Showing posts with label Win. Show all posts
Showing posts with label Win. Show all posts

February 7, 2013

Голот на Ибраими во стилот на Меси



December 10, 2012

Туториал: Како до паметно чекирање!

Од кога 4square стана мега-хит кај корисниците на паметни телефони, фејсбук си воведе свој начин на чекирање (чекинување, тагнување, whatever) кој перфектно се вклопи во целата приказна. Немам одреден став дали е ова ОК или не, некад се чекирам, почесто не, а некогаш други ме чекираат (па и без прашање). Па така јас како самопрогласен експерт (како и сите други во Македонија) напишав еден мини-туторијал за чекирање, со неколку DO's (изводливи работи) и DON'Ts (неизводливи работи, глупи работи).


November 7, 2012

Големи цитати

Во последно време, ултра популарна стана веб страната bigquote.co каде може да најдете десеттина познати цитати од американски музички, филмски и политички ѕвезди. Со цел на поштување на нашите големи умови, почнувам со акција за зачувување на сите битни, интересни, забавни, големи, значајни, популарни и т.н. цитати, во соработка со вас.

Сега за сега има само 2, но објавава ќе се надополнува како што ќе бидат правени, а најдобро би било да одите на нашата фан страна, каде првенствено ќе бидат објавувани (во посебен албум).

Сите предлози може да ги дадете тука, на фејсбук или твитер.



June 25, 2012

Играчите според Панчев и Видевски

Веќе несомнено е дека дуото Златко Калински и Дарко Панчев е најдобро коментаторско дуо на ова ЕП. Секако тука и Зоран Видевски доаѓа како трет коментатор кој слободно би можел да им се приклучи велемајсторски како добар гол играч. Да видиме како изгледаат 99% од тимовите кога овие коментираат.



April 14, 2012

LD Пистолеро во потрага по продуцент

Легијата: Серијалот е во тек "LD во потрага по продуцент" : За почеток еве ви ги вокалите од „Супер Курви“ на LD Пистолеро 97.5 bmp или 195 bmp , зависи кој како работи. Зачи LD Пистолеро сними 3 карди за спот , но нема продуцент за траката, при што мораше да украде ритам од FUNKDOOBIEST (мислејки дека никој не ги слуша во Македонија) арно ама го провалија рап експертите. И сега ете ја замолува целокупната продуцентска јавност доколку би била солидарна, да му направи ремикс за спотот. Така да направете ремикс ставете го на youtube и шерувајте... Потоа видео материјалот ке се стави на направениот ремикс. За најдобриот ремикс кој кје се утврди според views, лајкови и оцена од стручно жири следува награда: 3 дена во Крани во луксузен хотел со 5 ѕвезди, П.П. - аранжман со поп дивата Бионсе. Шанса каде ќе може продуцентот да докаже дека е поголем маж од Јаy-Z.
Ова беше објавено вчера на фан страната на Легијата и за многу краток период предизвика интерес кај многумина македонски продуценти. Youtube е преполн со видеа од ремиксите кои ги имаат спремено тие, а секој нов е објавуван на фан страната. Кој ремикс ќе победи може да одлучите вие со гласање на фан страната на Легијата.



March 22, 2012

Мк Win на месецот - #МедоЗаМис - @MedoDimoski

Честитки за едно многу успешно тролање на @MedoDimoski. Доколку сакате да ја дознаете целата приказна, почитајте го постот [Ретардација на денот] Мис Македонија Фејсбук. Гласањето продолжи, лепотиците се намножија, но ќе остане запаметено тоа дека Твитер заедницата реши да го прикаже идиотизмот на овој избор и го подржи Медо, кој пред дисфалификувањето беше на 15то место, засенувајќи 375 девојки кои молеа за лајк. Сетоа ова се случи за само неколку часа, со што се докажува моќта на социјалните мрежи, особено твитер каде целото гласање одеше на хаштагот #МедоЗаМис. За крај да се овековечи моментот со една фотографија.



February 20, 2012

Во меѓувреме во Чаир. Единствената светла населба во Скопје

Општина Чаир и крена високо среден прст на рестрикцијата на струја, и никогаш во текот на бесмислената и бескорисната рестрикцијата не ги угасна светлата во паркот, кои се простираат ширум целата улица, па и покрај тоа што уличните светла се угаснати, Чаир е сепак светол како ден. Ако сакате да се видите, слободно дојдете во Чаир. Еве вака изгледа тоа во моментов:


Сепак не е се така црно. Поздрав со следната нумера која целосно ја одсликува сегашната ситуација во Скопје.


За крај порака до сите граѓани: Единственото светло кое ви е потребно во овој момент на благосостојба, е она кое доаѓа од милениумскиот КРСТ!