Showing posts with label Aвтомобилизам. Show all posts
Showing posts with label Aвтомобилизам. Show all posts

October 24, 2012

Петиција против петицијата за укинување на зонското паркирање!

Во држвава како по обичај на секој протест има по минимум 2 контра протести, и на крај не се знае ни кој пие ни кој плаќа, но битно нешто да се дешава. Се дигна прашина околу онлајн петиција (уште тука пола муабет оди во вода, со оглед на тоа што онлајн и петиција се два збора кои кога ќе ги споиш создаваат смешен поим кој никој не го сваќа сериозно, ама нејсе) за укинување на зонското паркирање во Скопје. 
Зона ФМ 104,4
Иако скоро никогаш не се сложувам со постапките на било која влада (или градски совет и сл.), но ова е една од најдобрите работи што му се имаат случено на Скопје, којзнае од кога. Конечно има паркинг место секаде каде ти е потребно, лесно се наоѓа, има ред во сообраќајот, сѐ работи по европски (и светски) стандарди, лесно е за користење и релативно ефтино. А зошто некој има нешто против ова, ќе видиме во следниот текст, изваден директно од петицијата:


March 26, 2012

Т’га за исток



Собим точак как да си метнех, 
И в арапски ст’рни да си прелетнех! 
На пустински места ја да си идам, 
Да видам Египет, Дубаи да видам, 
Да видам дали регулаторна и тамо
Бензин поскапува како и вамо.


March 22, 2012

Најпопуларни професии - Таксист

Пред скоро месец дена пишував за Келнерите, и се околу таа професија од моја гледна точка. Сега на ред се таксистите.

2. Таксист

Ова според мене е втора најактуелна професија во Скопје. Секој што неможе да биде Келнер од Х причини, работи како таксист. Порано за да бидеш таксист мораше да имаш и кола, но сега со отварањето на 10тина нови такси компании кои имаат по 30тина сопствени автомобили, потребен им е само возач. За да бидеш таксист ти треба само возачка дозвола за положена Б категорија и завршено средно образование (пошто инаку неможеш да ја земеш возачката). Тоа и причината дека скоро секој може да ја работи оваа професија, од 18 па се додека човекот може да вози автомобил. Платата е прилично мала, но со оглед на другите професии каде се работи за голема физичка работа или нешто слично, ова е одличен начин за задоволителна заработувачка. Таа зависи и од тоа дали работиш со сопствено возило или туѓо, и ако работиш сам - колку време работиш.


March 20, 2012

MEME: Скопски возач

Можда не би требало да биде само „скопски“ возач, затоа што вакви изроди има во секој град, но сепак Скопје како најголем град, со ужасно огромен сообраќај има најмногу возачи, а особено вакви.



March 17, 2012

Топ 3 фраери во сообраќајот

Ќе зборам најмногу за Скопје, иако сигурен сум (а и имам приметено) вакви фраери и во другите градови и села.



February 28, 2012

Осмели се, запали кола!

Бензинот поскаме нови 3 денари и сега има рекорна цела од 84/85 денари. Колку да не се изгубат твитовите во океанот, да го запамтиме овој момент на кој за 5 години ќе се сеќаваме како на време кога бензинот беше евтин. Неколку мои твитови од вчера.
  • Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
  • Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
  • Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
  • DHL купија нови 300 точаци од Вучко
  • Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
  • НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
  • Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
  • Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
  • Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
  • Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
  • Омилен парфем? Безоловен 95ка
  • Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
  • Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
  • Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
  • Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
  • Макпетрол е новиот Сваровски
  • 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
  • Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
  • 1м2 = 1евро = 1/2л бензин
  • Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
  • Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат