Showing posts with label Музика. Show all posts
Showing posts with label Музика. Show all posts

December 9, 2012

Налет и Нова Година...



December 8, 2012

Ситуации во кои луѓето се занесуваат и претеруваат

Убеден сум дека постојат неколку специфични ситуации во кои одредени групи луѓе заборават каде се и што се, и се вдаваат во некој занес, ваљда под влијание на преголема доза адреналин, големи емоции и сл. Еве неколку од нив, кои ужасно ме нервираат (зарем мислеше дека на блогов ќе пишам нешто друго?)

Четврто место на европско во кошарка

Тука започна целото спортско лудило, иако не освоивме ни медал, цел плоштад беше пун со луѓе кои ги чекаа кошаркарите како да освоиле злато на интергалактичко натпреварување. Емоциите не наведоа да мислиме дека ќе одиме (И ЌЕ ОСВОИМЕ!) олимпијада, ама неколку 4то разредни джавички ни покажаа до каде можеме да одиме и многу убаво не спуштија на земја.

Како викавте „можеме и без црнецот“ а?
Така беше и со ракометарите кои после кошаркарите мораа да играат пошто десетици илјади луѓе 2 недели беа константно во Чаир (ама српскиот) во сред работно време, пошто ова беше побитно од работата. Они го освоија одличното 5то место, значи исто без медаљa, а беа пречекани како кошаркарите, во малку помал број, ама на дожд.

дење нема Езел
Во тие моменти бевме појаки од било кога, пуна душа ќе освојува солунско поле, прв пат имавме реални шанси да иаме преставници на олимписките игри и тоа во повеќе многу важни спортови. Но сепак ракометарите ги снајде истата судбина како и кошаркарите, и после и второто спуштање на земја, народот некако ко конечно да почна да се освестува.

Моментално нашите ракометарки играат според очекуваното, на истото место каде мажите беа 5ти во Европа. Овој пат нема публика, зошто, кажете вие.


November 16, 2012

Зошто ми стана тапа искачањето во дискотека


Едно време мислев само јас сум, или само на моето друштв му се дешава ова, но гледам сѐ повеќе луѓе се жалат на ноќниот живот во Скопје (за други градови незнам, но сум чул некои митови дека се збори некаде таму далеку на југот имало исто така некој ноќен живот, еднаш месечно). Тролање на страна, еве во стилот на (прејакиот) @MedoDimoski (читај и ова и ова) неколку причини зашто одењето во диско(тека) ми е тапа во последно време.


November 12, 2012

Работи што никогаш нема да ги чуеш во дискотека

Преходно: Работи што никогаш нема да ги чуеш во Чаир
  • Ах, не го знам овој на врата.
  • Еј супер, нема гужва.
  • Леле парови не пуштаат.
  • Не, немам 18 години.
  • Јас со мајка ми сум дојден.
  • Не, не го познавам газдата на дискотекава.
  • Незнам ни еден менаџер внатре.
  • Кај се пали светло?
  • Едно нес, нематено.
  • Џус од брусница, ќе ве молам.


October 29, 2012

Како да препознаете дека вашето дете слуша турбо-фолк?

Благодарение на оф-нет дојдов до оваа колумна што е на рамниште на докторска дисретација и докторот отец треба да добие нобелова награда за откритие на векот, која ми го отвори погледот на светот. Ја прочитав минимум 3-4 пати и моментално сум 100% убеден дека сите мои пријатели, роднини, и секоја личност што некогаш во животот сум ја запознал, се наркомани. 

твојата фаца кога сфати дека и ти си наркоман а си немал поима до пред 15 мин!
Па така докторот отец ме инспирираше да напишам и јас на моево скромно, непрофитабилно (за разлика од МПЦ) блог4е еден текст апропо турбо фолкот, кој се базира на едно истражување кое го споведов пред 10 мин. гледајќи телевизија (значи на ист начин како и отецов за неговата колумна). Турбо фолкот е минимум 10 пати поопасен од било која дрога, пошто од него нема спас, неможеш да речеш „Не, благодарам!“ и да се спасиш. Тој те гони веќе 2-3 децении каде и да одиш, присутен е во секоја кафана, дискотека, кафиќ, свадба, крштевка, слава, именден па и на погреб (WTF?) Одиме со ред.


