Showing posts with label ТВ. Show all posts
Showing posts with label ТВ. Show all posts

November 28, 2012

Латас, генератори, крадење... Еве ја мојата приказна

Деновиве полуларен е конфликтот помеѓу Time.mk и Латас (Сител, Вечер) за кој најдобро ќе дознаете читајќи тука. Латас вели дека делото на секој автор мора да се цени, почитува и дека никој друг не смее да профитира на туѓ грб, ако нема дозвола, одобрение од авоторот. Нема повеќе да се осврнувам на конкретниот спот, само сакам да ви ја раскажам мојата приказна.

Се започна на 15ти април, 2007та година кога прв пат беше објавен постот “Предлог: Нов дизајн на денарите“ (тука оригнал на Тепај Време). Овој пост стана ултра полуарен и за ден-два беше објавен на 4-5 портали (тогаш толку имаше :)), беше шеруван по форуми, МСН и т.н. Ова стана најпопуларниот пост на Тепај Време во неговата неколку годишна историја, иако многу други исто така беа превземани на разно-разни портали и сл. Нејсе, се беше супер, на многумина им се допадна и даваат предлози, бројот на банкноти се зголемуваше цело време.

Се додека Латас како уредник на Вечер не реши да го украде ова мое дело и да го објави на насловната страна на Вечер (издание кое излезе 2-3 дена откако беше објавен постот, слики подоле), и секако во статија внатре во весникот. Во статијата пишуваше „превземено од kajgana.com“ што е страшно и смешно во исто време, пошто кајгана имаше земено само дел од сликите и неколку пати јасно пиша чиви се, кој ги направил т.е. „превземено од tepajvreme.blog.com.mk“ (повеќе тука). Инаку, во тоа време блогот беше лиценциран под лиценцата на Creative Commons, како што е и сега овој, но тоа на Вечер ништо не сум значи, очигледно.

Стандардно како и секогаш, голотија и секс на насловна
Подршка тогаш изразија многу, многу луѓе (Волан, Вуна, Развигор, Рибаро, dr. Max, Кајмак.от, Бунка, Dark Lord,Ferrari F1, Kimi, dzam, Alkoholic, виолетова, Психолог, дарко156, буцкало, истокпорноезија...) на кои секогаш ќе сум им благодарен. (жал ми е ако некои линкови не работат, некои блогови се затворени, за жал).


September 25, 2012

June 22, 2012

Реакцијата на луѓето после рекламата на Канал 5

Вака реагираа граѓаните полсе лажната вест објавена на Канал 5 за тоа дека наводно се срушил авион


Вака ќе реагираат ако им ги прекинат другите турски серии




April 19, 2012

МТВ прави чуда со наши пари! Талкачите и Мастерот во Црниче во потрага по страв

Шетајќи по интеренет мрежата, налетав на една статија на primetime.mk за куќата на духови, која е прилично позната во Скопје, особено во Црниче, каде што се наоѓа, и околните населби. Приказната некому позната, некому не, кој сака може слободно да прочита на сајтот, но најинтерсниот дел се двете видеа од по 20тина минути од емисија која се емитувала на МТВ. Емисијата се вика „Талкачи“ и е нешто во стилот на Unsolved mysteries, само што овде не се решаваат мистериите и има два водители кои се полоши дури и од коментаторите на Канал 5. Емисијата се бави со натприродни работи, а поради недостигот на такви во светот, а камо ли во Македонија, тие и маестралната монтажа и техника на снимање допринесуваат за драматизирање на целата приказна. Поради тоа што “куќата на стравот“ ми е единствена гледата епизода, ќе ја дискутирам таа, а вие можете да ја погледете таа и сите други тука.


March 16, 2012

Топ 10 евергрин ликови од македонската ТВ сцена

Ова е листа на луѓе кои веќе 20 или нешто помалку се присутни на ТВ екраните и оставиле каков-таков впечаток.

10. Натали Грубовиќ




March 10, 2012

February 8, 2012

Среќен пат, газда Бојо!

Бојо Андревски за „Капитал“ денес изјави дека наскоро ќе се отселел во САД каде што ќе го разработувал својот универзитет во Чикаго!
Да му посакаме среќен пат на Бојо со песната:


Сигурно Мелита и студентите си викаат сега...


Професорите му порачуваат на Бојо...


Во АБ канал си викаат...



А Бојо на сите им одговара со:


Но сепак знаеме дека...


