Шетајќи по интеренет мрежата, налетав на една статија на primetime.mk за куќата на духови, која е прилично позната во Скопје, особено во Црниче, каде што се наоѓа, и околните населби. Приказната некому позната, некому не, кој сака може слободно да прочита на сајтот, но најинтерсниот дел се двете видеа од по 20тина минути од емисија која се емитувала на МТВ. Емисијата се вика „Талкачи“ и е нешто во стилот на Unsolved mysteries, само што овде не се решаваат мистериите и има два водители кои се полоши дури и од коментаторите на Канал 5. Емисијата се бави со натприродни работи, а поради недостигот на такви во светот, а камо ли во Македонија, тие и маестралната монтажа и техника на снимање допринесуваат за драматизирање на целата приказна. Поради тоа што “куќата на стравот“ ми е единствена гледата епизода, ќе ја дискутирам таа, а вие можете да ја погледете таа и сите други тука.
Showing posts with label Чудо. Show all posts
Showing posts with label Чудо. Show all posts
April 19, 2012
April 18, 2012
April 16, 2012
Боже прости му, не знае што збори... А, знаел ли до сега?
Тодор Петров, Курир: Ја обвинуваат Црквата дека со Божји чуда го враќа општеството како пред илјада лета. А, забораваат дека само добри верници се лојални државјани, другите сатанисти и анархисти. Се разбира, ниту дваесет и првиот е десеттиот век, но ниту после десет века не е неможно да биде тоа што денес е, како порано што било. Како и да е, кучињата си лајат, караванот си врви, а Божјите чуда како и порано, така и сега и пак ќе ги има...

Според целиот нормален свет, под лојален граѓанин се подразбира човек кој плаќа даноци на државата, кој ги почитува Уставот и законите. Зарем човек кој плаќа даноци не е лојален граѓанин на оваа држава ако не е и верник? Зарем не сте свесни дека и од тие негови пари всушност се градат цркви, манастири, Миленимски крст? Тој лојален граѓанин секојдневно плаќа данок на оваа држава, работи и живее во неа. За разлика од него МПЦ не плаќа данок на државата, па според тоа за лојалноста кон државата неможе ни да се дискутира.
П.С. Ве молам друг пат не ги употребувајте поимите „анархисти, атеисти, сатанисти“ и сл. поими, барем додека не прочитате што точно значат.
П.С. Ве молам друг пат не ги употребувајте поимите „анархисти, атеисти, сатанисти“ и сл. поими, барем додека не прочитате што точно значат.
April 13, 2012
April 12, 2012
Скандалозно! Пронајдена црква во која не се случува ништо!
![]() |
Ова не е Х! |
Откако беше откриено бар по едно чудо кое се случува во моментот во некоја црква или манастир ширум Македонија, владиците од црквата Х* велат дека во нивната мала црква не се случува ништо чудно. Впрочем тие детално пребарувале во просториите на црквава, но ништо, ама баш ништо (и со големи болдирани букви НИШТО) не се случува. Тие го повикаа Г.Г. С. кој веднаш дојде со Q7 заедно со колегата кој мораше да дојде со X5 пошто X6 беше на перење. Двајцата за 2 до 3 часа пристигнале во црквата, и велат дека не можат да поверуваат на своите очи кога гледаат дека не се случува чудо: “Ова е неверојатно. Зарем е можно ова да се случува.“ проговорија владиците чудејќи се на настанатата ситуација.
Кога ги прашавме зашто мислат дека оваа црква е исфрлена од чудесијата тие подигајќи ги рамениците ни рекоа повторно дека не им се верува и дека немаат зборови со кои можат да ја опишат тагата и вчудоневиденоста која ја чуствуваат.
Другите чуда во сите цркви ширум Македонија секојдневно се случуваат, а народот се повеќе полемизира на оваа тема.
*црквата сакаше да остане анонимна, со цел да се заштити од срамот кој би настанал.
Тагови:
Вести,
Живот,
Кромид,
Маќедонија,
МПЦ,
Религија,
Скандалозно,
Тролололо,
Чудо
Subscribe to:
Posts (Atom)