Showing posts with label Право. Show all posts
Showing posts with label Право. Show all posts

November 28, 2012

Латас, генератори, крадење... Еве ја мојата приказна

Деновиве полуларен е конфликтот помеѓу Time.mk и Латас (Сител, Вечер) за кој најдобро ќе дознаете читајќи тука. Латас вели дека делото на секој автор мора да се цени, почитува и дека никој друг не смее да профитира на туѓ грб, ако нема дозвола, одобрение од авоторот. Нема повеќе да се осврнувам на конкретниот спот, само сакам да ви ја раскажам мојата приказна.

Се започна на 15ти април, 2007та година кога прв пат беше објавен постот “Предлог: Нов дизајн на денарите“ (тука оригнал на Тепај Време). Овој пост стана ултра полуарен и за ден-два беше објавен на 4-5 портали (тогаш толку имаше :)), беше шеруван по форуми, МСН и т.н. Ова стана најпопуларниот пост на Тепај Време во неговата неколку годишна историја, иако многу други исто така беа превземани на разно-разни портали и сл. Нејсе, се беше супер, на многумина им се допадна и даваат предлози, бројот на банкноти се зголемуваше цело време.

Се додека Латас како уредник на Вечер не реши да го украде ова мое дело и да го објави на насловната страна на Вечер (издание кое излезе 2-3 дена откако беше објавен постот, слики подоле), и секако во статија внатре во весникот. Во статијата пишуваше „превземено од kajgana.com“ што е страшно и смешно во исто време, пошто кајгана имаше земено само дел од сликите и неколку пати јасно пиша чиви се, кој ги направил т.е. „превземено од tepajvreme.blog.com.mk“ (повеќе тука). Инаку, во тоа време блогот беше лиценциран под лиценцата на Creative Commons, како што е и сега овој, но тоа на Вечер ништо не сум значи, очигледно.

Стандардно како и секогаш, голотија и секс на насловна
Подршка тогаш изразија многу, многу луѓе (Волан, Вуна, Развигор, Рибаро, dr. Max, Кајмак.от, Бунка, Dark Lord,Ferrari F1, Kimi, dzam, Alkoholic, виолетова, Психолог, дарко156, буцкало, истокпорноезија...) на кои секогаш ќе сум им благодарен. (жал ми е ако некои линкови не работат, некои блогови се затворени, за жал).


June 13, 2012

Scumbag JJ



March 29, 2012

Данок за опасни крволочки домашни животни

[Кирилица] Владата подготвува закон со кој се планираат дополнителни давачки за сите газди на крволочни кучиња, на змии, на опасни влекачи и други егзотични животни. Проценките на државата се дека овие животни се опасни за безбедноста на луѓето.
Целта на овој закон е потенцијалниот сопственик да стане свесен дека ќе чува животно што може може да биде опасно за него и за околината.
     Ова е веста која беше топ вест насекаде вчера па и денес, за која многу се говореше, а сепак ништо не се кажа. Премногу (читај: сите) елементи на ова се нејасни, но сепак јас би почнал од почеток, а најмногу ќе се осврнам на според мене најбитниот дел, за опасноста на животните.


February 23, 2012

Што е АКТА? + БОНУС МЕМЕ

Одлично видео во кое јасно е објаснето што всушност е АКТА, и кој се би бил засегнат со нејзино потпишување. Одвоете мал дел од вашето време, за да разберете точно, што може да ни се случи ако го игнорираме овој проблем.