Showing posts with label Скандалозно. Show all posts
Showing posts with label Скандалозно. Show all posts

September 25, 2012

ФОТО: Слаткар оди во затвор!





June 10, 2012

Слаткаристика - Roofies VS First Of The Year - Skrillex

Порано тука имаше видео со споредба на овие две песни како доказ дека се работи за целосен плагијат. ЈЈ како борец за автоско право го пријавил видеото. Иронијата е неизбежна.



June 1, 2012

Што е следно од Б.Ц.?

За да не се изгубат твитовите...
  • Грчкиот пасош на Антиќ, издаден од Папандреу, '96
  • Дел од разговорот меѓу Нимиц и Бакојани, репродуциран на филмско платно, режисиран од Манчевски, музика на Џајковски
  • Речник: Македонски-Гиш и обратно
  • CV на сите вработени од фамилија до 2006та
  • Нотите на Бетовен, изрезбани на дрво од повардарието


Новото лого на ВМРО



April 12, 2012

Скандалозно! Пронајдена црква во која не се случува ништо!

Ова не е Х!
     Откако беше откриено бар по едно чудо кое се случува во моментот во некоја црква или манастир ширум Македонија, владиците од црквата Х* велат дека во нивната мала црква не се случува ништо чудно. Впрочем тие детално пребарувале во просториите на црквава, но ништо, ама баш ништо (и со големи болдирани букви НИШТО) не се случува. Тие го повикаа Г.Г. С. кој веднаш дојде со Q7 заедно со колегата кој мораше да дојде со X5 пошто X6 беше на перење. Двајцата за 2 до 3 часа пристигнале во црквата, и велат дека не можат да поверуваат на своите очи кога гледаат дека не се случува чудо: “Ова е неверојатно. Зарем е можно ова да се случува.“ проговорија владиците чудејќи се на настанатата ситуација.
     Кога ги прашавме зашто мислат дека оваа црква е исфрлена од чудесијата тие подигајќи ги рамениците ни рекоа повторно дека не им се верува и дека немаат зборови со кои можат да ја опишат тагата и вчудоневиденоста која ја чуствуваат.
       Другите чуда во сите цркви ширум Македонија секојдневно се случуваат, а народот се повеќе полемизира на оваа тема.

*црквата сакаше да остане анонимна, со цел да се заштити од срамот кој би настанал.