Showing posts with label Мода. Show all posts
Showing posts with label Мода. Show all posts

December 13, 2012

Спремете се, утре доаѓа iPhone 5



November 11, 2012

March 27, 2012

За неговиот изглед се погрижи...

Генерален спонзор


March 22, 2012

Мк Win на месецот - #МедоЗаМис - @MedoDimoski

Честитки за едно многу успешно тролање на @MedoDimoski. Доколку сакате да ја дознаете целата приказна, почитајте го постот [Ретардација на денот] Мис Македонија Фејсбук. Гласањето продолжи, лепотиците се намножија, но ќе остане запаметено тоа дека Твитер заедницата реши да го прикаже идиотизмот на овој избор и го подржи Медо, кој пред дисфалификувањето беше на 15то место, засенувајќи 375 девојки кои молеа за лајк. Сетоа ова се случи за само неколку часа, со што се докажува моќта на социјалните мрежи, особено твитер каде целото гласање одеше на хаштагот #МедоЗаМис. За крај да се овековечи моментот со една фотографија.



March 8, 2012

МЕМЕ: Маријан во непријатни ситуации

Овие слики ги направив од поодамна, ама ете сега решив да ги објавам. Не е ништо лично поврзано со ликот и делото на човекот од фотографијата, туку едноставно сликата бараше вакво нешто :) Еве неколку непријатни ситуации во кои секој од нас се наоѓа некогаш.



February 3, 2012

Песни за оваа вечер

  • Како станаа овие песни популарни? 
  • Зашто е толку битно оваа вечер да биде најбоље? 
  • Што толку добро ќе се деси оваа вечер? 
  • Како тоа знаеш дека оваа вечер ќе ти биде најдобра? 
  • Што треба да се деси за да ти биде најдобра? 
  • Дали стварно некад ти била најдобра? 
  • Дали ги ислушаш песните ќе ти биде најдобра? 
Ова се само дел од прашањата кои не ми се јасни на тема “песна за оваа вечер“, кои ја преплавија музичката сцена во светски рамки. Најчесто песните се пеат во моментот кога знаеш дека најверојатно одиш негде вечерта, на ЈАКО, на журкање, на ПИЕЊЕ, на лудила онака, знаеш... И така почнува авантурата:
  1. Прво нормално се постира песната на фејсбук. Тука фрчат лајкови и коментари од типот “Вечер ќе се направиме дрва“, “Вечер ќе пијам за цел живот“, “girls night out“, “love my girls“. (најчесто песните ги ставаат девојки)
  2. После тоа почнува забавата во некоја локална или скопска кафана и за момент се заборава песната, па се прешалтува на турбофолк хитовите, освен кога се работи за кафуле каде нормално се врти песната 3-4 пати и се рока до крај уз пратечи вокали од гостите.
  3. После тоа доаѓа до кулминација, ти ја пуштаат песната у “Хавана“ и тука емоции фрштат на сите страни. Забавата е на високо ниво. Се дереш на ЦЕЛ ГЛАС!!!1!!!1!!! Веќе од шо си пијана неможеш да изговориш 2/3 збора, ама нема везе... Клатење накај надвор на цигара.
  4. Муабет: “Леле ми ја пуштаа песната цела вечер“. “Ми ја погодија песната“.
  5. Статус на ФБ: “Најбоље си поминавме!!!“ “Поздрав до моите цуцки“ “Не сум ич пијана, не“ “Веќе не пијам“ (нормално неизбежливиот, НАЈГЛУПИОТ можен муабет како ти веќе не пиеш, ама некој ти вика “да бе стално така викаш, и јас така викам па...“, и така без крај)
  6. Слика како се спремаш за искачање, пошто се друго се брише, такви фотки ни фотошоп не оправа.
А сега дел од песните, рандом поставени, нормално најголемо значење има Северина и комшиските:




November 27, 2006

Против носењето униформи во школите

Гледам у школо кај нас актуелна тема стана носењето на униформи. Ние сеуште не носиме униформи, па се вршеше демек изтражување (веќе е решено, ова само процедурално) дали учениците сакаат да носат униформи. Мора да признаам дека сепак беше добро организирано тоа, имаше родителска, консултации со родителите, потоа имаше и дебата која беше снимана и одеше на Ѕвон (МТВ 1). За жал потоа дознав дека на повеќето кои учествуваа во дебатата им било наметнато мислењето (не од професори), пошто имало повеќе за едната опција од него за другата па за да има рамнотежа. Затоа и дебатата изгуби на квалитет на мометни кога збореа тие кои имаа различен став од него тоа што го збореа.
Јас сум против униформите, од многу причини кои ќе ги наведам подоле во текстот. Тие што беа за носење униформи исфрлија некои тези кои не држат вода. Еве ги, со мој демант:

- Униформите ќе придонесат за намалување на разликите помеѓу учениците.
Ова е голема глупост. Под зборот униформи (кај нас) се подразбира само кошула и џемпер. Значи, фармерки, саат, капа, патики, чорапи и т.н. се по избор на ученикот. така да нема да се намалат никакви разлики. Ако некој има пари ќе стави околу врат ланче со дијаманти и ете ти разлика; некој ќе облече адидас патики од 10.000, ден., некој стартки од 1000 ден. па пак ќе има разлика. Еден џепер не мења ама баш ништо.

- Треба да се носат униформи за да нема повеќе голи стомаци и некултурно облекување.

Сте чуле ли бре луѓе за дрес-код? Секако дека учениците кои некултурно се облекуваат треба малку да се корегираат но не со униформи. Зашто да му наметнеш на некој да носи униформа, кога може да се донесе дрес-код каде ќе бидат напишани правилата на облекување и секој ќе мора да ги почитува. Кој нема да ги почитува нема да седи на час (исто ко што сакаат да направат со униформите).

- Треба да се носат униформи за школото да биде препознатливо по нешто.

Зарем неможе да се најде било што друго па мора да се разпознаваме по униформи? И на крај краева што има да се разпознаваме кој од кое школо е? Има милион попаметни работи по кои може школото да биде распознавано. Дека на пр. е добро у кошарка, фудбал, ватерполо, одбојка.. било што.

- Треба да носиме униформи за да можеме полесно да се привикнеме на костумите што ќе треба да ги носиме кога ќе станеме адвокати, судии, нотари...

Стварно не знам што да искоментирам на ова. Зарем до толку сме ретардирани и неспособни да ни требаат 4 години носење униформи за да се привикнеме на костум?

- Носењето на униформи е поекономично, затоа што не треба да трошиш пари за облека секој месец и не треба да мислиш што ќе облечеш утре.

Според ова, одкако ќе ги купиме кошулите и џемперите, од појас надоле ќе идеме голи у школо, пошто не треба да се купува облека ако имаш униформа. ТРЕБА! Треба да купиш фармерки, патики...

А не ли треба да мислиш кои фармерки ќе ги облечеш утре? А не ли треба да мислиш кои патики ќе ги облечеш утре?

Потоа следи фашозоидниот став: Секој ќе мора да носи униформи, кој нема да ги носи ќе седи надвор, и нема да биде приман на часови.

Искрено не ми се иде баш у школо, ама има на некои што им се иде и што нејќат да носат униформи. Едноставно не им стои униформата. Имаат свој стил на облекување кој е нормален. Зашто да им го убиеме стилот со некој џемпер и кошула?

И зашто баш сега најдоа да воведат униформи? Треба тие што се 1ва година, кога се запишувале да им било посочено дека во тоа школо се носи униформи, па доколку не сака да носи да оди во друго. Многу просто.

Можеби би прифатил униформи кога би биле целосни. Од глава до пети. По желба на учениците, да одговара на секого. Тоа е униформа, а не џемпер и кошула.

За крај да сумирам: Значи, никако носење на униформи, ниедна теза не држи вода. Решението за сите проблеми е дрес-код.

--------------------

текстот е посветен најмногу на љубителите на униформи

Текстот беше објавен во дневниот весник “Нова Македонија“.