За тоа време #невеста си пее:




Во вечер си викаат..


После тоа следат неколку песни само за душа:


Утредента во весник оглас со текст:



February 1, 2012

Бог на коментирањето Ристо Магдинчев




МЕМЕ-ата може слободно да се употребуваат.


Вучич и Џеврие - Your argument is INVALID!

Лево Џеврие, т.е. глумицата која незнам како се вика во приватен живот
Десно богот на кичот во Македонија
Сликата е сликата за време на неговите 5 минути



January 31, 2012


Нора Шаќири во дуел со човек што нејќе да му командаат.

Незнам што е полошо:
  • Сељакот што се јави да коментира за ствар која не ни знае што е, и не сваќа дека ако некој не ти вика “Да“ или “Ахам“ на секои 10 секунди, не значи дека си исклучен и дека муабетот завршил, а ти не си дослушан.
  • Начинот на утврдување на мислењето на граѓаните со бедна анкета која трае 30тина мин. во која 7-8 луѓе гласаат а се прикажуваат само проценти, па така разликата изгледа страшно голема, како драстичноста на “рипање“ на процентите со секој нов глас.


July 12, 2006

НЕ ПЛАЌАЈТЕ!

Конечно радио дифузната такса се одвои од сметката за струја. Ко прво нема никаква поврзаност помеѓу струјата е телевизијата а ко второ тоа им беше едниствен начин со кој ќе ги натераат граѓание да ја платат таксата. Сега може заедно ќе биде со сметката за вода... не се знае...
Зашто викам да не ја платите таа такса. Парите од таа такса идат само за МРТВ. Нека не ве лажат дека парите се делеле и за подржување на други телевизии и разни други измислици.
МРТВ годишно добива околу 16 милиони денари. Вработените во МРТВ најавија штрајк ако не им бидат исплатени последните три плати. Значи Гордана Стошиќ немапа пари да им даде на луѓето. Да немаше стварно пари ќе ја разберев, ама не гледам дека на нешто се потрошени тие пари. Еве да видиме што ни нуди македонската телевизија (податоците се земени од официјалниот веб сајт на МРТВ):

Играни филмови:
  • нема
Сериски филмови:
  • Еба и Дидрик
  • Машко-женско
  • Тристан и Изолда
ТВ Емисии:
  • Прашајте за МТВ
  • Светот на тишината
Радио емиси:
  • Културна клучалка
  • Радио репортажи
  • Врутоци
  • Хихирику
Сериите се од 80 година, емисиите се бетер од тие на Шутел... За што плаќаме? За некој да си го пуни џебот? Порано кога плаќавме, барем тие што работеа земаа плата, а сега кога не им даваат на нив пари, не гледам зашто да плаќаме.
Текстот беше објавен во дневниот весник “Нова Македонија“


July 9, 2006

Честито победа

Италија е новиот светски шампион во фудбал. И покрај тоа што ги пцуев и ме изнервира пошто ја победија Германија на еден педерски начин, јас овој пат бев за Италија. Уствари повеќе бев против Франција... Мило ми е што Италијаните станаа шанпиони, а уште повеќе ми е мило што Французите не станаа шампиони, а највеќе ми е мило што Зидан ја заврши кариерата со црвен картон.
Најбитно е тоа што се играше добар, интересен, фер фудбал, се додека дебилот кој едно време помисли дека е бик па почна да мава го глава, не ја расипа играта. Заслужено си доби црвен картон!
Додека Зидан мислеше дека е бик, Тоти продужи да глуми паѓање, па кога некој ќе поминеше покрај него паѓаше и се фаќаше за бубрезите, стомакот, слепо црево, панкреас и т.н. Му предлагам да отвори глумачка школа, за неговиот талент да се пренесе на помладите генерации.
Моите фаворити Германија се трети, честитки и до нив за освоеното место и за победата над Португалија.
А пошто Јанко го укинаа морав да го слушам коментаторот на МТВ раскажа како Рибери стигнал до финалето:
...и еве го Рибери... оди со топката по десната страна,.... и аут!.. инаку неговиот прекар е Скарфејс или на нашки лузна... кога имал само 2 години доживеал сообраќајна несреќа и излетал од шовершајвната, и по неколку хируршки зафати и напорно тренирање еве го тука на стадионот во Берлин, во финалето на светското првенство...
Навистина скратко и јасно, се си кажа...
Текстот беше објавен во дневниот весник „Нова Македонија“.