Showing posts with label САД. Show all posts
Showing posts with label САД. Show all posts

November 22, 2012

Неможеш а да не ги мразиш

Поздрав до сите што денеска честитаат Thanksgiving и што сигурно веќе ја печат мисирката, која подоцна на традиционалната фамилијарна вечера ќе ја јадат, исто како нивните предци Верниците (или Аџии според гугл преведувачот а инаку познати како Pilgrims) и Индијанците пред многу многу години.

Инаку, јас сум благодарен што на блогов наоѓам нормални луѓе кои имаат исто или слично мислење на моето, пошто на фејсбук почнува да ме фаќа некоја параноја дека сите полуделе, па фала ви многу!

Повеќе на оваа тема може да прочитате тука.



November 11, 2012

Како да снимиш хорор филм

Не си гледал добар хорор филм повеќе од 5-6 години? Да, повеќето љубители на хорор филмови го делат ова мислење, со оглед на тоа дека сите хорори во последно време изгледаат како да ги правел ист режисер. Никаква креативност, никаква иновација, истите дијалози, истите сцени, истата група на главни и споредни ликови, ист крај, се е буквално исто.

Колку пати Ви се случило да седнете со дружтво или сами, решени да гледате (добар) хорор филм ама никако да најдете некој навистина добар што не е излезен пред 10-20 години, или не е корејски. Најчесто или филмот е преглуп и уште од самиот старт знаете што ќе се случи понатаму, или не е страшен воопшто.

Најглупиот филм за „промаја“
Па затоа решив да анализирам неколку просечни, типични хорор филмови, во неколку точки, па доколку повеќе од една точка се совпадне со филмот што го гледаш, гаси одма.


November 1, 2012

Проклета је Америка

Скоро и да нема некој на возраст од 18 до 25 години што не отиде во Америка летово. Наводно на работа со поголем акцент на „журкање“ шетање и упознавање на нови средини, овие млади луѓе преседоа 3-4 месеци преку големата бара (која благодарение на Сенди, сега е малку поголема). За тоа време дел од нив толку многу се американизираа, па состојбата по нивното враќање е малку чудна. Еве некои видови на американизирани Македонци кои ми одат на живци:

1. Животот трае од јуни до септември - Голем дел од овие луѓе после првото идење во Америка почнуваат да живеат само за догодина пак да отидат. Кога ќе се вратат во семптември тука влагаат во хибернација и се будат во јуни. На прашањето што работиш/учиш? ти кажува што работел во америка летово, а моментално „студира“ и е прва (4та година по ред), па така во моментов уствари си го држи. 

Што е бе бате, во Македонија нема ли МекДоналдс?