Showing posts with label Рап. Show all posts
Showing posts with label Рап. Show all posts
September 25, 2012
ФОТО: Слаткар оди во затвор!
Тагови:
Екслузивно,
Естрада,
Живот,
МЕМЕ,
Музика,
Рап,
Скандалозно,
Слаткаристика,
Тролололо,
Фото,
Шокантно
June 10, 2012
April 14, 2012
LD Пистолеро во потрага по продуцент
Легијата: Серијалот е во тек "LD во потрага по продуцент" : За почеток еве ви ги вокалите од „Супер Курви“ на LD Пистолеро 97.5 bmp или 195 bmp , зависи кој како работи. Зачи LD Пистолеро сними 3 карди за спот , но нема продуцент за траката, при што мораше да украде ритам од FUNKDOOBIEST (мислејки дека никој не ги слуша во Македонија) арно ама го провалија рап експертите. И сега ете ја замолува целокупната продуцентска јавност доколку би била солидарна, да му направи ремикс за спотот. Така да направете ремикс ставете го на youtube и шерувајте... Потоа видео материјалот ке се стави на направениот ремикс. За најдобриот ремикс кој кје се утврди според views, лајкови и оцена од стручно жири следува награда: 3 дена во Крани во луксузен хотел со 5 ѕвезди, П.П. - аранжман со поп дивата Бионсе. Шанса каде ќе може продуцентот да докаже дека е поголем маж од Јаy-Z.
Ова беше објавено вчера на фан страната на Легијата и за многу краток период предизвика интерес кај многумина македонски продуценти. Youtube е преполн со видеа од ремиксите кои ги имаат спремено тие, а секој нов е објавуван на фан страната. Кој ремикс ќе победи може да одлучите вие со гласање на фан страната на Легијата.
April 3, 2012
Како напредуваа Македонските рап текстови
'90 - Чиста Околина - Нешто блиску до реума
...се качувам ја горе за да гледам луѓеа слушам само ѕвонци, гледам доле сега беда, и незнам дал се луѓе или овци, и збори сега почесто на глас, секој кој ќе стигне да те чуе, или биди мирен како овца, често кој ќе стигне да те дуе, и сите овци сакат стално в трло мир да биде, полни да се мора стомаците на сите, тревопасни луѓе, се шират како чума, не е чума велат, но не е ни реума...
САФ - Скопска ситуација '98
Скопска ситуација бурлески, до вчера комунисти сега слават празник верски. Ќе речеш не сери, ама провери (провери!), сѐ се смени од времето на титовите пионери. Екс социјалисти, капиталци на мисија, со ѓаволот во коалиција, зборам вистина, луѓе газат преку живи луѓе до позиција....
2000 - Клан Исток - Пријател
Ти земи ми сѐ еве ти срце и душа, на музиката почнав да отварам душа, ти ме прашуваш како а се знаеме од мали, добро ќе ти речам, а знаеш што ми фали. И првите бељи со кого ги правев и првите идоли со кого ги славев, ама живото е коцка, остана до коска, човек број 1 во душата моја...
2008 - Green Out - Фрекфренции
...Зашто не е лесно да си таму доле, едно е да бидеш среќен, друго е да бидеш задоволен. Солзи море, се само солзи море, продолжи, додека имаш срце има некој што ќе ти го скрши. Запамти, не си сам на асфалтот пред зграда, секад има битки меѓу блокот и полиција....
February 26, 2012
Топ 10 мак рап песни кои секој ги знае
Како прво да разјаснам дека под “Топ“ не се мисли најдобри. Ова е само листа на песни, направена по мое сопствено убедување, на песни за кои мислам дека секој слушнал, небитно каков вид на музика слуша. Некои од нив влагаат во глава пошто се глупави, некои поради тоа што се предобри. Редниот број нема посебно значење.
10. Клан Исток - Рапери во криза
10. Клан Исток - Рапери во криза
February 21, 2012
Тони Де Ген - Марш надвор! | Повеќе од копија!
Како совршена завршница за муабетот на спотот, да е жив и здрав интеренетот, без кој сите ќе бевме слепци ко дегенов на спотов. Дали е копија, што е копија и колку е копија оставам да си процените сами.
Први впечатоци од новиот спот на Тони Де Ген каде оди надвор
Прво погледни го спотот:
Ако твојата реакција е како на сликата подоле, продолжи да листаш понатаму :)
Ако твојата реакција е како на сликата подоле, продолжи да листаш понатаму :)
February 20, 2012
Во меѓувреме во Чаир. Единствената светла населба во Скопје
Општина Чаир и крена високо среден прст на рестрикцијата на струја, и никогаш во текот на бесмислената и бескорисната рестрикцијата не ги угасна светлата во паркот, кои се простираат ширум целата улица, па и покрај тоа што уличните светла се угаснати, Чаир е сепак светол како ден. Ако сакате да се видите, слободно дојдете во Чаир. Еве вака изгледа тоа во моментов:
Сепак не е се така црно. Поздрав со следната нумера која целосно ја одсликува сегашната ситуација во Скопје.
За крај порака до сите граѓани: Единственото светло кое ви е потребно во овој момент на благосостојба, е она кое доаѓа од милениумскиот КРСТ!
February 9, 2012
Македонскиот рап, објаснет кратно и јасно
Жално е колку треба да мислиш за да најдеш некој за да ставиш во левата колона, со оглед на тоа што пола од нив веќе не прават музика, додека пак, сликата ќе беше преголема доколку си ставив сите лајна во десната колона.
Вашето мислење и нови кандидати за во двете категории, можете да ги изразите доле во коментари.
Тагови:
Маќедонија,
МЕМЕ,
Музика,
Рап
Subscribe to:
Posts (Atom)