со патики внатре, и ние не се соблакаме.
  • Немам голф.


March 12, 2012

February 22, 2012

Небитен си како тротоар во Чаир!

Вака изгледаш кога ќе ја видиш/чуеш реченицата 1000 пати...


И стално има некој морон кој ќе ја утне фразата...




February 20, 2012

Во меѓувреме во Чаир. Единствената светла населба во Скопје

Општина Чаир и крена високо среден прст на рестрикцијата на струја, и никогаш во текот на бесмислената и бескорисната рестрикцијата не ги угасна светлата во паркот, кои се простираат ширум целата улица, па и покрај тоа што уличните светла се угаснати, Чаир е сепак светол како ден. Ако сакате да се видите, слободно дојдете во Чаир. Еве вака изгледа тоа во моментов:


Сепак не е се така црно. Поздрав со следната нумера која целосно ја одсликува сегашната ситуација во Скопје.


За крај порака до сите граѓани: Единственото светло кое ви е потребно во овој момент на благосостојба, е она кое доаѓа од милениумскиот КРСТ!


February 14, 2012

Порака од Anonymous од Чаир до Македонија

Еве како што беше ветено на твитер, официјално пристигна неофицијалната порака од чаирски Анонумус кои имаат порака до сите граѓани на Македонија.



BTW клипот од горе е “пародија“ на оној смешниот од македонскиот Анонимус, и не значи исмевање на организацијата Анонимус како таква. Кога сме веќе кај тоа, сеуште стојам на ставот против потпишувањето на ACTA и сум ЗА интернет слобода!


February 3, 2012

Во Чаир подготвен терентот за првите припреми за зимска олимпијада

Иако ненајавено, Чаир е веќе подготвен за припреми за сите спортови од зимските олимписки игри. Снегот кој падна вчера на светскиот ден на хомосексуалците првин им направи мали проблеми на Чаирчани (и оние кои минуваат низ оваа населба) но подоцна кога се виде дека надлежните органи за чистење на снегот, немаат никаква намера да го исчистат истиот или да фрлат сол, Чаирчани ги оставија своите возила во гаража и решија да останат дома. Градоначалникот на Чаир, И.М. по прашање на една новинарка: “Дали мислите да превземете нешто околу снегот, зошто не е фрлен снег на улиците?“ одговори со: “Ја незнам...“

Во моментот се одвива првиот тренинг по Триатлон, каде најголем проблем беше да се најдат скии, додека за оружје помогнаа комшиите, кој колку можеше, колку што се најде дома. Следна дисциплина, ќе биде боб санкање. Главните тренинзи се вршат на улиците “Цветан Димов“, “Христијан Тодоровски - Карпош“ и “Џон Кенеди“, додека пак увежбавање се врши на споредните улици. Како што може да се види по сликите, теренот е чист, нема сообраќај, и е погоден за непречено одвивање на тренинзите. Тоа може да се види и по сликите.