March 17, 2012

Топ 3 фраери во сообраќајот

Ќе зборам најмногу за Скопје, иако сигурен сум (а и имам приметено) вакви фраери и во другите градови и села.


1. Затемнати стакла

Прво да расчистиме, не мислам на фабрички затемнати стакла, туку на оние лепенки од 500+ денари кои се лепат на стаклата, ставајќи ги во вода. Не само што изгледаат крајно ружно со оглед на тоа што повеќето се сечат пошто се унирвезални, оставаат воздушни балончиња на средина на прозорот, секогаш се одлепени од краевите на прозорот, туку и се тотално нефункционални пошто не само што не те гледаат тебе од надвор туку ни ти не гледаш ништо надвор. Обично ги ставаат на сите прозори, дури и на шофершајбна, што е спротивно на законот за безбедност во сообраќајнот и патиштатата. Затемнувањето оди на скроз ново ниво кога со спреј се затемнуваат задните фарови па така и нивната функционалност е на 0, затоа што повеќе не светат, и нема шанси да видиш дали кочи или не ако не си на метар позади колата.

2. Неонки

Неонки под кола, неонки над кола, неонки од страна, неоки внатре, прави фарови и штоп светла. Исто така забранета модификација која многумина ја практикуваат за да бидат видени и доминантни во сообраќајот. Ова според мене е убедливо најлошата модификација што може да постои за еден автомобил. Неонките под кола се тотално непотребни, невкусни и тотално го ограничуваат движењето, со оглед на тоа што се кршат на качување на тротоар или сл. „височинка“. Сијалички или неонки внатре во колата, најчесто на вратата или на кровот ужасно смета на видот и ја намалува концентрацијата на возачот. Јас неможам да возам со оноа нормалното светло кога е упалено, а идиотот ставил рефлектор на врата да му свети во него. Плавите (и оние во др. боја) фарови се недозволени, и не само што автоматски стануваш таргет на сообраќајната полиција, туку и многу им сметаат на возачите од спротива.

3. Дрвени крстови, партиски знакчиња, шари, звучници, вуфери, офарбани бандажи, издуви

Огромен дрвен крст на ретровизор, најчесто со огромни размени. Некогаш и во комбинација со освежувач со логото на твојата партија. Ако овде се работи за (не)вкус, доаѓаме до лепење на логото на партијата на регистрацијата и повторно до противзаконско дело.
Потоа шари на автомобилот кои се тотално невкусни, од типот на огнови, трајболи и сл. во огромни размери, преку целиот автомобил. Секако, има голем број кои изгледаат феноменално и се навистина уметнички дела, но јас зборам за оние кои изгледаат како малиот син да земал четка за заби и да шљакал со водени боици по колата. Ужас невиден, кој најчесто не е ни дозволен, и колата не е регистрирана како таква, па во сообраќајната стои само 1 боја, а на колата има 60.
Со популализирањето на алуминиумските фелни кои се прилично скапи за наши услови и неможе секој да си ги приушти, дојде трендот на фарбање на бандажите. Раткапка е сељачки елемент, затоа фраерите ги вадат раткапните, ставаат огромен, широк бандаж и го фарбаат во некоја боја. Крајно кул ствар.
Голем издув наместо нормален ауспух е страшно лоша ствар. Кога сакаш ама баш секој во радиус од 700 метри да види дека поминуваш, стави си нов издув. Тој ќе бучи како ненормален (повторно забрането) и нема кој нема да се сврти да види кој поминал. А забораваме дека така потрошњата на колата се зголемува од 30% дури до 100%, но сепак овие автомобили се повеќе за гледање одколку за возење. 
За крај ги имаме озвучувањето кое станува неопходност за секој фраерски автомобил. Свучник кој ќе го пополни багажникот, и уште неколку кои ќе ја тресат колата, со жици кои „се скриени“ по подот, и сето тоа со CD player кој свети во 5-6 дречливи бои во склад со неонките. Музиката е најчесто радио „Зона ФМ“ или “Фолк Радио“, а пред пијанство опасен рап со максимум басови.


No comments:

Post a Comment