Многу ме изфрустрира, изреволтира и изнервира една вест која ја чув вчера. Имено биле запленети околу 30.000 пиратски цедиња. Јас сум страстен купувач на пиратерија и ги подржувам продавачите на тие цедиња. Зашто? Ко прво да не беа тие цедиња ќе останевме глупи и неписмени а и продажбата на тие цедиња им е единствен извор на средства за преживување т.е. прехранување на своето семејство. Како можат да го смеаат овој злочин за успех? Работава ми изгледа „ако неможеш по магарето удри по самарот“! Терористи седат у собрание, криминалци се шетаат по улици, дилери на секој чекор а тие за пиратерија се фатиле. Браво, кај ви текна! И тоа пред избори... е баш да видам дали некој од продавачиве ќе гласа за нив. Ова е само мачкање на очи колку да се види дека се спроведуваат законите (еднаш во 3 години). Законот веднаш да се укине!
Објаснувањето на владата зашто бил донесен законот е затоа што државата била во голема загуба (леле солзи ми потекоа...) а исто и авторите (пеачите, режисерите и т.н.). Демек државата не ја бива од пиратерија, а кога таа ќе ја снема економијата ќе расцути. А сега не е во загуба? Продавачите со парите кои ги заработуваа на (за жал) нелегален начин едвај успеваа да платат сметки за струја, вода ова-она... сега кога нема да ги платат државата нема да загуби ништо? Се повеќе социјалци, стечајци, технолошки вишоци и т.н. А пеачите да беа толку добри, место да издава бедни цедиња од по 7-8 песни (од нив 4 ремикси) ќе правеа концерти на секој 5-6 месеци и по некоја турнеја. Песните да бидат оставени слобдно да се download-ираат од интернет и се ќе биде ок. А што да зборам за филмовите. До пред месец дена немавме асално кино у градов, и секој филм каснеше минимум 2 месеци. И за крај како може да биде пиратерија ако јас му снимам некое цеде на БумБар? Се гледа дека предлагачот на законот нека никаков контакт со PC и е информатички неписмен!
ДА ЖИВЕЕ ПИРАТЕРИЈАТА!!!
Текстот беше објавен во неделникот “Неделно Време“.
No comments:
Post a Comment