Италија е новиот светски шампион во фудбал. И покрај тоа што ги пцуев и ме изнервира пошто ја победија Германија на еден педерски начин, јас овој пат бев за Италија. Уствари повеќе бев против Франција... Мило ми е што Италијаните станаа шанпиони, а уште повеќе ми е мило што Французите не станаа шампиони, а највеќе ми е мило што Зидан ја заврши кариерата со црвен картон.
Најбитно е тоа што се играше добар, интересен, фер фудбал, се додека дебилот кој едно време помисли дека е бик па почна да мава го глава, не ја расипа играта. Заслужено си доби црвен картон!
Додека Зидан мислеше дека е бик, Тоти продужи да глуми паѓање, па кога некој ќе поминеше покрај него паѓаше и се фаќаше за бубрезите, стомакот, слепо црево, панкреас и т.н. Му предлагам да отвори глумачка школа, за неговиот талент да се пренесе на помладите генерации.
Моите фаворити Германија се трети, честитки и до нив за освоеното место и за победата над Португалија.
А пошто Јанко го укинаа морав да го слушам коментаторот на МТВ раскажа како Рибери стигнал до финалето:
...и еве го Рибери... оди со топката по десната страна,.... и аут!.. инаку неговиот прекар е Скарфејс или на нашки лузна... кога имал само 2 години доживеал сообраќајна несреќа и излетал од шовершајвната, и по неколку хируршки зафати и напорно тренирање еве го тука на стадионот во Берлин, во финалето на светското првенство...
Навистина скратко и јасно, се си кажа...
Текстот беше објавен во дневниот весник „Нова Македонија“.
No comments:
Post a Comment