October 26, 2012

И сѐ се дешава тунајт, тунајт, тунајт...

Правилен начин на денсање на ваква музика...



June 10, 2012

Слаткаристика - Roofies VS First Of The Year - Skrillex

Порано тука имаше видео со споредба на овие две песни како доказ дека се работи за целосен плагијат. ЈЈ како борец за автоско право го пријавил видеото. Иронијата е неизбежна.



May 9, 2012

#Гулабица the MEME

Гулабица стана доволно вирална со своите два спота [1, 2] особено со „Нека грмат громови“, што е невозможно а да не добие МЕМЕ. После МЕМЕто за Кили и легендарното „Немој да ме јебеш бре!“, еве го второто македонско МЕМЕ за широка употреба, направено лично од мене со наслов како и истоимениот хит на деценијата. Сликата може да се утребува слободно, впрочем ги охрабрувам сите МЕМЕ мејкери да спојат нешто.



April 30, 2012

ВМРО new wave музичка компилација 2012


Како се вика ВМРОвскиот дел од колата? БРАНик
Како се вика ВМРОвска змија? коБРАН
Како се вика ВМРОвец имун на Новиот Бран? БРАНко.
Како се вика славниот ВМРОвец, имун на новиот бран? БРАНислав
Што прави директор со даска? Чека БРАН да сурфа
Што прави ВМРОвец на терен? БРАНи
Што прават 30.000 ВМРОвци на градски? Бранови
Зашто ВМРОвецот не оди на плажа? Слушнал ќе има бранови


April 28, 2012

Трифун во срцето!

Нешто ретро, пошто ништо не се дешава, или период познат кај народот како „кога покер апаратите ќе стивнат.“



April 24, 2012

ЕКСЛУЗИВНО: Спотот на Елвир Мекиќ кој открива нови детали за убистовото

Според најновите сознанија, Елвир Мекиќ уште во еден од првите спотови открива детали за убиството. Сепак неможеме да ги откриеме деталите, може сами да видите дали нешто ќе приметите сами.


Што сака Елвир да наговести со песните: „5 минута“, „Армија“, „Тај ти не личи“, „Зошто е крај“, „Ако можеш прости ми“, „Опасно“, „Ич не ме боли“, „Се шекнувам и клекнувам на колена“, „Некаде после 2“ можеме само да претпоставуваме.


Ѕидот на Ноне

После ТОП сторијата која беше сензационална, очигледно екслузивна и неверојатно шокантна, објавена од страна на Курир, повторно на виделина излезе она што другите неможеа да го видат. После ѕидот на Шундо, ви го презентирам ѕидот на Ноне.



April 14, 2012

LD Пистолеро во потрага по продуцент

Легијата: Серијалот е во тек "LD во потрага по продуцент" : За почеток еве ви ги вокалите од „Супер Курви“ на LD Пистолеро 97.5 bmp или 195 bmp , зависи кој како работи. Зачи LD Пистолеро сними 3 карди за спот , но нема продуцент за траката, при што мораше да украде ритам од FUNKDOOBIEST (мислејки дека никој не ги слуша во Македонија) арно ама го провалија рап експертите. И сега ете ја замолува целокупната продуцентска јавност доколку би била солидарна, да му направи ремикс за спотот. Така да направете ремикс ставете го на youtube и шерувајте... Потоа видео материјалот ке се стави на направениот ремикс. За најдобриот ремикс кој кје се утврди според views, лајкови и оцена од стручно жири следува награда: 3 дена во Крани во луксузен хотел со 5 ѕвезди, П.П. - аранжман со поп дивата Бионсе. Шанса каде ќе може продуцентот да докаже дека е поголем маж од Јаy-Z.
Ова беше објавено вчера на фан страната на Легијата и за многу краток период предизвика интерес кај многумина македонски продуценти. Youtube е преполн со видеа од ремиксите кои ги имаат спремено тие, а секој нов е објавуван на фан страната. Кој ремикс ќе победи може да одлучите вие со гласање на фан страната на Легијата.