Showing posts with label Топ 10. Show all posts
Showing posts with label Топ 10. Show all posts

December 6, 2012

Луѓе од маало

Ова е текст за сите оние препознатливи личности кои ги има во (скоро) секое маало. Ликови кои ги знаете и среќавате секој ден, и читајќи го текстов ќе ги препознаете.

1. Бабата - радио Милева

Ова е таа баба која често се шуња у маало наваму-натаму, која фрла ѓубре повеќе од потребно, која збира лисја и кога нема. Ова е таа баба која на секој му вика добро утро/ден а ни најмалку не го посакува тоа. Бабата е жена која знае буквално сѐ за секого во твоето маало. Нејзе можеш да ја сретнеш во 5 сабајле и во 3 навечер. Никој незнае кога спие, секогаш е близу прозорот од кој гледа кога си стигнал дома, кој те донел, со што си дошол, дали си пијан, што носиш на тебе, како си облечен, од која врата си влегол, кај си ги соблекол чевлите.... Ова се сѐ небитни информации за тебе, но за неа создаваат 4 часовен муабет утре со „колешката“. Да, токму така, секоја ваква баба има своја колешка која не е толку успешна во испитувањето на стварите кои се случуваат околу неа, но е одличен соговорник.


November 5, 2012

8 луѓе што обожаваме да ги мразиме

Несомнено некои групи на луѓе некогаш безразлика на сѐ ги мразиме од дното на душата. Кога последен пат си видел фудбалски судија и си рекол: „е овој не е педер“ - НИКОГАШ! Истото важи и за многу други професии, карактеристики, групи на луѓе кои под дифолт ги мразиме. Еве некои од нив...

1. Сообраќаец - Нема теоретски шанси да не мразиш човек кој дреме на -20 додека паѓа снег, цели 5 саати само за да те казни за нешто. Немаш светло, жмигавци, појац, кацига, ланци, трокут, елече, штоп светло, возачка, сообраќајна, или пушиш цигара, можеби пијан си, збориш на телефон... листата е предолга, казните се многубројни и високи. А ако ништо од ова не си прекршил, тогаш сигурно (СИГУРНО!) си возел пребрзо.

Возевте над ограничувањето на брзината. Радар никад не лаже

Втора ситуација е кога ќе застане на раскрсница и изиграва семафор. Во овој моемент го мразиш пошто ги пушта сите други, само тебе не. И секогаш е така (факинг Марфи!). Во случај да дознаеш на крај дека треба некој делегат да помине па затоа не те пуштал, мржњата достигнува нови нивоа, над нормалното, што е проследено со пцости до владата и членови на одредени фамилии.


November 1, 2012

Проклета је Америка

Скоро и да нема некој на возраст од 18 до 25 години што не отиде во Америка летово. Наводно на работа со поголем акцент на „журкање“ шетање и упознавање на нови средини, овие млади луѓе преседоа 3-4 месеци преку големата бара (која благодарение на Сенди, сега е малку поголема). За тоа време дел од нив толку многу се американизираа, па состојбата по нивното враќање е малку чудна. Еве некои видови на американизирани Македонци кои ми одат на живци:

1. Животот трае од јуни до септември - Голем дел од овие луѓе после првото идење во Америка почнуваат да живеат само за догодина пак да отидат. Кога ќе се вратат во семптември тука влагаат во хибернација и се будат во јуни. На прашањето што работиш/учиш? ти кажува што работел во америка летово, а моментално „студира“ и е прва (4та година по ред), па така во моментов уствари си го држи. 

Што е бе бате, во Македонија нема ли МекДоналдс?


Топ 10 тапа твитерџии #соГлупХаштаг

Фејсбук фејловите беа први на пердашење, а сега преминуваме на една покреативна, подобра и позабавна социјална мрежа каде (за жал) има исто толку глупости како на фејсбук.


10. Гуштери - Нови твитерџии кои слушнале дека на твитер е журката, но никако да го најдат правиот начин да се приклучат во неа. Првите неколку твита се од прилика вака:
- Ај да видам и ова што е...
- Еве и јас твитам...
- ЗАШТО НИКОЈ НЕ МЕ СЛЕДИИИИ??
- Колку е тапа твитеров, бек ту фејсбук!


March 23, 2012

Топ 10 статуси што ме вадат од кожа

Просто кажано, 10те најодвратни, досадни, ужасно некреативни, лоши, грди, никакви статуси на facebook. Одиме со ред:

10. <3 | :* | :) | ;) - Ова статус е или што е? Демек сака да каже: Те сакам, те бацувам, се смеам, ти намигнувам. Ова креативно дело се постира од ѕид на ѕид (или тајмлајн по ново), најчесто помеѓу лица од женски пол, или пак од женско на машко (али поретко), кои што не се виделе одамна (скоро 21 час) и со ова праќачот сака да му даде на сознание на примачот дека мисли на него, дека го бацува, гушка и сл.


March 17, 2012

Топ 3 фраери во сообраќајот

Ќе зборам најмногу за Скопје, иако сигурен сум (а и имам приметено) вакви фраери и во другите градови и села.



March 16, 2012

Топ 10 евергрин ликови од македонската ТВ сцена

Ова е листа на луѓе кои веќе 20 или нешто помалку се присутни на ТВ екраните и оставиле каков-таков впечаток.

10. Натали Грубовиќ




February 26, 2012

Топ 10 мак рап песни кои секој ги знае

Како прво да разјаснам дека под “Топ“ не се мисли најдобри. Ова е само листа на песни, направена по мое сопствено убедување, на песни за кои мислам дека секој слушнал, небитно каков вид на музика слуша. Некои од нив влагаат во глава пошто се глупави, некои поради тоа што се предобри. Редниот број нема посебно значење.

10. Клан Исток - Рапери во криза