Showing posts with label Скопје. Show all posts
Showing posts with label Скопје. Show all posts

December 6, 2012

Луѓе од маало

Ова е текст за сите оние препознатливи личности кои ги има во (скоро) секое маало. Ликови кои ги знаете и среќавате секој ден, и читајќи го текстов ќе ги препознаете.

1. Бабата - радио Милева

Ова е таа баба која често се шуња у маало наваму-натаму, која фрла ѓубре повеќе од потребно, која збира лисја и кога нема. Ова е таа баба која на секој му вика добро утро/ден а ни најмалку не го посакува тоа. Бабата е жена која знае буквално сѐ за секого во твоето маало. Нејзе можеш да ја сретнеш во 5 сабајле и во 3 навечер. Никој незнае кога спие, секогаш е близу прозорот од кој гледа кога си стигнал дома, кој те донел, со што си дошол, дали си пијан, што носиш на тебе, како си облечен, од која врата си влегол, кај си ги соблекол чевлите.... Ова се сѐ небитни информации за тебе, но за неа создаваат 4 часовен муабет утре со „колешката“. Да, токму така, секоја ваква баба има своја колешка која не е толку успешна во испитувањето на стварите кои се случуваат околу неа, но е одличен соговорник.


November 23, 2012

Кога суперхероите би биле Македонци

Iron Man - Железарец


Човек кој веќе 10тина години е технолошки вишок. Некогаш славниот и згоден милионер, сега запуштен и сиромав човек, кој е далеку од суперхеројство. Костумот му е во расипан со години, лета само кога се топи кокаин во фабриката во доцните часови.


November 16, 2012

Зошто ми стана тапа искачањето во дискотека


Едно време мислев само јас сум, или само на моето друштв му се дешава ова, но гледам сѐ повеќе луѓе се жалат на ноќниот живот во Скопје (за други градови незнам, но сум чул некои митови дека се збори некаде таму далеку на југот имало исто така некој ноќен живот, еднаш месечно). Тролање на страна, еве во стилот на (прејакиот) @MedoDimoski (читај и ова и ова) неколку причини зашто одењето во диско(тека) ми е тапа во последно време.


November 12, 2012

Работи што никогаш нема да ги чуеш во дискотека

Преходно: Работи што никогаш нема да ги чуеш во Чаир
  • Ах, не го знам овој на врата.
  • Еј супер, нема гужва.
  • Леле парови не пуштаат.
  • Не, немам 18 години.
  • Јас со мајка ми сум дојден.
  • Не, не го познавам газдата на дискотекава.
  • Незнам ни еден менаџер внатре.
  • Кај се пали светло?
  • Едно нес, нематено.
  • Џус од брусница, ќе ве молам.


November 8, 2012

Работи што никогаш нема да ги чуеш во Чаир

  • Ти се јаде? Незнам кај има фурна.
  • Штета што ми кажа после 19 часот, ќе треба да почекаме до утре за да купуме пиво.
  • Никаде нема тазе печени кикирики.
  • Слободно влези со патики внатре, и ние не се соблакаме.
  • Немам голф.


November 7, 2012

Мајкл Џексон, Елвис Присли и Ким Јонг Ил во автобус на ЈСП!?

Веќе сите ја видовме сликата на која јасно се гледа дека Тито се вози во автобус на ЈСП, но само што пристигнаа нови фотографии на кои се гледа дека и некои други починати познати личности исто така се возеле во некои автобуси на ЈСП. Па да погледнеме...



November 5, 2012

8 луѓе што обожаваме да ги мразиме

Несомнено некои групи на луѓе некогаш безразлика на сѐ ги мразиме од дното на душата. Кога последен пат си видел фудбалски судија и си рекол: „е овој не е педер“ - НИКОГАШ! Истото важи и за многу други професии, карактеристики, групи на луѓе кои под дифолт ги мразиме. Еве некои од нив...

1. Сообраќаец - Нема теоретски шанси да не мразиш човек кој дреме на -20 додека паѓа снег, цели 5 саати само за да те казни за нешто. Немаш светло, жмигавци, појац, кацига, ланци, трокут, елече, штоп светло, возачка, сообраќајна, или пушиш цигара, можеби пијан си, збориш на телефон... листата е предолга, казните се многубројни и високи. А ако ништо од ова не си прекршил, тогаш сигурно (СИГУРНО!) си возел пребрзо.

Возевте над ограничувањето на брзината. Радар никад не лаже

Втора ситуација е кога ќе застане на раскрсница и изиграва семафор. Во овој моемент го мразиш пошто ги пушта сите други, само тебе не. И секогаш е така (факинг Марфи!). Во случај да дознаеш на крај дека треба некој делегат да помине па затоа не те пуштал, мржњата достигнува нови нивоа, над нормалното, што е проследено со пцости до владата и членови на одредени фамилии.


November 1, 2012

Проклета је Америка

Скоро и да нема некој на возраст од 18 до 25 години што не отиде во Америка летово. Наводно на работа со поголем акцент на „журкање“ шетање и упознавање на нови средини, овие млади луѓе преседоа 3-4 месеци преку големата бара (која благодарение на Сенди, сега е малку поголема). За тоа време дел од нив толку многу се американизираа, па состојбата по нивното враќање е малку чудна. Еве некои видови на американизирани Македонци кои ми одат на живци:

1. Животот трае од јуни до септември - Голем дел од овие луѓе после првото идење во Америка почнуваат да живеат само за догодина пак да отидат. Кога ќе се вратат во семптември тука влагаат во хибернација и се будат во јуни. На прашањето што работиш/учиш? ти кажува што работел во америка летово, а моментално „студира“ и е прва (4та година по ред), па така во моментов уствари си го држи. 

Што е бе бате, во Македонија нема ли МекДоналдс?


October 24, 2012

Петиција против петицијата за укинување на зонското паркирање!

Во држвава како по обичај на секој протест има по минимум 2 контра протести, и на крај не се знае ни кој пие ни кој плаќа, но битно нешто да се дешава. Се дигна прашина околу онлајн петиција (уште тука пола муабет оди во вода, со оглед на тоа што онлајн и петиција се два збора кои кога ќе ги споиш создаваат смешен поим кој никој не го сваќа сериозно, ама нејсе) за укинување на зонското паркирање во Скопје. 
Зона ФМ 104,4
Иако скоро никогаш не се сложувам со постапките на било која влада (или градски совет и сл.), но ова е една од најдобрите работи што му се имаат случено на Скопје, којзнае од кога. Конечно има паркинг место секаде каде ти е потребно, лесно се наоѓа, има ред во сообраќајот, сѐ работи по европски (и светски) стандарди, лесно е за користење и релативно ефтино. А зошто некој има нешто против ова, ќе видиме во следниот текст, изваден директно од петицијата:


May 24, 2012

Другар на коњ!

Во паралелен универзум - Скопје 2014