- Како станаа овие песни популарни?
- Зашто е толку битно оваа вечер да биде најбоље?
- Што толку добро ќе се деси оваа вечер?
- Како тоа знаеш дека оваа вечер ќе ти биде најдобра?
- Што треба да се деси за да ти биде најдобра?
- Дали стварно некад ти била најдобра?
- Дали ги ислушаш песните ќе ти биде најдобра?
Ова се само дел од прашањата кои не ми се јасни на тема “песна за оваа вечер“, кои ја преплавија музичката сцена во светски рамки. Најчесто песните се пеат во моментот кога знаеш дека најверојатно одиш негде вечерта, на ЈАКО, на журкање, на ПИЕЊЕ, на лудила онака, знаеш... И така почнува авантурата:
- Прво нормално се постира песната на фејсбук. Тука фрчат лајкови и коментари од типот “Вечер ќе се направиме дрва“, “Вечер ќе пијам за цел живот“, “girls night out“, “love my girls“. (најчесто песните ги ставаат девојки)
- После тоа почнува забавата во некоја локална или скопска кафана и за момент се заборава песната, па се прешалтува на турбофолк хитовите, освен кога се работи за кафуле каде нормално се врти песната 3-4 пати и се рока до крај уз пратечи вокали од гостите.
- После тоа доаѓа до кулминација, ти ја пуштаат песната у “Хавана“ и тука емоции фрштат на сите страни. Забавата е на високо ниво. Се дереш на ЦЕЛ ГЛАС!!!1!!!1!!! Веќе од шо си пијана неможеш да изговориш 2/3 збора, ама нема везе... Клатење накај надвор на цигара.
- Муабет: “Леле ми ја пуштаа песната цела вечер“. “Ми ја погодија песната“.
- Статус на ФБ: “Најбоље си поминавме!!!“ “Поздрав до моите цуцки“ “Не сум ич пијана, не“ “Веќе не пијам“ (нормално неизбежливиот, НАЈГЛУПИОТ можен муабет како ти веќе не пиеш, ама некој ти вика “да бе стално така викаш, и јас така викам па...“, и така без крај)
- Слика како се спремаш за искачање, пошто се друго се брише, такви фотки ни фотошоп не оправа.
А сега дел од песните, рандом поставени, нормално најголемо значење има Северина и комшиските:
No comments:
Post a Comment