February 3, 2012

Во Чаир подготвен терентот за првите припреми за зимска олимпијада

Иако ненајавено, Чаир е веќе подготвен за припреми за сите спортови од зимските олимписки игри. Снегот кој падна вчера на светскиот ден на хомосексуалците првин им направи мали проблеми на Чаирчани (и оние кои минуваат низ оваа населба) но подоцна кога се виде дека надлежните органи за чистење на снегот, немаат никаква намера да го исчистат истиот или да фрлат сол, Чаирчани ги оставија своите возила во гаража и решија да останат дома. Градоначалникот на Чаир, И.М. по прашање на една новинарка: “Дали мислите да превземете нешто околу снегот, зошто не е фрлен снег на улиците?“ одговори со: “Ја незнам...“

Во моментот се одвива првиот тренинг по Триатлон, каде најголем проблем беше да се најдат скии, додека за оружје помогнаа комшиите, кој колку можеше, колку што се најде дома. Следна дисциплина, ќе биде боб санкање. Главните тренинзи се вршат на улиците “Цветан Димов“, “Христијан Тодоровски - Карпош“ и “Џон Кенеди“, додека пак увежбавање се врши на споредните улици. Како што може да се види по сликите, теренот е чист, нема сообраќај, и е погоден за непречено одвивање на тренинзите. Тоа може да се види и по сликите.








No comments:

Post a Comment