July 12, 2006

НЕ ПЛАЌАЈТЕ!

Конечно радио дифузната такса се одвои од сметката за струја. Ко прво нема никаква поврзаност помеѓу струјата е телевизијата а ко второ тоа им беше едниствен начин со кој ќе ги натераат граѓание да ја платат таксата. Сега може заедно ќе биде со сметката за вода... не се знае...
Зашто викам да не ја платите таа такса. Парите од таа такса идат само за МРТВ. Нека не ве лажат дека парите се делеле и за подржување на други телевизии и разни други измислици.
МРТВ годишно добива околу 16 милиони денари. Вработените во МРТВ најавија штрајк ако не им бидат исплатени последните три плати. Значи Гордана Стошиќ немапа пари да им даде на луѓето. Да немаше стварно пари ќе ја разберев, ама не гледам дека на нешто се потрошени тие пари. Еве да видиме што ни нуди македонската телевизија (податоците се земени од официјалниот веб сајт на МРТВ):

Играни филмови:
  • нема
Сериски филмови:
  • Еба и Дидрик
  • Машко-женско
  • Тристан и Изолда
ТВ Емисии:
  • Прашајте за МТВ
  • Светот на тишината
Радио емиси:
  • Културна клучалка
  • Радио репортажи
  • Врутоци
  • Хихирику
Сериите се од 80 година, емисиите се бетер од тие на Шутел... За што плаќаме? За некој да си го пуни џебот? Порано кога плаќавме, барем тие што работеа земаа плата, а сега кога не им даваат на нив пари, не гледам зашто да плаќаме.
Текстот беше објавен во дневниот весник “Нова Македонија“


No comments:

Post a Comment